Нова година - нов/а јас! Но овој пат навистина 🙂
Новата година е идеална за нови почетоци! Почеток на поздрави навики, подобар изглед и конечно подобро здравје!
2023-та може да биде годината кога ќе ги смените своите навики, кога ќе почнете редовно да пешачите и ќе си ставите ред. 2023-тата може да биде годината на одамна изгубената, а посакувана идеална тежина.
Само променети навики може да ве ослободат од вечни диети, да ве ослободат од јојо-ефекти и од психолошкиот товар кој ги придружува нив. Нема друго решение за овие проблеми ОСВЕН постепена и трајна ПРОМЕНА НА НАВИКИ.
Но, менувањето на навиките не е едноставен процес. Зафатени со обврски дома и на работа, во трка со времето и уморот, денес човек има време за се’ освен за себе си. Со еден збор, од преголема зафатеност, се запуштуваме себе си и никако да дојдеме „на дневен ред”.
Новата година е моментот за тоа да се смени 🙂
Заедно е полесно!
Погледнете ги подолу сведоштвата и искуствата на членовите од поранешните групи:
Некои ослабеа 5, а некои дури и 25 килограми за период од шест месеци! Тогаш дефинитивно ја сфатив моќта на групните програми. Групната програма ја црпи силата на заедништвото и создава дух на поддршка.
Истиот резултат ни се потврдуваше и во наредните групи, како ,,Пролетно Будење” и ,,Проект Јас”. Во овие групни програми учество земаат луѓе од повеќе различни генерации. Само некои од нивните искуства можете да погледнете низ фотографиите.
Прескокнување на предизвикот наречен празници
Но, за да почне успешно годината на трансформацијата, мора да се прескокне предизвикот наречен празници. Речиси и да не постои некој меѓу нас што не донел одлука за почеток на поздрав живот со почетокот на новата година. Сепак, празничните прејадувања, кафаните и особено пакетчињата (!) кои мораат да се ,,дојадат” – ни го уништувале секој обид.
За кого е наменета оваа програма и како функционира?
Новогодишната програма е наменета за оние што сакаат:
да стават ред во навиките
да ослабат на здрав начин
да започнат со пешачење ако досега биле пасивни
Едноставно кажано: За активни луѓе, кои сакаат на структуриран начин да ги сменат своите навики, да работата на себе си, да се посветат на себе си со цел да го оптимизираат своето здравје!
Групната програма не е наменета за пациенти со повеќе дијагнози, за пациентите со инсулинска терапија за дијабет, за екстремно покачена телесна тежина итн. Кај овие пациенти потребен е индивидуален пристап и следење. За нив ги препорачуваме нашите индивидуални програми.
За успех со навиките треба:
Одлука
Правилен пристап
Поддршка
Групните програми ги нудат овие точки на систематизиран начин, посебно последната точка. Особено се корисни за луѓето на кои им треба секојдневна помош во борбата со килограмите, со навиките, со стариот ,,Јас”.
Во периодот од 5 недели, членовите на групата добиваат:
Конкретни опции за исхраната – брзли, лесни и едноставни
Подкаст за пешачење – секојдневна поддршка и мотивација кога треба!
Мотивациски предавања
Постојана можност за директно поставување на прашања и интеракција
Едноставни и брзи здрави рецепти, сосема типични за нашето поднебје за оние што немаат време, но и гурмански, Медитерански за љубителите на готвењето. Посебни совети како да се однесуваме во празничните периоди и да ги избегнеме прејадувањата.
Совети за создавање на трајна навика за пешачење – пристап до посебен поткаст ,,Прошетки со Д-р Митов”. Редовни мои live вклучувања само за членовите од групата низ кои ќе се обидеме да се мотивираме за создавање и задржување на здравите навики. Можеби ќе се изненадите, но само 5 недели се доволни за трајно создавање на овие навики.
Од 16-ти декември ќе можете да се зачлените во Новогодишната програма!
ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ОВАА УНИКАТНА ПОНУДА КОЈА ТРАЕ ДО 25.12.22!






























Цените на нашите индивидуални програми се 3000 денари. Групните програми овојпат ќе бидат по новогодишни цени од 1990 денари!
За членовите на оваа група предвидени се и попусти на сите наши продукти од 20%, како и 30% попуст ако се одлучите или некому препорачате индивидуална програма.
Плаќањето може да се изврши и преку жиро сметка.
Податоци ЦЛМ Феникс, Струмица
СМЕТКА: 210-071-581-220-108 НЛБ Тутунска Банка
Цел на дознака: Новогодишна програма
Износ: 1990ден.