fbpx

Омега-3 масни киселини – што можат да направат за нашето здравје, а што не?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кaко еден од главните макронутриенти, мастите имаат незаменлива и централна улога во нашата исхрана. Нажалост, со текот на годините околу нив се појави одредена стигма, со што кон мастите се гледа како кон нешто негативно, нездраво и нешто што треба да се избегнува. Но, реалноста е дека мастите се неопходни за функцијата на нашиот организам и за одржувањето на нашето здравје. Особено во тој поглед се прочуени омега-3 масните киселини. На овој тип масти се препишуваат низа на својства, ефекти и придобивки, па токму затоа во денешната статија ќе продискутираме кои од нив се реални и научно издржани, а кои се само обичен мит.

Што претставуваат омега – 3 масните киселини?

Пред да ги погледнеме нивните потенцијални корисни ефекти за нашето здравје, најпрвин накратко да објасниме што претставуваат омега-3 масните киселини. Веќе добро знаеме дека мастите се делат на заситени и незаситени. Постојано слушаме дека заситените масти треба што помалку да се внесуваат и дека истите може да имаат негативен ефект врз здравјето. Од друга страна, внесот на незаситените масти се охрабрува и препорачува. Тоа се должи главно поради самата структура на мастите, односно поради градбата на нивните молекули. Незаситените масти имаат неправилна, прекршена форма и поради тоа имаат и различен ефект во нашиот организам. Омега – 3 масните киселини се една градбена единка на незаситените масти. Во нивната структура тие се прикачуваат за да формираат поголеми молекули (триглицериди), но сепак допринесуваат значајно за својствата на овој тип масти. Инаку, тие всушност претставуваат есенцијален нутриент – односно нутриент кој нашето тело не може да го создаде самостојно и мора да се внесе преку исхраната

Постојат повеќе видови на омега – 3 масни киселини, но најчесто застапените се:

"“Online”/
  • EPA – омега – 3 масна киселина која е заслужна за создавање на соединенија под името еикосаноиди (сигнални молекули)
  • DHA – заслужна за нормално функционирање на мозокот и е застапена како 8% од масата на мозкот
  • АHA – омега – 3 масна киселина која придонесува за здравјето на срцето, нервниот и имуниот систем

Како добар извор на омега-3 масни киселини се сметаат:

  • рибата (особено помасните типови риба како лосос, туна, сардини и сл.) и морските плодови
  • јаткастите плодови и семките (особено оревите, чиа семето и лененото семе)
  • растителните масла – маслиново, ленено и др.

Кои се главните здравствени придобивки кои се асоцираат со омега – 3 масните киселини?

Како што веќе споменавме, здравствените препораки секогаш го охрабруваат внесот на овие здрави масти преку секојдневната исхрана. Тие биле тема на долгогодишни и бројни истражувања, па поради тоа нивните ефекти се добро познати.

  • Анти-воспалителен ефект: можеби едно од најдобро познатите и проучени својства на омега-3 масните киселини е токму анти-инфламаторното. Бројни студии покажуваат дека ваквото својство ги прави овие масти корисни за намалување и контролирање на воспалителните процеси во организмот и намалување на инфламаторните маркери. Ваквото менаџирање на хроничната инфламација може да помогне при намалувањето на ризикот при срцеви заболувања, карцином, прекумерна тежина и сл. Всушност, омега-3 масните киселини се сметаат за едни од најмоќните анти-инфламаторни липиди. Покрај тоа, тие имаат и антиоксидативно дејство, па може да допринесат и кон намален оксидативен стрес во организмот.
  • Го намалуваат и контролираат холестеролот: овој тип здрави масти имаат докажано позитивно дејство врз „лошиот“ LDL холестерол – со што го намалуваат неговото ниво. Тие исто така имаат позитивно влијание и на „добриот“ HDL холестерол, со што всушност допринесуваат за подобро менаџирање на вкупното ниво на холестерол. Една студија покажала дека внесот на DHA киселината како суплемент, довела до намалување на вкупното нивото на холестерол, го зголемила нивото на добриот холестерол, но и го намалила нивото на триглицеридите.
  • Влијаат позитивно на кардиоваскуларното здравје: преку позитивниот ефект на нивото на холестерол, триглицериди и крвен притисок – омега-3 масните киселини директно го зачувуваат и подобруваат кардиоваскуларното здравје. Некои истражувања покажуваат дека и суплементирањето со овие масни киселини може да има значително корисен ефект, а некои сметаат дека ризикот за кардиоваскуларни проблеми се намалува и за дури 25%.

Кои здравствени придобивки им се лажно препишани на омега-3 масните киселини?

Омега-3 масните киселини имаат широк спектар на позитивни ефекти, но сепак постојат одредени верувања за нив кои едноставно не се точни.

  • Тие не можат со сигурност да спречат појава на кардиоваскуларни заболувања кои може да резултираат со смрт. Омега-3 масните киселини може да помогнат со намалување на другите ризик фактори (холестерол, притисок, триглицериди) кои го зголемуваат ризикот за кардиоваскуларни заболувања. Но, тие не можат целосно да го елиминираат ризикот за срцев или мозочен удар.
  • Не претставуваат третман или превенција за појава на дијабет, но може да имаат други индиректни позитивни ефекти за дијабетичарите.
  • Не спречуваат згрутчување на крвта.

  • Немаат анти-канцерогени својства, но може до одредена мера да имаат позитивно дејство кај лицата кои се справуваат со рак.

Како и секој нутриент, омега-3 масните киселини нудат низа на придобивки, но сепак тие не се семоќни. Затоа постојано ја нагласуваме важноста од разновидна исхрана, со што се зголемува внесот на секакви различни нутриенти.

Fibro Gel

Омега-3 масните киселини се исклучително здрав и моќен нутриент, кој притоа е есенцијален и мора да се внесува што е можно почесто. Затоа, не заборавајте ги изворите на храна во кои можете да ги најдете како дел на здравите масти – риба, јатки, растителни масла, морски плодови, семки и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор