fbpx

Остра краткотрајна болка во задникот – ПРОКТАЛГИЈА фугакс – како да ја разликувате од други состојби?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Кратката (од неколку секунди до 1 минута), но остра болка во ректалниот предел (анусот) може да биде причинета од состојбата наречена прокталгија фугакс. Ова често гастроинтестинално нарушување може да ги погоди сите возрасни лица, но најчесто е кај жените.

Ако имате вакви остри болки во анусот кои се повторуваат, треба да се консултирате со вашиот лекар. Сепак, прокталгија фугакс вообичаено не е состојба која треба да ви создаде премногу грижи.


Причините за ваквите болки не мора да укажуваат на прокталгија фугакс


Синдромот наречен леватор ани е сличен со просталгија фугакс. Овој синдром предизвикува грчеви на долните карлични мускули. Типично, ова е причинето од некаква повреда во околината на карлицата, торзото или грбот.

"“Online”/

Други причини кои можат да доведат до слични симптоми, односно остра болка во пределот на анусот:

дијареа
• констипација (запек)
• фунгални инфекции
• улцеративен колитис
• оштетувања или мали пукнатини на аналното ткиво
• анален апцес, инфекција на аналниот отвор или неговата околина


Што предизвикува прокталгија фугакс?

Иако сé уште не е целосно јасно што ја предизвикува оваа состојба, причината за острата болка се смета дека главно е предизвикана од две причини.

Fibro Gel

Првата се грчевите кои се јавуваат во мускулите на долниот дел од карлицата, во околината на ректумот или на аналниот сфингтер.

Постојат исто така индикации дека компресијата или притисокот на гениталниот примарен нерв (пудендален нерв) може да предизвика прокталгија фугакс.

Кај поголемиот дел од луѓето со прокталгија фугакс, нападите на остра болка се доста нередовни и се случуваат неколку пати во текот на годината, но кај други можат да се појавуваат и почесто. Се смета дека со оваа состојба се соочуваат од 5 -20% од населението, а најчеста е кај луѓето помеѓу 30 и 60 години.

Иако многу често прокталгијата се јавува без ,,предупредување”, таа може да има и доста поттикнувачи, како на пример:

◦ сексуална активност
стрес
запек
менструација
склеротерапија кај хемороиди
вагинална хистероктомија


Дијагностицирање

Бидејќи симптомите се типични и за други состојби, како дијареа, апцеси, фисури, хемороиди итн, потребно е тие да се исклучат, пред да се дијагностицира прокталгија фугакс.

Дијагностицирањето вклучува докторски преглед на гениталниот регион, а исто така може да се предложи тестирање на крвта и ендоскопски тест, за да се прегледа ткивото на дебелото црево.

Значи, во поголемиот дел од случаите тестирањата не можат специфично да потврдат присуство на прокталгија фугакс, туку исклучуваат повеќе посериозни нарушувања со слични симптоми и на тој начин дијагностицираат прокталгија фугакс.

Што можеме да направиме за да си помогнеме за намалување на непријатните симптоми?

Прокталгијата не предизвикува некакви трајни оштетувања, но е силно болна. Затоа третирањето се фокусира токму на олеснување на острите болки.

Постојат одредени медикаменти кои можат да помогнат во релаксирањето на болките, односно релаксирање на аналниот мускул и што е поважно- спречување на понатамошни грчеви на аналните мускули, кои се главна причина за појава на острите болки. Овде спаѓаат:

дилтиазем, лек за контролирање на крвниот притисок
• нитроглицерин маст, лек за олеснување на болката
• нервни блокатори
• мускулни релаксатори

Главниот проблем кај ваквата состојба е тоа што симптомите, односно острата болка се појавува најчесто без никакво предупредување, што значи обично се задоцнува со третманот. Така, поголемиот број од пациентите со оваа мака не употребуваат медикаменти, туку оставаат кратката остра болка самата да помине.

Сепак, постојат повеќе начини сами да си помогнете во домашни услови, за превенција од појавување на симптомите, но и нивно олеснување:

◦ Здрава исхрана, богата со пробиотици и растителни влакна (суплементи исто така) – консумирањето вака храна (најчесто свежи овошки и зеленчук) овозможува здрава дигестија и добра цревна перилстатика, односно движење на цревата. Ова помага во истегнувањето на цревните мускули и намалување на веројатноста за појава на грчеви.

◦ Вежби за мускулите на карлицата кои самите можеме да ги движиме – ако овие мускули страдаат од грчеви, постојат специјални вежби со кои можеме да си помогнеме.

◦ Топла бања – топлата бања може значително да ни помогне во релаксирањето на аналниот сфингтер, но и намалувањето на грчевите во повеќето мускули кои можат да водат до симптомите на прокталгија фугакс.

◦ Храна богата со калиум – според некои податоци, прокгалгијата е поврзана со недостатокот од калиум. Така, јадењето храна богата со калиум, може да биде од помош (банани, суво грозје, авокадо итн). Суплементите исто така се опција, секако во консултација со лекарот.

◦ Техники на релаксација – како што рековме, стресот може да биде ,,тригер” за појавата на непријатните симптоми на остра болка. Така, избирањето на некаква техника за справување со стресот – вежби за дишење, јога или било што друго што може на вас лично да делува смирувачки, односно да го контролира хроничниот стрес.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X

Витални
пензионери

12 неделна групна програма за здрав и активен живот за пензионери

990 ден.