fbpx

Пастрмка на пареа – РЕЦЕПТ!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Релевантни здравствени институции препорачуваат јадење риба 2 пати неделно. Зошто рибата во умерени количества се смета за здрава храна?

Без разлика на тоа за која риба конкретно се работи, рибите се добар извор на нутриенти кои често недостасуваат помеѓу населението. Такви хранливи материи се на пример омега 3 масните киселини, Д витаминот, витаминот Б12, одредени минерали како што се железото, селенот итн.

[Поврзано: Витамин Д – Клучот за над 4000 клеточни процеси!
Сè што треба да знаете за Витамин Б12
Значење на омега 3 масните киселини ]

"“Online”/

Покрај ова, рибите се особено добар избор на квалитетни протеини (протеини кои се составени  од сите есенцијални аминокиселини, односно аминокиселини кои телото не може самото да ги продуцира), без притоа да имаат многу калории и превисоки концентрации на заситени масни киселини, како што е тоа случај со другите месни продукти.

Заради овие причини рибата има низа корисни дејства врз нашиот организам – стимулира подобар вид, подобро здравје на тироидната жлезда, мозокот, срцето, ја контролира телесната тежина, спречува анемии, превенира коскени и кожни заболувања итн.

[Поврзано: Туна – највкусната и една од најздравите риби, но во кои количини?
Лосос – за што е корисна оваа риба]

Fibro Gel

Затоа, денес ќе ви предложиме вкусна комбинација, односно рецепт за риба подготвен на здрав начин.

Пастрмка на пареа

За овој рецепт ќе ви бидат потребни:

• 2 филети пастрмка (или друга бела риба)
• 1 краставица (исечкана по должината, заедно со лушпата)
• 1 голема главица кромид (исечкан по желба)
• половина чашка корнишони (исечкани на ленти по должината)
• 2 поголеми лажици таан
• 2 супени лажици сенф
• 2 лажици балсамико оцет
• половина чаша бело вино
• копар
• 2 претходно сварени компири со средна големина
• сол и бибер
• оригано
• маслиново масло (5 супени лажици)

Начин на подготовка


1. Подгответе тава за дистување и во неа додајте го маслиновото масло и белото вино. Откако смесата ќе се загрее, додадете ги исечканиот кромид, парчињата краставица и корнишоните. По неколку минутното крчкање, додадете ги филетите риба врз оваа смеса и заклопете ја тавата. Од сосот ќе се создаде пареа која ќе ја свари рибата.

2. Динстувајте околу 10-тина минути. По овој период, варењето завршете го со 1-2 минути преливање на рибата со сосот во кој се варела.

3. Додека рибата се подготвува, во помало садче подгответе го сосот од таан и Dijon. Измешајте ги добро со лажичка, додавајќи ¼ чаша вода, 2 лажици балсамико оцет и оригано (може и други зачини по вкус, на пример сумак).

4. Сервирајте го јадењето и послужете со варените компири и сос од таан и Dijon.

Овој рецепт прави 2 порции. Ако сакате да направите ручек за 4 лица, дуплирајте ги количините.

Нутритивна вредност:
(на една порција)

Калории: 550 Јаглехидрати: 51g од кои растителни влакна: 8g и шеќери: 8g;  Протеини: 24g; Масти: 24g од кои заситени масти: 3,5g и омега 3 масни киселини:1,1g; Витамин A: 270IU; Витамин K: 36mg; Витамин Д: 275IU; Витамин Б12: 4,7μg; Витамин Б6: 0,8mg;  Бакар: 0.7mg; Железо: 4mg; Калиум: 1300mg; Манган: 1,5mg; Селен: 18μg

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X