fbpx

ПИВСКИ или НУТРИТИВЕН квасец – кој е подобар? И дали е точно дека дебелее?

tonus

Квасците одиграле значајна улога во развојот на човекот низ историјата, односно во неговата исхрана. Tие се клучна состојка за добивање на различните видови леб, основата на човековата исхрана, но и за други намирници, како пивото на пример.

Во последно време актуелно е консумирањето на т.н. нутритивен или на пивски квасец. Што всушност претставуваат овие квасци, каков е нивниот состав, дали новата практика на нивно консумирање во различните рецепти и суплементирањето е добра, дали имаат корисни дејства на организмот и дали се можни некакви ризици?

Во продолжение дознајте ги одговорите на овие прашања, па и нешто плус.

"“Online”/

Дали нутритивен квасец е исто што и пивски/пекарски квасец?


Сите три споменати квасци припаѓаат на истиот вид – Saccharomyces cerevisiae. Пивскиот квасец е добиен како ,,страничен” или нуспроизвод при продукцијата на пиво. По процесот на производство, квасецот се собира, пастеризира и деактивира.

Нутритивниот квасец пак, како што рековме припаѓа на истиот род и вид квасци, но тој не се добива како бипродукт на производството на пиво. Тој се одгледува или култивира на специјални подлоги, составени главно од пченка, ориз или некој друг тип на житарки.

Иако може да се каже дека станува збор за една иста работа, сепак пивскиот квасец е со киселкаст вкус, додека нутритивниот има вкус налик масните млечни продукти и кремаста текстура. Присутни се и некои разлики во хранливоста.

Заради вкусовите и хранливите особини нутритивниот квасец се користи од оние што избегнуваат животински продукти и тоа како еден вид на прелив, пармезан за тестенини итн.

Нутритивен состав

Кога станува збор за хранливиот состав, тој е сличен без разлика како е добиен квасецот.


Разликата е значајна само во тоа што пивскиот квасец е нешто подобар извор на минерали, но од друга страна нутртивниот квасец најчесто е збогатен и со витамин Б12 и фолна киселина (Б9).

Saccharomyces cerevisiae е извор на:

• хром
• протеини
(добар извор на есенцијални аминокиселини, односно градбени едицини за протеините кои телото не може самото да ги продуцира)
селен
• калиум
железо
• цинк
• магнезиум
растителни влакна

Исто така, тој е особено богат извор на витамините од Б групата:

тиамин (Б1)
• рибофлавин (Б2)
• ниацин (Б-3)
• пантотенска киселина (Б5)
• пиридоксин (Б6)
• биотин (Б7)
• фолна киселина (Б9)

Ова е особено значајно за метаболизмот на макронутриентите, но Б витамините имаат и низа други функции за кои можете да прочитате во една од претходните статии.

Здравствени бенефити од пивскиот и нутритивен квасец

Суплементирачкиот пивски и нутритивниот квасец немаат добиено дозвола од соодветните здравствени институции за нивно користење како лекови. Но, сè повеќе расте бројот на истражувања околу нивниот здравствен бенефит, па да видиме што велат оние студии кои се досега излезени.

1) S. cerevisiae е добар за дигестивно здравје

S. cerevisiae може да придонесе за дигестивното здравје преку:

поддршката за корисната микрофлора и прочитувањето на ,,лошата” бактериска микрофлора
• превенирање од налепувањето на фунгалните токсини и патогените бактерии на внатрешната површина од тенкото црево
• намалување на воспалителните процеси
• борбата со некои инфекции

Повеќето од овие ефекти се должат на пробиотскиот состав на квасецот, односно присутните бета-глукани, олигосахариди, како и нуклеотиди.

Според некои студии, пивскиот квасец може да придонесе за подобар исход од инфекцијата со одредени патогени кои предизвикуваат дијареа. Сепак, кај дијареата повеќе се употребува и клинички е докажан еден друг вид на Saccharomyces, наречен S. boulardii.

2) Може да помогне во контролирањето на состојбата со дијабет тип 2

Пивскиот квасец природно е богат со глукозно интолерантен фактор(ГИФ), супстанца која содржи биолошко активна форма на хром.

Според некои студии ГИФ може да ги намали нивоата на шеќер и да го подобри липидниот профил, односно да ги намали триглицеридите и ,,лошиот” LDL холестерол, а да го зголеми нивото на ,,добриот” HDL холестерол.

Дополнително, според некои анимални студии, покажано е и негово превентивно дејство на одредени бубрежни и очни заболувања.

Се смета дека ГИФ ги покажува овие својства дејствувајќи на подобрената активност на инсулинот, што овозможува полесно негово поврзување во клетките.

Досегашните резултати од студиите се охрабрувачки, но потребни се дополнителни студии на тематиката.

3) Подобрени енергетски нивоа, расположение и когнитивна функција

S. cerevisiae е природен извор на нуклеотиди(NAD-никотинамид аденин динуклеотид; никотиамид рибозид итн) што може да придонесе за превенција од невродегенеративни заболувања(Алцхајмер), за подобрување на физичката издржливост кај спортистите, но и да влијае на опоравувањето по напорните тренинзи.

Пациентите со синдром на хроничен замор обично имаат недостаток од низа микронутриенти, што може дополнително да им ги влоши симптомите. Неколку студии покажуваат податоци според кои суплементирањето со нутритивен квасец може да биде корисно во справуањето со хроничниот замор и подобрување на когнитивната функција кај овие пациенти.

Како плус на ова, високата содржина на Б витамини, но и литиум придонесува за регулирањето на расположението и подобрените енергетски нивоа.

4) Кардиоваскуларно здравје

Суплементирањето со нутритивен квасец може да делува позитивно врз здравјето на срцето. Се смета дека ова пред сé се должи на нутритивниот состав, односно бета-глуканите, ниацинот, нуклеотидите и ГИФ.

Веќе споменавме дека во некои студии овој квасец покажал подобрувачко дејство на вкупниот липиден профил. Но, исто така според некои истражувања, поради богатата содржина на минералите (калиум, калциум и магнезум), но и поради делувањето на специфични ензими кои се поврзуваат со контролирањето на крвниот притисок, S. cerevisiae може да делува и на намалување на високиот крвен притисок.

Знаеме дека хипертензијата е помеѓу главните ризик-фактори за кардиоваскуларни заболувања, срцев, мозочен удар итн.

5) Имуностимулирачко дејство

Бета-глуканите на S. cerevisiae можат да го активираат имуниот систем.

Тие ја подобруваат функцијата на главните имуни клетки, вклчително макрофагите, неутрофилите и клетките ,,убијци”, односно Т-клетките.

Тоа го прават преку врзувањето за одредени рецептори на имуните клетки, при што предизвикуваат низа корисни имуни одговори(на пример, продукција на цитокини, протеини со антивоспалително дејство).

Сепак, не сите бета-глукани имаат еднакво имуностимулирачко дејство. Оние со потекло од овој квасец е утврдено дека најдобро го активнираат имуниот систем. Според низа на истражувања, тие покажале:

◦ намалена тендеција од заразување со патогени од секаков вид (вируси, бактерии, фгунги итн)

◦ намалување на алергиските симптоми

◦ намалување на зачестеноста на инфекциите по операциите

◦ намалена хронична инфламација, особено кај артритис

◦ намален раст на туморните ткива во анималните студии

◦ зголемена регенеративна моќ на белите крвни клетки по изложеност на радијација, кај анималните истражувања

Некои други пронајдени корисни дејства на S. cerevisiae:


Здрава бременост – пред сé поради големата концентрација на витаминот Б9.

Може да помогне за подобар слух – ова дејство е покажано во некои анимални истражување, а се смета дека е поради присуството на никотинамид рибозид.

Корисно дејство при процесот на слабеење – главно поради протеинскиот состав, растителни влакна и ниска калориска вредност.

Можни негативни ефекти


S. cerevisiae
  генерално се смета за безбеден за краткорочна употреба. Кај некои луѓе може да предизвика главоболки, стомачна болка и гасови, но сепак тоа се поретки случаи. Овој квасец веројатно треба да го избегнуваат одредени групи на луѓе, помеѓу кои:

• луѓе со алергија на квасци
луѓе кои користат терапија за дијабет
пациенти со улцеративен колитис и Кронова болест
поединци со компромитиран имунитет


Кратки совети за употреба и дозирање

Пивскиот квасец е достапен во таблетки и во форма на прашок. Таблетите генерално се од 250 – 1000mg. Не постои утврдена оптимална доза, но на почетокот треба да почнете со помали количини, па постепено да ги зголемувате. Производителите препорачуваат максимум 2 лажички дневно. Прашокот најчесто се користи растворен во вода. Поради киселкастиот вкус, многумина го преферираат пивскиот квасец и во смути напитоци или сокови.

Нутритивниот квасец има одлична текстура и вкус, па може да се користи во различни јадења, на пример:

– како прелив на паста
– рижото
– прелив за пуканки
– различни рецепти за вегански сирења и сосови
– чорби и супи
– во комбинација со печени јатки

Тој претставува деактивирана форма на S. cerevisiae  кој е полн со витамини, минерали и макронутриенти.

Во поголеми дози, може да предизвика исфрлање по кожата на лицето, болки во стомакот, но и силни главоболки поради содржината на тирамин. За да се избегнат овие несакани ефекти, употребувајте го во умерени количини.

И да одговориме – КВАСЕЦОТ не дебелее 🙂

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор