fbpx

Пикантна леќа на марокански начин, а состојките ги има и кај нас

tonus

Леќата може да се подготвува на навистина многу различни начини. Денес избравме еден уникатен, марокански начин, но со состојки кои лесно можат да се најдат и кај нас.

Леќата според својата нутритивна вредност може слободно да се смета за супер-храна.

Таа е помеѓу најбогатите извори на протеини од растителна извор, богата е и со растителни влакна, но и со низа други микронутритивни компоненти како железо, Б витамини итн. Дополнително, моќните антиоксиданти на зачините кои се употребуваат, го прават денешниов рецепт идеален предолг за здрав оброк.

"“Online”/

Рецептот особено ќе ви се допадне ако сакате леќа и налутникава храна.

Пикантна леќа на марокански начин

Рецептот кој трае околу половина час, најпрво започнува со готвење на леќата. Додека таа се готви, го подготвуваме сосот.

За да подготвиме сос со одличен вкус, но и текстура најдобро е да кориситиме блендер. Но доколку немате, може да употребите и метален толчник.

За подготовка на леќата ќе ви бидат потребни:


• 2 чаши вода (околу половина литар)
• 1 чаша зелена леќа (може и црвена, но таа е попогодна за чорби, бидејќи лесно се вари и распаѓа. Секако, можете да употребувате и веќе зготвена леќа за рецептот)

Водата треба добро да зоврие, потоа додадете ја чашата леќа и намалете ја температурата. Нема потреба да го затворате садот. Подоцна можете да додаете зачини по желба, но не со пресилен вкус кој потоа ќе ги ,,преклопи” вкусот на сосот. Готвењето би требало да трае околу 20тина минути (за црвената леќа многу пократко). За да се уверите дека е според вашиот вкус, пробајте ја пред да ја тргнете од ринглата.

Кога е веќе подготвена, убаво исцедете ја и ставете ја во чинија.

 

За подготовка на сосот ќе ви бидат потребни:

 

• 3 главички лук (убаво излупен)
• ½ главица црвен кромид (или една главичка помал кромид)
• 1 поголема свежа црвена пиперка (или две помали)
• 2 поголеми лажици доматно пире
• ½ кафена лажичка сол
• ½ кафена лажичка куркума
• ½ кафена лажичка коријандер
• ½ кафена лажичка ѓумбир
• ½ чили зачин
• ½ поголема лажица јаболков оцет
• магдонос по желба

Како што споменавме, за најдобра конзистенција на сосот најдобро е да користите блендер. Ставете ги сите споменати намирници и зачини во блендерот и миксирајте додека целосно не се соединат. Пробајте од содржината и додадете по желба дополнително од доматното пире или некој од зачините. Оние кои сакаат полуто може да додадат дополнително од чилито. За подобрување на вкусот можете да додадете и сосема малку мед или јаворов сируп.

Со вака добиениот сос, прелијте ја убаво сварената леќа.

Пикантната мароканска леќа можете да ја јадете во комбинација со различни салати, интегрален ориз, но добра е и во комбинација само со потпечено интегрално лепче.

Нутритивна вредност на пикантната мароканска леќа (едно сервирање)

• 147kcal
• 27g јаглехидрати
• 9,2g протеини
• 0,6g масти

Дополнително, содржи и низа на витамини, минерали, антиоксиданти и дури 11g растителни влакна.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор