fbpx

Плодноста и животниот стил

tonus

Kога јадеме нездрава храна, кога не сме активни и пушиме – очекуваме да видиме негативно влијание врз нашето целокупно здравје. Но, малку зачудувачки, некако не очекуваме истото да влијае и врз нашата плодност. Си мислиме дека нашата плодност е константна, дека или сме плодни или не. Сепак, не е така.

Како ги третираме нашите тела и како го водиме нашиот животен стил  може да има драматично влијание врз нашата плодност. И, доколку не постои некоја биолошка позадина, едноставните промени во нашиот животен стил можат да ја подобрат плодноста и кај мажите и кај жените.

Измените во начинот на живеење се нешто што можете да го направите заедно со својот партнер. Одење на прошетка заедно неколку пати неделно е добра вежба и време посветено на вас двајцата. Можете да се поддржувате меѓусебно и да носите поздрави одлуки за животниот стил и да се мотивирате еден со друг.

"“Online”/

Без разлика дали по природен пат или преку ин-витро фертилизација (ИВФ), животниот стил и исхраната ја зголемува веројатноста за успех.

   Телесна тежина

                    Дебелината (БМИ над 30) ја намалува плодноста на жената, ја зголемува можноста за спонтан абортус, и што е најважно, ја зголемува можноста за предвремено раѓање со сите негови придружни ризици за потомството. Колку е повисок БМИ, толку повеќе се изразуваат овие проблеми и затоа се препорачува губење на тежината пред да се направи обид за зачнување, особено ако вашиот БМИ е над 35. Вежбањето има позитивни ефекти кај жените кои се обидуваат да забременат (Palomba, et al.). Во оваа студија, шансата за успех со ИВФ била зголемена над три пати, дури и без губење на тежината, само со вежбање! Со брза прошетка за 30 минути и само 200 помалку калории секој ден –  ќе изгубите 15 килограми годишно. Вишокот на телесна тежина, исто така, придонесува за сексуална дисфункција кај двата пола, но особено кај машкиот партнер. Дебелината кај машкиот партнер го намалува квалитетот на спермата. Ефектите не се големи, но дури и само еден оплоден ембрион помалку може да биде токму оној што би се имплантирал. Ниската телесна тежина, исто така, може да предизвика неплодност со запирање на овулацијата и менструалните периоди.

Физичка активност

Умерено вежбање ја зголемува и машката (Vaamonte, 2012) и женската плодност (Wise, 2012). Умерена физичка активност (на пример, брза прошетка) 30 минути дневно, неколку денови во неделата е моменталната препорака за сите возрасни и ова ниво е добро и за плодноста. Две студии укажуваат дека повеќе од 3-5 часа енергични вежби неделно кај женскиот партнер може да ја намали плодноста (Morris, 2006; Wise, 2012), па оттука и овие упатства. Умерена или дури и интензивна физичка активност кај мажите ја зајакнува еректилната функција и помага да се спречи пад на таа функција со стареењето. Само возењето велосипед или трчање маратон има негативни ефекти врз спермата.

Исхрана и плодноста

Неодамнешните студии сугерираат дека соодветната исхрана ја подобрува плодноста кај двата партнера, односно помалку црвено месо и заситени масти, повеќе овошје и зеленчук (Vjukovic, 2010, Twigt, 2012 ,Gaskins, 2012). Транс масти треба да се избегнуваат во целост (Chavarro, 2011) на пример, крофни, дански колачи, помфрит и пржена храна воопшто. Студиите укажуваат на антиоксиданти, мононезаситени масti и омега-3 како фактори кои се вклучени во овие бенефиции и поради тоа се дискутираат во детали подолу.   Антиоксиданси: Оксидативниот стрес се зголемува и нивото на антиоксиданти во спермата се намалува со возраста, а фрагментацијата на сперматозоидите на спермата се зголемува со стареењето на мажите (Schmid, 2007, Tirado, 2009, Quant, 2009). Мажите со намален квалитет на спермата имаат значително помало внесување на антиоксиданси преку исхраната (Mediola, 2010). Антиоксидансите ја подобруваат подвижноста на спермата и се покажало дека оксидативниот стрес е зголемен кај спермата на мажи чии сперматозоиди не се движат добро и ја зголемуваат фрагментацијата на нивната ДНК (Shamsi, 2009). Омега-3 масни киселини: Омега-3, како и антиоксиданти, го зголемуваат протокот на крв со зголемување на супстанција наречена азотен оксид. Протокот на крв е многу важен за одговор на јајниците на стимулација (Jadaon, 2012), а протокот на крв околу зрелото јајце е во корелација со подобрување на квалитетот на јајцето и ембрионот (Lozano, 2007). Протокот на крв веројатно е исто така многу важен за функцијата на тестисите. Во една студија, два агенти за кои е познато дека го зголемуваат азотен оксид, го зголемиле бројот на сперматозоидите и мотилитетот, како и нивото на циркулирање на тестостеронот. Омега-3 исто така се важни во составот на мембраните на спермата. Во различни неодамнешни студии, внесот на риби (Afeiche, 2014) и омега-3 се поврзани со подобрување на квалитетот на спермата (Chavarro, 2009, Safarinejad, 2011, Attaman, 2012).

Пушење

Пушењето кај жените ја намалува шансата за успех за 50% (Hughes, 1994) и го зголемува ризикот од спонтан абортус. Апсурдно е една жена да не престане да пуши пред третманот за плодноста, особено со ИВФ. Чадот од втората рака предизвикува слично намалување на шансите за бременост (Neal, 2005), а исто така ја намалува резервата кај јајниците. Менопаузата се јавува четири години порано кај жените кои пушат. Ефектот на пушењето се среќава и кај примателите на дарители на јајца (Soares, 2007) што покажува дека пушењето, исто така, влијае на способноста на матката да ја поддржи имплантацијата. Пушењето од машки партнер го намалува успехот со ИВФ (Zitzmann, 2003), го намалува квалитетот на спермата и ја зголемува фрагментацијата на ДНК.

Суплементи и плодност

Постои долга низа на суплементи кои може да помогнат и кај мажите, и кај жените. На тестисите и јајниците им треба добро снабдување со крв, што носи повеќе хранливи материи, кислород и хормони, така што нивните функции можат да бидат подобрени. На пример, кај мажите, два вида на суплементи се знае дека го зголемуваат азотен оксид, а со тоа и протокот на крв, го зголемуваат нивото на тестостерон во крвотокот и значително го подобруваат волуменот на спермата, бројот на сперматозоидите, подвижноста на спермата и морфологијата на спермата. Тестостеронот во рамките на тестисите е важен стимулатор за нормално производство на сперма. Кај жените, протокот на крв во јајниците е во корелација со бројот на јајца кои се развиваат кога јајниците се стимулираат, како и квалитетот на јајцето. Така, можноста за иницијација на бременоста е во корелација со снабдувањето со крв околу структурата која го содржи јајцето. Специфичниот режим кој ја подобрил функцијата на тестисите бил комбинација од 3 грама дневно на L-аргинин и 80 mg пикногенол. L-цитрулин во доза од 2 грама дневно ги зголемува циркулирачките нивоа на L-аргинин повеќе отколку 3 грама L-аргинин и затоа треба да има ист или поголем ефект, бидејќи исто така дејствува како интрацелуларен извор на L-аргинин. Овие два суплементи го зголемуваат производството на азотен оксид, со што се зголемува протокот на крвта со релаксирање на артериите кои ги снабдуваат хранливите материи, кислородот и хормоните со тестисите.

Поединечни препораки можете да добиете од Д-р Митов, во рамките на неговата Програма за зголемување на фертилноста. Консултација можете да закажете преку веб страната на Д-р Митов.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор