fbpx

Повторувачки УРИНАРНИ инфекции – превенцијата е клучот!

tonus

Ако сте ја немале среќата да бидете дел од малцинството жени кои никогаш не искусиле уринарна инфекција, сигурно ви се познати нејзините типични, непријатни симптоми: ургентна потреба за уринирање која се повторува (притоа се излачува многу малку урина), заматена урина, која може да има сменета боја и силно непријатен мирис, потоа болки и печење при мокрење, болки во подолните делови од стомакот, замор и премаленост, па некогаш и покачена телесна температура. 

[Поврзано: БОЈАТА на урината кажува многу за вашето здравје!]

 

Уринарниот тракт претставува еден фид телесен филтер за исфрлање на вишокот течности. Поради уникатната женска анатомија на уринарниот тракт, жените се поподложни на бактериски инфекции во тој дел од телото.

"“Online”/

Најмалку 50% од жените барем еднаш во животот ќе искусат некаква уринарна инфекција , а за жал дури кај 30% од нив, таа ќе се повтори во наредните 6 месеци. Иако најголемиот дел од повторувачките уринарни инфекции (ПУИ) не треба посебно да ве загрижат, сепак тие знаат да бидат пропратени од доста нерпијатни симптоми, што може негативно да влијае на она што се подразбира под квалитет на живот.

Ако е за некаква утеха, експертите специјалисти-инфектолози велат дека најголемиот дел од ваквите инфекции не се случуваат ,,по вина” на жената, односно не се јавуваат поради лошо спроведувана лична хигиена или правење на некакви несакани постапки.

 

Зошто уринарните инфекции се толку чести кај женската популација?


ПУИ инфекции најчесто се предизвикани од бактериите Escherichia coli, вид бактерии кои се дел од природната цревна микрофлора. Ако овие бактерии доспеат од дебелото црево, преку ректумот, до вагиналниот отвор, се зголемува ризикот од нивно навлегување во уретрата (мочниот канал), односно цевчето кое ја изнесува урината од мочниот меур. На тој начин, можни се инфекции на мочниот меур. Доколку ваквите инфекции не се третираат соодветно, се зголемува ризикот од инфицирање и на горниот дел од уринарниот тракт, односно бубрезите. Инфекциите во горниот дел од уринарниот тракт се доста поопасни и покрај претходно споменатите, се манифестираат и преку следните симптоми:

• болки во долниот дел на грбот
• гадење и повраќање
• настинки

Ризик-фактори за уринарни инфекции

 

Ризик-факторите за ПУИ се менуваат во зависност од возраста. Пред менопаузата, најголемиот ризик-фактор се сексуалните однос и употребата на хемиски презервативи. Се смета дека сексуалниот однос го зголемува бројот на бактериите во мочниот меур, па заради овие причини гинеколозите често советуваат уринирање после односите. Хемиските средства кои служат како презервативи, можат да ја нарушат природната микрофлора на вагината, правејќи ,,пат” за штетните бактерии кои можат да создадат уринарни инфекции, како споменатата E. coli.

 

По менопаузата, доаѓа до промени кои ги прават жените поподложни на ПУИ – доаѓа до силни промени во хормоните, до природно намалување на корисните бактерии од вагиналната микрофлора, мочниот меур е помалку флексибилен, па потешко се празни целосно итн.

Важно е да се напомене е дека генетскиот фактор може да го зголеми ризикот од ПУИ кај жените од сите возрасти. Други ризик-фактори за сите жени:

камчиња во бубрезите
жочни камчиња
• нарушена анатомија или поставеност на уринарниот тракт

 

Дијагностицирање


Дијагноситицирањето на уринарните инфекции најчесто и најефикасно се прави преку лабораториски проверки на урината. Бројот на бактериите и белите крвни клетки (леукоцитите) во примерокот од урината е основот според кои се воспоставува дијагнозата.

Ако имате ПУИ, постојат и брзи тестови за брзо утврдување на уринарна инфекција, во домашни услови. Тестот се состои од дипстик кој ја менува бојата ако имате уринарна инфекција. Овие тестови функционираат преку утврдување на присуството на нитрити во урината. Урината природно содржи нитрати, кои доколку има бактериската активност, преминуваат во нитрити, што го предизвикува менувањето на бојата на тестот.

Третирање

Лекарите вообичаено ги третираат хроничните уринарни инфекции со различни типови антибиотици. Иако најчесто антибиотската терапија трае 7 дена, неретко се препорачуваат мали дози антибиотска терапија, на подолг рок, па дури и нивно превентивно земање, после сексот или по првичните најмали симптоми.

 

[Поврзано: Зошто антибиотиците се земаат ИСКЛУЧИВО по препорака на лекар?]

 

Сепак, превенцијата е клучна за справување со повторувачките уринарни инфекции. Превенцијата подразбира:

 

  • Најважниот дел од она што значи превенција е секако редовното одржување на добра лична хигиена – бришете се соодветно (од напред кон назад) по уринирањето, често мијте го просторот помеѓу ректумот и вагината, а особено пред и по сексуалниот однос.

 

 

  • Целосно и неодложно уринирање – никогаш не го одложувајте одењето во тоалет при потреба за уринирање! Тоа е најдобрата природна заштита од ПУИ. Целосното празнење на мочниот меур е исто така доста важно.

 

  • Мокрење пред, но и веднаш по сексуалниот однос

 

 

  • Земање витамин Ц – ја закиселува урината, со што се оневозможува растот на штетните бактерии во уринарниот тракт.

 

  • Консумирање повеќе бобеста храна, како брусница – покрај тоа што е особено богат извор на витаминот Ц, оваа бобеста овошка претставува и најбогатиот растителен извор на специфичните фитохемикалии, познати како тип А проантоцијанидини или кондензирани танини. Низа на истражувања покажуваат дека овие материи превенираат од инфекциите со Е.coli, па затоа брусницата е потенцијална превентивна мерка за оние кои имаат чести проблеми со уринарните инфекции.

Проантоцијанидините во голема мера се уништуваат со процесирањето на брусницата, па затоа најдобро е да се јаде свежата или сушена брусница.

  • Избегнување на многу тесна долна облека и фармерки

 

  • Избегнување на сексуални односи кога се присутни и најмали симптоми

 

  • Намалување на времето за туширање и туширање со потопла вода

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор