fbpx

Постојано ве измачува потребата за грицки доцна навечер? 5 едноставни совети за справување

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Ако ве измачува лошата навика за ,,грицкање” доцна навечер или постојано го посетувате фрижидерот после вечерата, пред да побарате некакво трајно решение, најпрво треба да се запрашате зошто тоа ви се случува.

Покачувањето на килограмите не е единствениот проблемот на оваа навика. Ако често јадете доцна навечер, можни се и проблеми со варењето и појава на киселини, што од друга страна значително влијае на квалитетот на сонот.

 

[Поврзано: Зошто оброците доцна НАВЕЧЕР влијаат лошо на телесната тежина?; 3 конкретни причини зошто јадењето непосредно ПРЕД спиење не е добра идеја]

"“Online”/

Две најчести причини или предизвикувачи на оваа навика

  • Емотивно јадење – Дали често ви се случува да грицкате додека гледате телевизија или ,,скролате” на вашиот мобилен? Најчестите причини за ова се стресот, заморот, досадата кои најмногу доаѓаат до израз навечер. Ваквиот тип на јадење, популарно наречен ,,емотивно јадење”, поседува потенцијал да премине во лоша навика, која битно го зголемува ризикот од покачување на телесна тежина.

[Поврзано: Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што да направите за да го спречите тоа?]

 

  • Грицкање доцна навечер поради објективно чувство на глад – ако ве измачува навиката за грицкање доцна навечер, покрај тоа што треба да се запрашате дали сте под стрес, треба да обрнете внимание на вашата исхрана во целина. Дали јадете доволно? Дали внесувате доволно од сите неопходни хранливи материи? Прескокнувате ли оброци?

 

Имајќи ги предвид претходно наведените најчести причини, во продолжение даваме 5 кратки и едноставни совети како да си помогнете за менување на лошата навика за јадење доцна навечер:

 

1.Обидете се да најдете траен начин за справување со хроничниот стрес

 

Кога сме под постојан стрес, организмот го излачува т.н. стресен хормон кортизол, кој делува на нашиот апетит. Според искуствата, тоа е всушност и една од најчестите причини за прејадување доцна во ноќта, што во огромна мера го зголемува ризикот од гојазност.

Кратки совети за контролирање на стресот кој води кон гојазност:

  • Препознајте ги симптомите на стресот.

 

  • Пред да седнете да јадете, прашајте се зошто всушност јадете.
  • Кога чувствувате потреба за храна, а свесни сте дека телото не е гладно, обидете се да најдете некаква дистракција од ситуацијата.
  • Обрнете малку повеќе внимание на биоритамот – шемата на спиење и јадење, увидете каде грешите.
  • Немојте да ја дочекувате на нож помошта која се обидуваат да ви ја дадат најблиските. Тие ви мислат најдобро.
  • На крајот, многу важно, доколку чувствувате потреба, побарајте стручна помош. И психолошките состојби се болест и нема ништо страшно и срамно во тоа што токму вас ве погодиле, тоа воопшто не значи дека сте слаба личност.

[Поврзано: Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ?]

 

2.Прошетајте

Ако досадата е главната причина која ,,ве води” кон кујната после вечерата, излегувањето на прошетка или некаков друг вид на дистракција може да биде од голема помош. Прошетките, особено ако станат навика, ќе ви понудат и низа на други бенефити за организмот. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Дополнително, физичката активност ќе ви помогне и во справувањето со стресот, кој го наведовме како еден од најважните фактори кога станува збор за прејадувањата.

 

3.Имајте здрава исхрана и јадете доволно за вечера

Сите сме свесни дека претерувањето со храна навечер е лошо, но вечерата е важен оброк, особено кога станува збор за контролирањето на телесната тежина.

Важно е вечерата да биде најмалку 3 часа пред самото легнување, да е составена од произовиди кои нема да ви го отежнат варењето и да не биде обилна и висококалорична.

 

Едно истражување од оваа година, објавено во Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism, заклучува дека јадењето на поголемиот дел од калориите во текот на денот, а помалото внесување храна навечер, води кон зголемена потрошувачка на калории.

[Поврзано: 3 интересни идеи за лесна, вкусна и ЗДРАВА вечера!]

Но, сето ова е нерелевантно доколку останете гладни после вечерата, што ќе ве води кон емотивните прејадувања.

Запаметете дека не е важна само количината, туку и квалитетот на храната. Затоа, јадете доволно во текот на денот, но имајте и хранлива вечера која ќе ве засити, односно вечера богата со фибер, протеини и сложени јаглехидрати.

4. Спијте доволно!

Кога не спиеме доволно и квалитетно, тоа неминовно се одразува и на нашето здравје. Еден од ефектите е оној врз апетитот.

Недостатокот од сон, го зголемува нивото на хормонот грелин, наречен уште и хормон на гладот. Од друга страна, нарушениот сон го намалува нивото на летинот, хормонот на ситоста.

Дополнително на сето ова, навиките за спиење влијаат и врз нивоата на претходно споменатиот хормон на стресот кортизол. Како спиењето влијае на килограмите, прочитајте во една од нашите претохдни статии:

Врската помеѓу СПИЕЊЕТО и телесната тежина.

 5. Понекогаш дозволете си да каснете и после вечерата

Строгите рестрикции некогаш знаат да бидат голем проблем кој ви влијае на одржливоста на здравите навики. Всушност, строгите ограничувања се еден од главните проблеми кои го градат лошиот пристап на диетите.

Како што претходно рековме, некогаш гладот после вечерата може да биде и вистински (секако, ако се чувствува секојдневно, треба да го најдете изворот на проблемот). Дозоволете си да каснете без чувство на вина. Секако, со внимавање на количината. На пример тоа можат да бидат некои здрави грицки.

[Поврзано: 10-те најздрави грицки!]

Подобро е свесно да јадете со контрола, отколку несвесно и без контрола. Дополнително, кога знаете дека нешто не ви е ,,забрането”, тогаш многу поретко и ќе посегнувате по него.

[Поврзано: Првиот и најлесниот чекор во слабеењето – јадете ПОБАВНО!]


Некои дополнителни кратки совети:

 

  • Обидете се да се храните здраво и да јадете повеќе свежа храна, богата со нутриенти, а сиромашна со калории.
  • Обидете се да бидете што повеќе физички активни. И малата активност значи многу ако е постојана! Не морате да пропешачите или истрчате повеќе километри, почнете полека но бидете конзистентни.
  • Пијте доволно вода! – истражувањата покажуваа дека луѓето исклучително често го ,,помешуваат” чувство за жед со она за глад. Така, секогаш кога навечер се чувствувате премногу гладни, напијте се вода, можеби гладта ќе исчезне.
  • Утврдете која храна ви е ,,искушението” – повеќето луѓе имаат омилена храна за која и самите се свесни дека не е добра за нив. Препознавањето може да помогне да не правиме ,,резерви” од неа во домот.

Поврзани теми:

Fibro Gel

 

Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X