fbpx

ПРАЗ – почнува сезоната! НЕ СМЕЕ да се пропушти од здравата храна!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Празот припаѓа кон истата фамилија зеленчуци со младиот кромид, кромидот и лукот. Сите овие намирници се широко пристуни во нашата кујна. Затоа, треба да ги задржиме навиките често да ги употребуваме, а ако сме ја загубиле таквата навика да ја вратиме.

Во продолжение ќе видиме неколку многу важни, научно потврдени факти кои ќе ни покажат зошто празот треба да е често присутен на трпезата.

1) Празот содржи низа на корисни хранливи состојки

Празот, како и повеќето зеленчуци, се смета за храна со висока ,,нутритивна густина”. Тоа значи дека има многу ниска енергетска вредност или калории, а има од друга страна навистина високо ниво на микронутриенти (витамини и минерали).

"“Online”/

Во само 100g подготвен праз има само 30 калории и во исто време високи концентрации на провитамин А, витамин К и манган. Во помали концентрации присутни се и растителни влакна, бакар, витамин В6, железо и витамин В9.

Провитаминот А во организмот се трансформира во витамин А и игра важна улога кај видот, имунитетот, репродукцијата и клеточната комуникација.
Витаминот К има важна улога во правилното згрутчување на крвта при повреди и во зачувувањето на здравјето на коските.
Манганот пак, може на пример да помогне во одржувањето на правилен менструален циклус и да ја помогне правилната работа на тироидната жлезда.

2) Може да го намали хроничнато воспаление и да го подобри здравјето на срцето

Ваквото позитивно дејство на празот се должи на неговите антиоксидативните компоненти, во најголем дел полифенолни и сулфурни соединенија. Антиоксидантите се борат со оксидативните процеси во организмот предизвикани од слободните радикали. Ваквите процеси можат да доведат до различни оштетувања на клетките, што предизвикува хронична инфламација, а таа пак води кон различни хронични заболувања кои се всушност и најчестите заболувања на денешницата (дијабет, кардиоваскуларни заболувања, канцер итн.).

Празот е добар извор на кампферол и полифенолни антиоксиданти кои според истражувањата се сметаат за успешни во превентивата од кардиоваскуларни заболувања, но дури и во превентивата од разој на некои типови канцери.

Исто така, празот го содржи алицинот, истата корисна сулфурна компонента која му дава антимикробни својства на лукот и потенцијал да може да го намалува нивото на холестерол. Некои студии укажуваат и на корисни дејства на алицинот во борбата со ракот.

3) Празот може да биде паметен избор на менито кога сакаме да ја намалиме телесната тежина

Ова својство се должи на она што го споменавме погоре: ,,нутритивната густина”. Тоа значи дека празот има исклучително ниска калориска, а во исто време исклучително висока хранлива вредност. Богат е со низа од микронутриенти.

Покрај ниската калориска вредност, важни во процесот на слабеење се други две компоненти кои ги има во празот. Водата и растителните влакна. Тие можат да го намалат чувството на глад, да поттикнат чувство на ситост и да помогнат на природен начин да јадеме помалку.

Растворливите растителни влакна од празот формираат еден тип на гел во цревниот систем и на тој начин влијаат позитивно во намалувањето на чувството на глад и апетит.

4) Може да ја подобри дигестијата

Празот може да помогне за подобрена дигестија. Ова е случај поради тоа што празот е извор на растителни влакна кои делуваат како храна за корисната цревна микрофлора.

Корисните бактерии од цревната микрофлора потоа продуцираат кратко-верижни масни киселини како ацетат, пропионат и бутарат. Сите овие можат да придонесат за намалување на инфламаторните процеси и подобрување на општото здравје на дигестивниот тракт.

5) Може да го намали нивото на шеќер во крвта

Празот ова дејство може да го помогне преку два механизми.

Првиот е преку сулфурната компонента алицин, која според една научна студија може да помогне во намалувањето на нивото на глукоза во крвта. Другиот начин е преку присутните растителни влакна кои го промовираат постепеното испуштање на глукозата во крвните садови.

6) Празот може да помогне во одржувањето на здравјето на мозокот и во борбата со инфекциите

Една студија се занимавала со проучување на алицинот и другите сулфурни компоненти кои имаат антиоксидативни својства, а се присутни во празот и некои други зеленчуци. Резултатите, помеѓу останатото, покажале и дека ваквите компоненти имаат позитивно влијание во заштитата на мозокот од заболувања кои се поврзани со староста.

Fibro Gel

Друга пак студија, правена на животни, укажува дека кампферолот кој е присутен во празот има моќно антибактериско и антивирално дејство.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X