fbpx

Првут – причини за појава и можни начини да си помогнете!

tonus

Ако постојано ве мачат прблеми со првутот, дефинитивно не сте единствени. Според едно истражување објавено во Indian Journal of Dermatology, речиси секој човек некогаш во животот се соочува со овој проблем.

Првутот може да биде навистина здодевен, да ја намали самодовербата, но да предизвика и доста непријатно чешање.

Во продолжение, што е првутот, зошто се појавува и неколку совети за справување со него.

"“Online”/

Што е првут?

Првутот е состојба предизвикана од воспаление на скалпот. Оваа инфламација предизвикува црвенило и ронење на кожата околу влакната, проследено (не секогаш) со непријатно чешање.

Но, што го поттикнува ова воспаление? Колонизирањето или преголемото размножување на квасецот наречен Malassezia е една од најверојатните виновници. Квасците од овие видови растат добро на средина која постојано продуцира маснотии, како што е пределот на кожата со многу влакна. Иако споменатите квасци се дел од природната микрофлора на кожата, кај одредени луѓе и во одредени ситуации, нивното присуство води кон инфламација – причината заради која се рони кожното ткиво околу скалпот.

За среќа, првутот може успешно  да се третира, а за достапните начини нешто подолу во текстот.

11 причини кои го предизвикуваат или влошуваат првутот

Иако точните причини за појавата на првутот сè уште не можеме со сигурност да ги кажеме, сигурни сме дека повеќе фактори можат да го зголемат ризикот од првут или да го забрзаат неговото појавување. Според претходно споменатото истражување од Индија, ранливиот и сензитивен скалп и квасците Malassezia се веројатно првиот фактор за појавувањето на првутот, но како ризик-фактори се јавуваат и:

• Сува кожа
• Одредени невролошки заболувања, како
Паркинсон
• Габични инфекции
• Контактен дерматитис
– воспаление на кожата кое е поттикнато од контакт со одреден алерген – некои козметички средства, прашина, боја за коса итн. Воспаленијата водат кон црвенило, чешање и ронење на кожата.
• Себороичен дерматитис – една од најчестите причини за првут
• Пол – мажите имаат поголем ризик од првут, а тоа се препишува главно на хормонските разлики. Сепак, експертите велат дека ова е можно и заради тоа што мажите најчесто имаат пократка коса, па кај нив првутот и повеќе се забележува (и помалиот проблем е позабележлив), и му се обрнува повеќе внимание. Дополнително, жените имаат погуст скалп. Ќелавите луѓе не страдаат од овој проблем, што води кон заклучок дека косата е неопходна за развој на фунгалните колонии кои водат кон првут.
• Возраст – иако најчесто се појавува на помлада возраст, сепак првутот може да биде проблем и кај повозрасните.
Изложеност на сонце  – предолгата изложеност на силното сонце може да го зголеми ризикот од појава на првут, но сепак, умерената изложеност може да го има токму спротивното дејство.
Многу често туширање и претерано користење на козметички средства за косата – водат кон воспаление на скалпот.
• Недоволно одржување на хигиената – нередовното миење на косата со соодветен шампон за вас, може да ги зголеми маснотиите околу скалпот. Маснотиите можат да бидат и храна за штетните квасци кои водат кон инфламација на скалпот и следствно, кон првутот. Сепак, најчестите причини за првут се сосема други.
• Стрес
– хроничниот стрес влијае лошо на целокупното здравје, па така и на имуниот систем, што може да води кон првутот и да ја влоши состојбата при првут.


Како да го третираме првутот?

Покрај тоа што треба да бидеме свесни за претходно наведените ризик-факторите кои се во наша контрола (пример контролирање на стресот, одржување на хигиената, умерено користење на козметички средства за косата итн.), постојат и повеќе други начини како можеме да си помогнеме при оваа непријатна состојба.

Низ интеренет просторот постојат различни реклами за најразлични анти-првут производи кои ,,засекогаш” ќе го решат вашиот проблем, но треба да знаете дека во решавањето на проблемот со првутот и не постои некое универално решение. Затоа, треба да се обидете со различни препарати и да видите кој вам најмногу ви одговара.

Анти-првутните шампони на почетокот користете ги почесто (еднаш дневно или на 2 дена), а потоа кога првутот ќе се стави ,,под контрола”, не го употребувајте повеќе од 2-3 пати неделно.

Предност треба да им дадете на шампоните кои во својот состав содржат есенцијално масло од чајно дрво, компоненти со антифунгално и/или антибактериско дејство, како на пример цинк пиритион, салицилна киселина итн.

Дополнително, како самите можете да си помогнете во врска со првутот:
(внимавајте со количините и зачестеноста!)

Јаболков оцет – антимикробен ефект
Есенцијални масла од билки со висока чистина: од нане, лаванда, темјан, оригано, чајно дрво итн. – антивоспалително и антимикробно дејство
Кокосово масло – содржи масни киселини со силно антимикробно дејство
▫ Сода бикарбона
– високо базна средина, антимикробно дејство
▫ Алое вера гелови
▫ Избегнувајте шеќери и препроцесирана масла во исхраната

Пијте доволно вода – за да може и кожата да биде соодветно хидрирана
Најдете начин да се справувате со стресот
Избегнувајте шампони кои ги содржат следниве хемикали: натриум лаурет, лаурил сулфат, парабени
▫ J
адете повеќе храна богата со омега 3 масни киселини и пробиотска храна

Доколку сте се обиделе со сето претходно наведено и повторно имате проблем, посетете дерматолог. Секако, ако мислите дека има потреба, посетете лекар во било кое време.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор