fbpx

Превенција од канцер – Колку е значајна исхраната?

tonus

Физиолошките процеси кои водат кон малигни заболувања се особено комплексни, па затоа овој тип на болести во голема мера сè уште претставува енигма за научниот свет. Иако не може да се зборува за лек, за различните облици на канцер постојат различни третмани со помал или поголем процент на ефикасност.

Како и да е, кога се во прашање малигните болести, како можеби најзначаен се наметнува еден поим: превенција. Токму во една од претходните статии зборувавме за 5-те едноставни животни навики кои треба да ги применуваме, за да го сведеме ризикот од малигни болести на минимум: 5 едноставни промени за намален ризик од канцер!

Помеѓу овие здрави животни навики, како една од најзначајните се јавува здравата исхрана. Во продолжение, нешто повеќе на темата исхрана и превенција од канцер.

"“Online”/

 

Која е поврзаноста помеѓу канцерот и исхраната?

 

Според научните истражувања, дури до 70% од ризик-факторите за развивање канцер, зависат од нашето однесување, односно нашиот животен стил. Со други зборови, ги имаме под наша контрола. Токму заради овие причини превенцијата, која претохдно ја споменавме е толку важен елемент.

Сите сме свесни дека нашите навики за исхрана (она што го јадеме и она што не го јадеме), имаат силно влијание врз нашето општо здравје. Но, важно е да се каже дека тука влегува и ризикот од канцер.

Постојат различни студии кои поврзуваат конкретни прехранбени продукти со зголемен или намален ризик од различни облици на канцер, но она главното што треба да се изведе како заклучок е дека најзначајни се целокупните навики за исхрана кои ги имаме.

[Поврзано: Ризик фактори за развој на рак кои ќе ве изненадат!]

На пример, истражувањата покажуваа дека Медитеранскиот начин на исхрана, инаку богат со свежа храна (различни овошки и зеленчуци), јаткасти плодови, риба и друга здрава храна, овозможува значително намалување на ризикот од развој на низа доста чести типови канцер, вклучително и канцер на дојката. Од друга страна, секојдневното консумирање на процесирани месни производи, докажано го зголемува ризикот од рак на дебелото црево.

Според ова, усвојувањето на она што значи здрав начин на исхрана може битно да придонесе во превенцијата од малигните болести. Тоа е особено важно ако имате генетски предиспозиции за овие болести (имате некој во семејството кој бил заболен од канцер).

Дополнително, здравата исхрана може значително да ви помогне и доколку веќе имате дијагностицирано некаков облик на канцер.

Храната не може да го излекува ракот, но може да придонесе во насока на подобрување на менталното здравје, на имунитетот и општата состојба на телото во овој доста предизвикувачки и захтевен период, кога телото се бори со ракот.

 

Кои аспекти од исхраната се најзначајни за превенцијата од малигни заболувања?

 

Не постои посебен начин на исхрана кој треба да го имате при дијагностициран канцер или за пренецијата од малигните болести.

Што е најзначајно во исхраната за намалување на ризикот од канцер?

Да се јаде многу повеќе свежа храна (овошки и зеленчук) или храна богата со антиоксидативни компоненти, храна богата со здрави маснотии, растителни влакна и микронутриенти, како јаткасти плодови, мешунки, полнозрнести житарки итн.
Од друга страна, што е можно помалку било какви облици на препроцесирана храна: конзервирани месни производи, храна со додадени заситени маснотии, трансмасти, рафинирани шеќери, сол, пржена и храна на скара итн.

[Поврзано: Сите сме чуле дека пржената храна е штетна. Но, ЗОШТО е?]

Јадете повеќе овошје и зеленчук!

Растителната свежа храна е полна со различни потентни антиоксидативни компоненти, како и со повеќе други фитохемикалии.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања, како ревматоиден артритис, невродегенеративни, кардиоваскуларни заболувања, но и канцер.

За повеќе фитохемикалии и антиоксиданти од свежата храна постојат бројни научни студии што укажуваат на нивен силен антиканцероген ефект. Како пример ќе наведеме само неколку податоци добиени од  релевантни истражувања:

Секогаш изберете храна со здрави масти!

Јадењето храна што изобилува со масна содржина, го зголемува ризикот од повеќе различни малигни заболувања. Сепак, не само што ова не важи за здравите маснотии, туку важи токму спротивното – тие нè заштитуваат.

Максимално избегнувајте ги производите со трансмасти, како разни колачиња, лиснати теста, помфрит и најразлични други пржени продукти. Многу повеќе на оваа тема прочитајте тука: Трансмасти – буквално најштетните маснотии!

Ограничете го внесот на заситени масти од црвените меса и млечните производи. Отпрлика нивното количество не треба да надминува 10% од дневниот внес масти.

Кои масти треба повеќе да ги внесувате во секојдневнието?

Тоа се незаситените маснотии, кои се најзастапени во здравата масна храна, како јаткасти плодови, семиња, ладно цедени масла, семиња, риба, авокадо и слично. Пример за здрави маснотии се и омега 3 масните киселини, кои највеќе се наоѓаат во различните видови риба (како туна и лосос на пример), но и во семињата, како ленено семе. Овие масни киселини имаат силен антиоксидативен ефект кој ја намалува хроничната инфламација и докажано го заштитува здравјето на мозокот и срцето.

[Поврзано: Кои масти се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

Јадете повеќе храна богата со растителни влакна (фибер)

Фиберот го има во изобилие кај мешунките и свежата и полнозрнеста храна. Тој значително допринесува за оптимална цревна перистатика, односно за идеалното движење на храната низ цревниот систем. На тој начин се овозможува соодветно одржување на чист и здрав цревен систем, но и побрзо ослободување на телото од потенцијалните проканцерогени компоненти внесени во дигестијата преку храната.

Дополнително, фиберот промовира ситост и на тој начин допринесува за соодветно контролирање на телесната тежина.
Гојазноста го зголемува ризикот од најразлични здравствени нарушувања и ги интензивира процесите на хроничната инфламација. Истражувањата ја поврзуваат гојазноста со повеќе различни видови канцер, како на пример канцер на тироидната жлезда, на бубрезите, матката, јајниците, дебелото црево итн.

Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна!]

Максимално ограничете го внесот храна богата со рафинирани шеќери и консумирањето на процесираните месни продукти!

 

Јадењето храна која е богата со додадени шеќери води кон шеќерни пикови во крвта, а потоа и нагли падови, што го зголемениот ризик од гојазност и следствено на тоа и ризикот од малигни болести.

Покрај тоа, ваквата шеќерна храна според истражувањата води и кон зголемување на ризикот од канцер на простата за дури 88%!

[Поврзано: 10 совети за намалување на непотребните шеќери во исхраната!
 НАЈОПАСНИТЕ калории: TEЧНИТЕ калории!]

Околу процесираните месни производи, како виршли, салами, колбаси, паштети и слично, доволно е да се каже дека Светската здравствена организација ги класификува како канцерогени компоненти од прв ред, заедно со цигарите и азбестот.

Внимавајте на начинот според кој ја приготвувате храната!

 

Покрај изборот на здрави намирници, во превенцијата од ракот многу е важна и нивната соодветна преработка во домаќинствата. Во зависност од тоа каков начин на готвење ќе изберете, можете да поттикнете создавање или да ги избегнете канцерогените материи.

Неколку важни совети за минимализирање на канцерогените компоненти во храната:

  • Секогаш добро мијте ги свежите намирници

  • Секогаш внимавајте да не претерате со загревањето на маслото за готвење

  • Секогаш внимавајте да не ви загоруваат јадењата

  • Максимално избегнувајте да готвите на скара и со ,,длабоко” пржење

  • Внимавајте храната да биде соодветно чувана

  • Никогаш не јадете храна со непријатен мирис

  • Внимавајте што сè ставате во микробрановата (во смисла на пакувана храна)

[Поврзано: Кој начин на ГОТВЕЊЕ ги УНИШТУВА хранливите материи? А кој не?]

Други ,,лајфстајл” совети за превенција на канцер

 

  • Не дозволувајте да имате прекумерна телесна тежина.

  • Бидете редовно физички активни, барем половина час дневно умерена активност.

  • Ограничете ја употребата на алкохолот.

  • Заборавете на цигарите!

  • Заштитувајте се од сончевите UV зраци.
  • Правете редовни, превентивни лекарски прегледи, особено ако сте во некаков ризик – раното дијагностицирање на некои видови канцер може да значи живот!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор