fbpx

ПРИРОДНИ НАЧИНИ за побелување на ЗАБИТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Убавината на насмевката е можеби еден од важните фактори во градењето  самодоверба. Заради овие причини, луѓето ширум светот трошат значителни средства за белење на забите. Но постои загриженост околу составот, односно безбедноста на препаратите за белење и дилема дали можеме на некои начин самите дома да придонесеме за бели заби.

Секако, со редовната и темелна хигиена на усната празнина, секој од нас може да превенира од различни орални инфекции, воспаленија, па и од менување на бојата на забите. За среќа, постојат и дополнителни природни, лесни начини како да ги направите вашите заби побели. Во продолжение, нешто повеќе на оваа тема.

Што ги пожолтува забите?


Голем број на фактори можат да придонесат за менување на природната, бела и сјајна боја на забите.

"“Online”/

На пример, одредени типови храна можат да придонесат за оштетување на забната глеѓ, заштитниот слој на забите и на тој начин да придонесат за пожолтени заби. Веднаш под глеѓта се наоѓа забно ткиво кое има природно жолто обојување.

Развивањето на забниот плак (заради лоша хигиена и исхрана), исто така може значително да придонесе за пожолтените заби. Дополнително, лошата навика пушење е огромен ризик-фактор за жолти заби.

Други ризик-фактори:

▫ возраст
▫ честа употреба на силно пигментирана (обоена) храна и/или пијалаци
▫ употреба на антибиотици
▫ наследен фактор
▫ јонизирачко зрачење итн.

1) Направете промени во исхраната

Избегнувајте храна која може да ги оштети забите, како препроцесираните производи со додадени шеќер, сол и заситени масти. Намалете и со честата употреба на силно пигментирана храна, која содржи танини, како виното, чајот итн.

Дополнително, кафето, газираните пијалаци и цитрусните овошки, поради киселата средина, можат исто така значително да придонесат за оштетување на глеѓта, што ќе води до промена на белата боја на забите.

Стоматолозите препорачуваат миење на забите после најмалку половина час од оброкот, токму поради можното присуство на киселините од храната.

Јадете повеќе овошје и зеленчук, бидејќи тоа е добро и за вашата орална хигиена. Јадењето на крцкавите, свежи плодови може да помогне во отстранување на забниот плак, а одредени овошки, како на пример ананасот и папајата, содржат бромелаин, ензим со докажана ефективност во отстранувањето на обојувањата на забите, поголема дури и од пастите за заби.

Храната богата со калциум, исто така значително придонесува за превенција од ерозијата на забниот енамел (глеѓ).

2) Оставете ги цигарите

Уште една причина плус за да ги оставите цигарите, во морето на причини – пожолтени заби и подобра орална хигиена. Добро е познато дека тутунот може да ја оштети забната глеѓ, но и да го зголеми ризикот од најразлични заболувања на усната празнина, па дури и малигни.

 

[Поврзно: Побелен ЈАЗИК – што може да значи, што го предизвикува и како да си помогнеме?]

 

3) Ладно цедени масла

Премачкувањето на забите со ладно цедени масла е значаен дел од оралното здравје во индиската традиционална медицина.

Целта на премачкувањето е отстранување на бактериите кои имаат потенцијал да создадат забен плак и да ги пожолтат забите.

Не постојат конкретни научни студии кои потврдуваат дека премачкувањето со овие масла може директно да ги побели забите, но од друга страна, јасен е силниот антимикробен ефект на повеќето масла, како кокосовото на пример. Ова масло и не е баш погодно за консумирање поради големата концентрација на заситени маснотии, но е одличен избор за оралната хигиена и одржувањето на здрава кожа.

 

Различните видови од Streptococcus бактериското семејството, се главна причина за формирање на забниот плак и развивањето на гингивитис. Поголем број научни истражувања покажуваат дека редовното премачкување на забите со различни масла (како сусамовото, на пример), може значително да го намали бројот на овие бактерии и да помогне при забен плак и гинтивитис. На тој начин, ваквото премачкување индиректно помага во превенцијата и борбата со пожолтените заби.

[Поврзано: ГИНГИВИТИС или воспаление на непцата – причини и последици!]

 

За премачкување на забите, како најдобро масло се покажало кокосовото. Има пријатен вкус и иако е во цврста форма, на температурата во усната празнина лесно ќе се растопи. Употребувајте 1 кафена лажичка масло од кокос со која ќе ги премачкувате забите неколку минути. Оставете го маслото да стои 10-тина до 15 минутиа, а потоа, плукнете го.

За разлика од другите методи за побелување на забите, при премачкувањето со масло не ги изложувате забите на киселини кои можат да ја уништат забната глеѓ. Затоа, овој метод можете сосема безбедно да го применувате секојдневно.

4) Четкање на забите со употреба на сода бикарбона

 

Содата има природни својства кои ги побелуваат забите, затоа и често се употребува во комерцијалните пасти за заби. Taa е умерено абразивно средство кое може значително да помогне во отстранувањето на различните пигменти кои можат да се најдат на забите.

Дополнително, добро е познато дека содата создава силно алкална средина, oдносно pH средина во која бактериите е невозможно да се развиваат. Важно е да се каже дека за да се забележат ,,побелувачките” резултати од четкањето со содата, потребно е редовно нејзино употребување подолг период.

За да ја употребите содата, растворете 1 лажичка сода во 2 кафени лажички вода и четкајте ги забите со оваа смеса. Правете го тоа неколку пати во неделата.

[Поврзано: Природни решенија за непријатниот здив]

 

5) Куркумата може да помогне?

Исто како и кај ладно цедените масла, за куркумата нема директни податоци кои би покажале дека помага за оваа цел, но познато е нејзиното силно антивоспалително и антимикробно дејство.

Постојат истражувања кои велат дека куркумата може да придонесе во превенцијата и борбата со гингивитис и другите заболувања на непцата. Таа може да помогне и во отстранувањето на забниот плак, да го оневозможи растотот на штетните бактерии и да придонесе за намалување на инфламацијата во усната празнина.

,,Пастата” со куркума можете да ја направите на следниот начин: искомбинирајте и добро измешајте ⅓ лажичка куркума со 1 супена лажица кокосово масло. Четкајте ги забите со смесата неколку минути, а потоа оставете ја на забите околу 5 минути. На крајот исчеткајте ги забите со комерцијална паста за заби.

[Поврзано: Антиканцерогената куркума – како да го подобрите апсорбирањето за 2000 пати!]

Fibro Gel

На крајот – превенцијата е најважна

Најдобро е да превенираме воопшто да дојде до пожолтување и на забите, а тоа најдобро ќе го постигнеме со одржување на оптимална, редовна орална хигиена – редовно миење на забите (најмалку 2-3 пати дневно), користење на конец за заби, листерин и редовни превентивни прегледи кај стоматолог.

Дополнително, значаен дел од она што значи превенција е и правилната исхрана. Балансираната и здрава исхрана подразбира помалку процесирани шеќери, кои се инаку најпогодна средина за развој на бактериите од наслагите на непцата и забите и доволни количества на храна богата со витамин Ц и со сите други нутриенти потребни за силен имунитет и здравје на забите и непцата.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X