fbpx

Природни оружја против грипот

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Инфлуенца (грипот) е вирус кој предизвикува респираторни инфекции. Инфлуенцата вообичаено се шири преку воздухот или преку директен контакт од човек на човек. Овој вирус е со високо ниво на заразност.

Најголемиот дел случаи на вакви инфекции има во периодите на епидемија. Ваквите периоди се најчести во овој дел од годината. Во споредба со другите вируси, инфлуенцата може да нападне огромен број на луѓе за многу кратко време. Во развиените земји дури од 10 до 15% од населението се заразува со овој вирус, секоја година, а во потешки епидемии процентот е и повисок.

Најчестите типови на инфлуенцата се типот А и типот Б. Инфлуенцата А е најчест причинител на годишните епидемии. Повеќето луѓе повеќе пати во животот ги добиваат овие инфекции, бидејќи низ времето вирусот се јавува во поинакви облици и иако имунитетот веќе еднаш се има соочено со вирусот, сепак при следната инфекција вирусот е во поинаков облик и за него имунитетот нема ,,меморија”. Како резултат на тоа, имуниот одговор е поспор, со текот на времето тој се појачува, но веќе милиони клетки се нападнати и ќе мора да помине одреден период за имунитетот целосно да се избори со вирусот. Затоа е значајно вакцинирањето да биде секоја година.

"“Online”/

Симптоми

Грипот може да предизвика низа на симптоми и тие можат да бидат во полесен или потежок облик, во зависност од типот на вирус, возраста на човекот, моменталната здравствена состојба и општо состојбата на имунитетот. Иако најчесто предизвикува респираторни инфекции, инфлуенцата може да нападне и други делови од организмот.
Најчестите симптоми се: замор, висока или екстремно висока температура (од 37,5 до 40°С), мускулна болка, главоболки, кашлање, кивавица, повраќање, течење на носот, дијареа итн..

Опасни компликации се исто така можни. Таква е пневмонијата. Инфлуенцата може да е директен причинител, но вирусните инфекции го прават поподложен организмот и на други опасните бактериски инфекции. Некои групи на луѓе се особено ранливи:
повозрасните луѓе, децата, луѓе со некои хронични заболувања, луѓе со нарушена функција на имуниот систем и трудници.

Fibro Gel

Доколку покрај вообичаените, имате и потешки симптоми, како болки во градите, болки во ушите, отежнато дишење, треска која не престанува или кашлица со крв, потребно е веднаш да побарате медицинска помош. Особено ако спаѓате во ранливите категории.

Превенција

Најчестото прашање кое највеќе ги интересира луѓето во овој период од годината кога и во Македонија вирусот се повеќе зема замав е: Како најлесно и најефикасно да се заштитам себеси и најблиските од добивањето на грипот, која е превентивата?

Покрај вакцинацијата која сигурно е еден од најдобрите начини за заштита и медикаментите кои се користат за лекување и се најефикасен начин за лекување на болеста, во продолжение ќе се осврнеме на превентивата и ќе посочиме некои совети кои можат да послужат во таа насока, како и исхрана која може да биде превентива, но и да помогне полесно да се надминат симптомите.

Доколку не сте заразени:

-> Oбидувајте се да избегнете контакт со заразени лица.

> Mијте ги рацето што почесто. Миењето на рацете со сапун и топла вода е еден од најефективните начини за отстранување на вирусот, бидејќи дланките се најизложен дел од телото на контаминација со вирусот од надворешноста. Може да се употребуваат и различни дезинфекциони средства базирани на алкохол.

-> Избегнувајте допирање на очите, носот и устата, бидејќи е можно со рацете да имате допрено нешто што било заразено.

-> Почесто чистете и дезинфицирајте (со различни средства) ги површините и предметите во домот.

-> Бидете физички активни! Од физичката активност има повеќекратни придобивки помеѓу кои е и подигнувањето на имунитетот што може да не заштити од инфекција. Ако сте редовно физички активни, епидемиите од грипот не се нешто што треба да ви ја наруши редовната активност.

Aко се веќе заразени:

-> Ако сте заразени, останете дома најмалку 24 часа, во текот на тоа време, освен што ќе превенирате контакт со други лица и ќе спречите ширење на заразата, во најчест случај и симптомите ќе се намалат во голем обем дури и без медикаменти. Останувањето дома е важно, пред се поради температурните разлики. Повисоките температури во домашни услови му штедат енергија на организмот, која во тие моменти му е доста значителна за справуваање со инфекцијата. Исто така можноста и условите за консумирање на различна храна и течности кои би биле од помош, во домашни услови се подобри.

-> Покривајте ги устата и носот со лактот при кивање и кашлање. Покривањето на устата и носот овозможува да се избегне дирекното пренесување на вирусот од лице на лице. Но, важно е кивањето и кашлањето да не биде директно во дланките, бидејќи на тој начин ги пренесуваме клетките на вирусот на самите дланки, а потоа се зголемува можноста се што ќе допреме со нив да контаминираме.

-> Не употребувајте антибиотици! Грипот е вирусна, а не бактериска инфекција! Затоа е значајно и да се разликуваат симптомите на вирус и грип, а најдобро е состојбата да се дијагностицира од стручно лице. Антибиотиците се бескорисни кај вирусните инфекции, тие се ефективни само кај бактериските. Непотребната употреба на овие лекови може да биде штетна за организмот, неговиот заштитен систем, но и за отпорноста на штетните бактериски организми. Што поголема употреба на овие средства, толку оставаме поголем простор да се развијат отпорни бактерии на нив.

Правилната исхрана, односно консумирањето на разновидна храна богата со сите микро и макронутриенти кои се неопходни за организмот и избегнувањето на масната и рафинирана храна помага во одржување на оптималната состојба на организмот.Под оптимална состојба подразбираме и силен имунитет. Силниот имунитет е предуслов за нашата отпорност на инфекции. Во продолжение ќе бидат истакнати низа на намирници кои можат да ни помогнат во одржувањето на силниот имунитет.

Вода
Водата како неорганска материја која е најзастапена во организмот, потребно е секојдневно да се внесува во одредени количини. Овие количини треба да се задржат, но и да се зголемат во текот на инфекцијата бидејќи, на пример водата помага за олабавување на зафатениот слуз низ дишните патишта и за надополнување на течностите кои организмот ги губи во значителен обем во текот на инфекцијата

Чај од ѓумбир
Докажано е дека ѓумбирот поседува анти-воспалителни карактеристики кои можат да му помогнат на имуниот систем полесно да се избори со различните инфекции.

Портокали
Портокалите се храна со висока концентрација на витаминот Ц. Во студија изработена од Националниот австралиски центар за епидемиологија и јавно здравје е докажано дека овој витамин со силно антиоксидативни својства значително помага за превенција од типичните вирусни и бактериски инфекции за луѓето кои што се изложени на средини кои се погодни за ширење на вирусот, како што се ладни средини и исто така може да помогне за полесно справување со симптомите во текот на инфекцијата. Една пак германска студија, укажува на значајна улога на витаминот Ц за фагоцитите и т-клетките, односно имуните клетки на организмот. Храна која исто така содржи голем процент на витамин Ц : највеќе останатото цитрусно овошје, јужно овошје, домати, пиперки, спанаќ и генерално повеќето овошки и зеленчуци во одреден процент.

Црно чоколадо
Темната чоколада, односно чоколадата само со какао маса (какао прав и какао путер) без млечни протеини е особено богат извор на минерали и други хранливи материи. Таа претставува добар извор на теобромин, моќен антиоксидант кој има ублажувачко дејство кај различните кашлици.

Брокула
Студија на Калифорнискиот Универзитет од Лос Анџелес покажала дека брокулата треба да биде на вашето мени ако имате намера да превенирате настинки и грипови, бидејќи утврдиле нејзино имуностимулирачко дејство. Сулфорафанот, хемикалија која се наоѓа во овој зеленчук делува на ензимите во специфични имуни клетки кои се борат со формираните слободни радикали во организмот и превенираат инфективни болести.

Ладно цедено маслиново масло
Кај маслиновото масло исто така е утврдено позитивно дејство врз имуниот систем. Студија објавена во Британското списание за нутриционизам утврдила дека високата количина на незаситени масни киселини кои ги содржат триглицеридите на маслиновото масло делуваат како анти-воспалителен агенс во организмот.

Зелен чај
Флавоноидите (растителни пигменти) значајни хранливи материи кои се содржат во висок процент во овој напиток делуваат имуностимулирачки. Индиска студија го покажува ова дејство, но и директно антибактериско и антивирално дејство на зелениот чај!

Полнозрнести лебови
Голем дел од имуните клетки живеат во стомакот. Затоа е од особена важност состојбата во цревната флора и желудникот. Ваквата полнозрнаста храна во себе содржи висок процент на целулозни влакна кои се значајни за одржување на здрава цревна микрофлора.

Лук
Лукот има репутација на една од најуспешните намирници за борба против настинките и грипот. Во една студија е покажано дека во група испитаници кои редовно консумирале лук во текот на три месеци, имало 24 случаи на настинка, додека за истиот период, исто бројна група која не консумирала воопшто лук, имала 65 случаеви на настинки. Во истата студија се потенцира дека се потребни и понатамошни истражувања за целосна потврдување  на тезите кои произлегуваат од резултатите, но присуството на компоненти со антимикробно дејство (особено алицинот со моќно антимикробно дејство) дефинитивно му дава карактеристика на лукот, според која тој е корисен за превенирање состојби на настинка и грип.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X