fbpx

ПРОВЕВ / промаја – да ја расчистиме вечната дилема: ДАЛИ е штетно и зошто?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Нема некој во Македонија што не го слушнал познатото: ,,Затвори го прозорецот, ќе те фати промаја”.

Промајата е можеби најпознатиот ,,непријател” на здравјето ширум Балканскиот полуостров. Интересно е да се каже дека многумина надвор од Балканот никогаш и не чуле за овој феномен, за нив тоа е едноставно обично проветрување.

Обично луѓето се позагрижени околу промајата на зима, но таа не е прифатлива ниту во летниот период. Зошто е тоа случај? Кое е искуството што ги натерало луѓето толку да се плашат од постуденото воздушно струење дури и на лето? Во текстов ќе се обидеме да дадеме објаснување која е причината за стравот, но и зошто промајата може да биде сосема спротивно, корисна по нашето здравје.

"“Online”/

Постои ли промаја?

Она што луѓето го подразбираат под овој феномен, односно чест виновник за некои заболувања, не постои. Значи, промајата не може да биде причина за било какво заболување.

Постои струење на поладен воздух помеѓу два помали отвори (на пример прозорци, врати) или друг вид на површини што овозможуваат насочено струење на воздухот. Па се наметнува прашањето, како едно обично струење на воздух може да ни предизвика проблеми?

,,Последиците од промајата

Негативните ефекти од промајата се всушност истите негативни ефекти од студениот воздух, она што ја прави разликата меѓу студениот воздух и промајата е движењето/струењето.

Ваквото струење овозможува полесно и побрзо разладување на одреден простор, а особено е проблем ако е насочено кон одреден дел од телото. Зошто? Температурата на воздухот полесно ја чувствуваме со зголемениот контакт со него, а тој контакт е многу олеснет преку струењето – поголемо струење значи поголем контакт, поголем контакт значи поголемо разладување (затоа што скоро во секое годишно време возудхот е поладен од нашата телесна температура 37◦С).

Проблемите со разладениот воздух се движат главно во 3 насоки:

1) Ладниот воздух и дишните патишта

Дишењето ладен возудух може да биде негативно за сите луѓе, а особено за оние со респираторни заболувања, како астма, бронхитис, хронична опструктивна белодробна болест итн. Ваквиот ладен воздух кај пациентите со респираторни дијагнози предизвикува кивање, кашлање недостаток од здив, но и зголемен интензитет на воспалителени процеси.

Ова е случај затоа што ладниот и сув воздух може да предизвика иритација или надразнување, но и стеснување на дишните патишта и белите дробови, што понатаму води до отежнато дишење. Исто така, тој ја суши мукозата или течноста од дишните патишта, односно таа побрзо испарува, отколку што е можно да биде заменета. Тоа е дополнителен проблем за луѓето со респираторни проблеми.

Најчест совет за избегнување на овие негативности е дишењето преку носот, бидејќи на тој начин воздухот значајно се затоплува и навлажнува, па кога ќе стигне до долните дишни патишта, веќе не е проблематичен. Дишењето преку устата не го овозможува споменатото затоплување и навлажнување на воздухот.


2) Струењето на воздухот и вкочанетоста на мускулите

Студиите правени на оваа тема во Холандија (2002) и Финска (2009), покажале дека провевот или промајата може да предизвика вкочанетост и болки во вратот и грбот.

Причините за ова се многу едноставни. Насоченоста на ладно струење во одреден дел од телото, на пример вратот, предизвикува постојано движење на мускулите во тој регион, па тоа на подолг рок (пример при спиење) може да доведе до нивно истегнување, што води до вкочанетост, отоци и болка. Ќе се запрашате какво движење на мускулите?

Движењето на овие мускули е мало за да се забележи (повеќе би рекле како некој грч), а често и несвесно и се случува за да се загреат. Истото се случува на пример кога чекаме автобус на станица во многу ладен ден, односно кога тресеме со цел да го загрееме телото.

Сепак, ова не е случај кај секого, а научниците сметаат дека тоа се должи на различната мускулна реакција на ладно кај различни поединци.

3) Ладниот воздух и подложноста на инфекции

Според досегашните научни податоци ладното време ја зголемува веројатноста од респираторни инфекции. Зошто е тоа така?

Како што претходно споменавме ладниот воздух ги суши дишните патишта, односно нивната мукоза или течноста која нé заштитува од разните патогени и непатогени натрапници. Дополнително на тоа, повеќето патогени микроорганизми преживуваат подобро на поладни временски услови.

Ова значи дека на зима, освен што сме повеќе изложени на ладен воздух кој ни ги суши дишните патишта, повеќе сме и изложени и на штетни микрооранизми, а и поголем период поминуваме во затворени простории. Тоа се објаснувањата зошто зиме повеќе заболуваме од респираторни инфекции.


Заклучок околу ,,последиците

Последниците како што видовме се најчесто индиректни и најчесто не се должат на струењето на поладен воздух (промаја), туку на самиот ладен воздух. Од ладниот воздух можеме да се заштитиме на различни начини, а правењето промаја во домот е задолжителна барем еднаш дневно, со тоа што ако е денот навистина ладен, можете да излезете од домот во оние 10тина минути наменети за проветрување.

Во продолжение, зошто ова проветрување е важно и кои се друите корисни дејства на промајата.

Корисни дејства на промајата

Веројатно корисните дејства на промајата или провевот се многу повеќе од можните штетни, тука спаѓаат:

Чистење на насобраната прашина во домот

• Влегување на свеж воздух во домот

• Прочистување на потенцијалните токсини од чадот, но и на самиот чад како алерген (ако пушите или се загревате на дрва)

• Во домот често има фреквенција на различни луѓе кои можеби имаат некакви респираторни инфекции, по нивното заминување можно е во воздухот да останат некакви патогени. Промајата значително ги расчистува овие опасности.

• Ако чувате милениче, често влакната и потенцијалните патогени од неговата кожа завршуваат во воздухот. Провевот ги носи надвор од домот.

• Летните горештини знаат да бидат проблем. Провевот и тука може да помогне во ладењето на домот, а со тоа да помогне и да заштедите средства.

Fibro Gel

На крајот како краток заклучок: Немојте да бегате од промајата доколку не сте забележале дека ви пречи и проветрувајте го домот редовно.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X