fbpx

Проверете кои се раните симптоми на дијабет…

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Дијабетесот или познатата ,,шеќерна болест”, претставува најчестото хронично заболување во светски рамки.
На секои 5 секунди, во светот се дијагностицира нов дијабетичар. Над 90% од овие случаи се дијабет тип 2. Во Македонија статистиката вели – над 95%.

Ако дијабетот беше заразна болест, веќе одамна ќе беше прогласена пандемија. За среќа, огромен процент од случаите на дијабет тип 2 можат да бидат превенирани, а со промените во животниот стил и те како се можни подобрувања на ситуацијата и квалитетот на животот на луѓето со ова заболување, па дури можна е и реверзибилност.

Што е дијабет тип 2?

За дијабет тип 2 се работи кога клетките ќе престанат да реагираат на инсулинот, односно  инсулинот веќе не претставува сигнал за нив да примаат глукоза. Одговорот на организмот е производство на сè повеќе инсулин, сè додека панкреасните клетки кои создаваат инсулин не се ,,заморат”.

"“Online”/

Иако генетските мутации можат да ја предизвикаат оваа состојба, сепак главниот ризикфактор за неа е несоодвениот, односно нездравиот начин на живот: прекумерната телесна тежина, исхрана со висок процент на рафинирани шеќери и заситени масти, како и намалената физичка активност.

Овој тип на дијабетес може да се третира, а некои студии и искуства укажуваат на тоа дека тој може да биде и реверзибилен, со соодветните промени во начинот на живот!

Нешто повеќе околу дијабетот и неговите типови, прочитајте тука. Во продолжение: Кои се и зошто е значајно да се препознаат раните симптоми на дијабет тип 2?

Препознавањето на симптомите е од големо значење


Во светски рамки, огромен број од луѓето со дијабетес се недијагностицирани (според некои податоци дури половината), односно не знаат дека го имаат заболувањето. Стапката на дијагностицирани случаи може да се подобри со зголемена свесност за симптомите на ова заболување и почести прегледи на лицата со висок ризик (повозрасните, оние со зголемена телесна тежина, односно неправилна исхрана, оние со генетска предиспозиција, полицистични јајници и физички неактивните).

„Предупредувачките симптоми” се скоро исти за сите типови на ова заболување и тие можат да бидат навистина благи, па според тоа и тешки за препознавање. За жал, често и не постојат никакви симптоми. Ова особено важи кај дијабетес тип 2. Повеќето луѓе го дијагностицираат овој тип на дијабетес кога веќе предизвиканата штета е долгорочна. Кај дијабет тип 1, симптомите се случуваат брзо, за неколку дена или недели.

Неконтролираниот висок шеќер во крвта, на долг рок може да доведе до нервни и оштетувања на бубрезите, губење на видот и кардиоваскуларни заболувања.

Заради сите претходно наведени причини, многу е важно секој да ги знае раните знаци на дијабетот тип 2.

Рани симптоми на дијабет тип 2:

 

1) Зачестено уринирање

Покрај тоа што може да биде симптом и за некои други заболувања, почестото  уринирање од вообичаено многу често е знак дека нивоата на глукоза во крвта се доволно високи, па бубрезите почнуваат да го филтрираат вишокот преку крвта. Логично, зголеменото филтрирање води кон зачестено уринирање.

2) Зголемено чувство на жед

Зголеменото губење на течностите од телото преку зачестеното уринирање, предизвикува зголемена потреба од вода. Со текот на времето, недијагностицираниот дијабет може да води до постојана состојба на дехидрираност, што ќе предизвикува постојана жед.

3)  Сува уста и кожа

Поради употребувањето на сè повеќе течност од организмот за правење на урина, останува се помалку за сите други органи и делови од телото, вклучително и за кожата.

4) Постојано чувство на глад

Дијабетичарите многу често не ја добиваат енергијата од внесената храна. Зошто е ова случај?

При дијабет, телото нема никаков проблем да ја дигестира јаглехидратната храна и потоа да ја внесе во крвотокот, но проблемот се случува во моментот кога глукозните единици треба да се внесат во клетките. Всушност, енергијата се создава во митохондриите на самите клетки од глукозата. Така, лицата со неконтролиран шеќер имаат недостаток од енергија и често се чувствуваат константно гладни, без разлика пред колку време имале оброк.

5) Хроничен замор

Поради ниските енергетски нивоа, кои претходно објаснивме зошто се случуваат.

6) Замаглен вид


Вишокот шеќер во крвта може да ги оштети малите крвни садови во очите, што би довело до замаглен вид. Оваа состојба се случува само на едното или и на двете очи, а замаглениот вид може да се губи и повторно да се враќа.

Долготрајно неконтролираните нивоа на глукоза во крвта можат да предизвикаат позначајни оштетувања на крвните садови во очите, па во крајна линија да водат и до целосно губење на видот. Уште една важна причина зошто треба порано да се дијагностицира дијабетот и соодветно да се контролира состојбата.

Повеќе околу тоа колку е значајна исхраната за видот, прочитајте тука.

7) Поспоро заздравување на раните, херпесите, афтите, исечениците, но и болки и вкочанетост во нозете



Освен крвните садови, високиот шеќер може да ги оштети и нервите.

Ова создава простор за влошување на циркулацијата, а таа пак води кон ограничена достапност од хранливи материи и кислород за раните. Дополнително, ова може да биде симптом и на нервните оштетувања. Болките и чувството на вкочанетост во нозете и стапалата е уште еден потенцијален симптом на нервните оштетувања.


8) Затемнувања по кожата


Како рани знаци на дијабетот можат да се појават и затемнувања на кожата (меки) во линиски облик, во пределот на вратот, пазувите и/или препоните.

9) Чешање и габични инфекции

Fibro Gel

Квасците преферираат исхрана со глукоза. Нивото на глукоза во крвта кај дијабетичарите е константно високо, а крвта циркулира низ целиот организам, што создава погодни услови за растење на квасците на различни делови од телото како: кожата, гениталиите, градите итн. Инфицираните области со овие квасци предизвикуваат непријатности и чешање.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X