fbpx

Пролетна салата со мисиркино месо

tonus

Во една од претходните статии зборувавме за хранливата вредност на мисиркиното месо. Денес, еден конкретен пример, рецепт за вкусен оброк со мисиркино месо.

 

Овој тип на месо ќе ви овозможи внес на повеќе квалитетни протеини (добар извор на сите есенцијални аминокиселини), без притоа да внесете многу маснотии, особено не заситени масти.

 

[Поврзано: Кои масти се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

"“Online”/

 

Подетално за предностите на мисиркиното месо пред останатите типови месо, прочитајте на следниот линк: Зошто мисиркиното е веројатно најздравото месо?

 

Извонредна хранливост

 

Иако мисиркиното месо не е толку популарно во нашата средина, тоа може да се најде низ маркетите во најразлични облици, како смрзнато или свежо. Доста често овој тип на месо се користи и за подготвување на готови сендивичи, салати итн. Токму на овие процесирани продукти треба да се внимава, бидејќи тие не можат да се сметаат за здрава храна само поради присуството на мисиркино месо. Во нив најчесто се содржат додадени маснотии и многу сол, а неретко и нездрави конзерванси.

Ако воопшто немате навика за користење на ова месо, а често во исхраната користите месни производи, најдобро е да почнете да го користите намето црвеното месо.

Особено е значајно конзервираните месни продукти да ги исклучите комплетно од исхраната (разни паштети, виршли, колбаси итн.). Ова не го вели било кој, туку релевантни светски здравствени институции.

Мисиркиното месо не само што има разновидна и силна нутритивност (видете нутритивна табела подолу), туку има и специфични, богати вкусови карактеристики.

 

Има мала концентрација на маснотии и заситени маснотии и следствено – мала калориска вредност, особено ако се споредува со црвените меса, на пример. Од друга страна, мисиркиното месо е исклучително добар извор на квалитетни протеини, но и други микронутриенти, како селен, фосфор, рибофлавин и други витамини од Б групата, потоа железо, цинк, калиум итн.

Пролетна, ,,појачана” салата со мисиркино месо


За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Сварете го мисиркиното месо и гравот (доколку не користите конзервиран).
  2. Ситно издробете го месото и добро исцедете го гравот.
  3. Во еден подлабок сад за правење салата, комбинирајте ги сите наведени намирници. Измешајте нежно, додадете ги зачините, а потоа и лимоновиот сок заедно со ладно цеденото маслиново масло и соја сосот.
  4. Консумирајте ја салатата веднаш, или чувајте ја на пониски температури во фрижидер во текот на наредните неколку денови. Вкусот е дури подобар следниот ден.

    – Овој рецепт прави околу 2-3 порции и може да служи како главно јадење.

 

Нутритивна вредност:

(на една порција)

Калории: 410 Јаглехидрати: 27g од кои растителни влакна: 7,5g и шеќери: 6g;  Протеини: 41g; Масти: 17g од кои заситени масти: 2.5g и омега-3: 1,5g; Холестерол: 80mg; Витамин A: 1800IU; Витамин Б3: 12mg; Витамин Б5: 1.4 mg; Витамин Б3: 23mg; Витамин Б6: 1mg;  Витамин Б9: 100µg; Витамин Б12: 0.5µg; Витамин K: 250µg; Бакар: 0.6mg; Фосфор: 430mg; Селен: 32µg; Железо: 3,5mg; Магнезиум: 100mg; Манган: 0,8mg; Цинк: 3,1mg; Калиум: 800mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор