fbpx

Проширени вени – превенција и совети за самопомош

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Проширените вени (варикозни вени) се проблем кој измачува огромен дел од населението. Според некои статистики, приближно 40% од популацијата во одреден период од животот се соочува со овој проблем, а тој е доста почест кај жените.

Проширените вени се карактеризираат со потечени, односно зголемени вени во обем и вени со јазлести проширувања. Сите вени можат да бидат варикозни, но најчесто се зафатени површинските вени на екстремитетите (најчесто нозете), бидејќи постојано на нив ,,паѓа тежината” или притисокот кога стоиме.

За многумина овој проблем е од естетска природна (непријатен изглед), но варикозните вени можат да бидат и доста болни, па да создадат и чести непријатности. Во одредени случаи, тие можат да водат и кон посериозни проблеми.

"“Online”/

Постојат повеќе интервентни начини (склеротерапија, ласер терапија, венска аблација итн.) за санирање на проблемот со проширени вени, но во продолжение ќе се фокусираме на превенцијата и на начините со кои самите можете да си помогнете при проширени вени. Промените во животниот стил се дел и од конвенционалната медицинска терапија (исхрана и физичка активност) за варикозни вени.


Симптоми


Проширените вени не секогаш се проследени со болки, а најчестите знаците кои упатаат на овој проблем се темно-виолетови проширени вени и испреплетени задебелени вени во вид на кабли. Други симптоми:

◦ пецкање во нозете
◦ грчеви во мускулите
◦ отечени нозе
◦ засилени болки при подолго седење или стоење
◦ непријатни и постојани потреби за чешање во пределот на проширените вени
◦ црвенила
◦ т.н. пајаковидни вени
◦ чувство на тежина во нозете
◦ топлина
◦ пулсирања


Потенцијални компликации од варикозните вени и поставување дијагноза

Посериозни можни компликации од варикозните вени се појавата на кожни рани (венски улцери), вообичаено блиску до зглобот. Ваквите рани многу тешко заздравуваат. Можна е и појава на згрутчување на крвта, како и воспаление на зафатената вена (суперфицијален тромбофлебит).

Тромбофлебитот вообичаено се појавува на површинската вена, но можно е да се прошири и на длабоката вена, па да стане посериозен клинички проблем. Дијагнозата на проширените вени се поставува со физикален преглед, кој е потполно безболен и има за цел проверување на функционалноста на венските клапи, како и проверка за евентуално постоење на тромботична маса во зафатената вена.

Зошто се појавуваат и кои се ризик-факторите од варикозните вени?


Ослабените или оштетени венските валвули
(всушност контролирачките елементи на протокот на крвта во вените) се најчестиот проблем кој води кон проширени вени. Артериите ја носат крвта од срцето кон сите ткива и органи, додека вените имаат задача да ја вратат назад до срцето. Во таа цел, вените за ,,непријател” ја имаат гравитацијата.

Мускулните контракции во долниот дел на нозете делуваат како еден вид пумпа, а еластичните и специјално дизајнирани вени го спречуваат враќањето на крвта наназад, преку претходно споменатите валвули. Така, ако валвулите се оштетени или ослабени, крвта се враќа и се насобира во вените, предизвикувајќи ги венските проширувања.

Кои луѓе сé е под ризик од проширени вени?


• Повозрасните лица
• Жените
• Бремените жени
• Оние со генетска предиспозиција за оваа состојба
• Обезните луѓе
• Оние кои имаат работни места кои имаат потреба од долги периоди на стоење
• Оние кои имаат покачен крвен притисок
• Пушачите

7 совети за превенирање и помош при проширени вени:


1) Редовна физичка активност

Редовната физичка активност поттикнува подобра циркулација во нозете, што помага за отстранување на насобраната крв во вените. Физичката активност допринесува и за намалување на крвниот притисок, што е исто така значајно при проширени вени.

Ефектот е најдобар кога физичката активност е умерена, како пешачење, возење велосипед, пливање итн.

2) Носење на компресивни чорапи

Еден од најефикасните начини за самопомош при оваа состојба се компресивните чорапи. Вршејќи притисок на нозете, односно стегајќи ги, компресивните чорапи помагаат вените и мускулите поефикасно да ја испумпуваат крвта ,,нагоре” кон срцето. Според повеќе студии, пациентите кои ги носеле ваквите чорапи, имале значително помалку болки и непријатности.

3) Носете полесна и облека која не ве стега

Носењето на тесна облека може да допринесе за полоша циркулација на крвта, особено во периферните крвни садови.


4) Потребни ви се одредени промени во начинот на исхрана


Храната богата со сол може да предизвика задржување на поголеми количества вода во организмот, па намалувањето на солта во исхраната може да помогне за минимизирање на овој ефект кој е негативен и во однос на варикозните вени. Исхраната богата со калиум може да помогне да се намали задржувањето на водата во организмот. Повеќе за калиумот и за тоа во која храна е застапен, прочитајте тука.

Важно е да се внесуваат и доволни количества растителни влакна, поради тоа што таквата храна превенира запек. Превенцијата од запекот може да биде од големо значење, бидејќи запекот може да придонесе за (дополнително) оштетување на валвите. Храна богата со растителни влакна: свежа храна (овошје и зеленчук), полнозрнасти житарки, јатки, мешунки итн.

Дополнително, имајќи предвид дека гојазните луѓе имаат зголемен ризик од варикозни вени и од овој аспект е многу важно да се има здрав и правилен начин на исхрана.

5) Јадете повеќе храна со флавоноидни антиоксиданти

Јадењето на ваква храна може да помогне во намалувањето на отечените варикозни вени. Флавоноидите ја подобруваат циркулацијата и превенираат од насобирање на крвта во вените. Дополнително, тие допринесуваат и за намалување на крвниот притисок во артериите и ги релаксираат крвните садови, што исто така е важно за превенција и подобрување на состојбата со проширени вени.

Храна богата со флавоноидни антиоксиданти: зеленчук (кромид,лук,пиперки, спанаќ, брокули итн.), цитрусни овошки, цреши, јаболки, бобести овошки, какао итн.


6) Држете ги нозете подигнати

Држењето на нозете подигнати во висина на срцето или над него, може да помогне за подобрена циркулација. На тој начин, го намалувате притисокот во вените на нозете, а гравитацијата овојпат ќе ви помогне крвта полесно да се врати до срцето.

Овој совет е добро да се применува по подолги периоди на седење или стоење.


7) Практикувајте масажи

Масажите со есенцијални масла се покажале како подобрувачи на циркулацијата во долните екстремитети, а знаеме колку циркулацијата е важна за проширените вени.

Но, многу е битно масажите да не подразбираат силно притискање на пределите со проширени вени. Масажите треба да биде понежни.

Fibro Gel

Ако често имате заморени нозе, прочитајте ја и нашата статија на тема: Што ви предизвикува заморени нозе?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X