fbpx

ПРО и ПРЕбиотска храна за болки во ЗГЛОБОВИТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Хроничните болки кои можат да бидат предизвикани од најразлични дијагнози се навистина голема пречка за среќен, исполнет и квалитетен живот.

Нашите тела се создадени за да се движат, а умот да мисли и комуницира со луѓето и околината. Овие основни постулати кои нè прават луѓе се сериозно загрозени од хроничните болки, па затоа често луѓето покрај дијагнозата што им ги создава болките, имаат и стрес, а неретко развиваат и посериозни ментални нарушувања, како депресија или анксиозност на пример. Заради овие причини, од особена важност е да се најде некакво решение, односно подобро кажано – начин полесно да се живее со болките.

Повеќе на оваа тема прочитајте во една од нашите претходни статии: 5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ

"“Online”/

Ако имате проблеми со хроничните болки, најверојатно сте забележале дека тие знаат постојано да се менуваат (и по интензитет и по траење), зависно од различни варијабли, вклучително временски услови, колку сте одморени, колку сте спиеле претходната вечер, дали сте имале стресен и нервозен ден итн. Но, сигурно не ви паднало на ум дека вашите пријателски ,,настроени” бактeрии, односно бактериите од корисната цревна микрофлора, исто така можат да играт значајна улога во однос на состојбата со болките.

Микробиом

Во нашиот организам освен нашите клетки, живеат и милиони други живи организми, најчесто ,,пријателски настроени”. Стотици различни родови и видови бактерии го населуваат нашиот дигестивен тракт и го формираат нашиот ,,микробиом” или микрофлора. Секој поединец има уникатен состав на микробиом, кој главно зависи од начинот на исхрана, средината и животните навики.

Истражувањата покажуваат дека составот на корисната цревна микрофлора кај здравите луѓе, многу често се разликува од онаа кај луѓето со некакви здравствени проблеми- гојазност, срцеви заболувања, дијабет, некакви автоимуни нарушувања, синдром на нервозни црева, па дури и они кои страдаат од депресија.

Улогата на состојбата со микробиомот врз болките

Една неодамна објавена анимална студија од Рочестер Универзитетот, ги испитувала ефектите на микрофлората врз болките и отоците на зглобовите. Испитувањата биле вршени врз лабораториски глувчињата, кои биле поделени во група со здрава исхрана (богата со растителни влакна) и група која се храни нездраво и е обезна.

[Поврзано: Болки во ЗГЛОБОВИ – може ли да си помогнеме преку исхрана и суплементи]

Добиени се следните резултати: Глувчињата кои имале нездрава исхрана и проблем со гојазност, не само што имале сосема поразличен состав на цревна микрофлора, туку имале многу повеќе бактериски соеви со проинфламаторни својства, односно бактерии кои придонесуваат кон развивање на хронична инфламација.

Промените што се случувале во микробиомот на гојазните глувчиња придонеле и за значително зголемена инфламација во нивните зглобови – директна причина за болките. Дополнително, кај овие глувчиња било утврдено и значително поголема подложност на скршеници и уништување на зглобното ткиво. Поголемиот дел од нив развиле облици на остеоартритис.

Кога истражувачите се обиделе да им помогнат на обезните глувчиња со третман составен од пребиотици (храна погодна за правилен развој и баланс на корисната цревна микрофлора), инфламацијата била значително намалена, а значително намалени биле и  оштетувањата од артритисот на зглобовите во колената. Интересно, ова било постигнато дури и кога глувчињата не губеле од својата телесна тежина.

[Поврзано:  6 конкретни здравствени придобивки од ПРЕбиотиците
ПРИЧИНАТА за инстантно подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНА храна (ПРОБИОТИЦИ)]

Причина плус за почесто консумирање на пробиотска храна и храна богата со растителни влакна (пребиотици)

 

Иако постојат бројни истражувања кои ни даваат слични податоци како претходно споменатата студија, односно дека составот на микробиомот влијае на хроничните болки, преку влијанието на инфламацијата, на артритисот и слично, сепак науката се уште не нашла директен начин да ги искористи овие информации за справување со секојдневните болки. За жал, кај луѓето не е пронајдено дека едноставното додавање на пробиотици има силно влијание за намалување на болките. За ваквата ситуација во игра се повеќе фактори, како разните варијации во микробиомот, средината во која се живее итн.

Но, само заради тоа што не знаеме точно на каков начин ПРО и ПРЕбиотската храна може да ни помогне, не значи дека таа не помага. Податоците од низа истражувања укажуваат на силен потенцијал на ваквата храна во однос на намалата инфламација, што би водела и кон намалување на проблемите со хроничните болки, а во најмала рака би придонела за превенцијата од нив.

Затоа, консумирајте повеќе пробиотски јогур, кефир, кисели краставички, цвекло и други видови на ферментирана храна, но не ги заборавајте и пребиотиците, главно храната богата со квалитетни растителни влакна, како полнозрнестата храна на пример.

Во на суплементацијата со одредени про и пребиотските суплементи, тие секако можат да бидат корисни, но во одредени околности, затоа пред нивната употреба, задолжително консултирајте се со лекарот кој ве следи.

Повеќе за пробиотската храна, прочитајте тука, а за пребиотиците тука.

Поврзани теми: Имате хронични болки? Губењето килограми може значително да Ви помогне!

Fibro Gel

Извор:

,,Targeting the gut microbiome to treat the osteoarthritis of obesity” , April 19, 2018

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X