fbpx

Ревматоиден артрит и исхраната

tonus

Ревматоидниот артрит (РА) е хронична системска автоимуна болест која засегнува милиони луѓе. Значителна болка, вкочанетост и нарушувања за зглобовите се основните карактеристики на болеста. Покрај стандардните видови терапија, студиите покажуваат дека исхраната е значаен додатен дел од  третманот на болеста. Студија во Hорвешка, спроведена кон крајот на деведесетите години од минатиот век, успеа меѓу првите да го докаже ефектот на исхраната кај РА. Споредено со пациенти кои останале на „вообичаена” исхрана, пациентите кои биле на претежно растителна исхрана покажале значителни подобрувања! Имено, кај некои од нив уште во првиот месец се подобрила утринската вкочанетост, притоа намалувајќи ги часовите на вкочанетоста на половина. Истовремено, се постигнало значително намалување на болките и пациентите пријавиле и субјективно чувство на подобрување како резултат на сето тоа. Биохемиските показатели исто покажале знаци на подобрување. Се намалила седиментацијата, CRP како и бројот на леукоцити – односно се намалиле сите параметри кои укажуваат на воспаление. Како се објаснува овој значителен ефект на исхраната кај РА? Ревматоидниот артрит е автоимуна болест, кога телото само ги напаѓа сопствените зглобови. Една од теориите е дека можеби РА е поттикнат од инфекција, слично како и ревматичната треска. „Осомничена” е бактерија со име Proteus mirabilis која се наоѓа во уринарниот систем и која можеби го поттикнува овој имун одговор, и како резултат страдаат зглобовите. Најголем дел од уринарните инфекции потекнуваат од фекалната флора (бактериите во цревата). Составот и бројот на бактериите во цревата многу зависи на начинот на исхрана. Тука исхраната, менувајќи ја средината во цревата, всушност, го постигнува своето влијание кај оваа болест. Со промената на исхраната, за неколку дена доаѓа до промени во бактериите во цревата. Работната теорија вели дека со промената на исхраната, во правец на растителна исхрана, доаѓа до значителна промена во бактериите на цревата. Истата теорија е докажана и преку дополнителни научни студии кои потврдиле дека по промената на исхраната дошло до пад на анти-Proteus антителата. Дополнителна придобивка е што лигнаните присутни во претежно растителната исхрана (а чиј главен извор е лененото семе) се присутни и во урината, а истите имаат антибиотски карактеристики и може побрзо да го „чистат” уринарниот тракт! (уште една причина за редовна употреба на ленено семе). Поединечни додатоци во исхраната Куркуминот е силен противвоспалителен зачин чиј ефект бил познат илјадници години наназад, а истиот денес е потврден со голем број студии. Дури е правена и директна споредба на куркумин и фенилбутазон (сега веќе напуштен лек за силни болки) и куркуминот покажал посилно дејство од фенилбутазонот, а воопшто нема несакани ефекти. Куркуминот, со редовно земање, во повеќе научни студии покажал ефект кај болките, вкочанетоста и функцијата на зглобовите. Шипка (Rosa canina) – прав од шипки е даван на пациенти со болки во зглобовите предизвикани од РА и остеоартрит, за да се видат можните придобивки. Испитувањата правени во Данска и Германија покажале дека има значително намалување на болката кај тие пациенти. Калиум во исхраната, зголемен преку природни растителни извори, исто покажува ефекти на намалување на воспалението и подобрување на симптомите општо кај автоимуните болести.   НАПОМЕНА: Статијата има за цел да ја информира јавноста. Подолу има можност да се најдат цитираните научни студии.  Примената на наведените производи треба да се прави под надзор на стручно лице и во склоп на целокупната терапија на болеста. За конкретни совети заинтересираните можат да го контактираат Д-р Митов преку веб страната и да закажат консултација.    Литература:   https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2270745/ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17206398 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23992372 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/22407780 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/28725630 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/18407528 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19818588 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/18468955

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор