fbpx

Рецептот за ЦВЕКЛО кој го ветивме

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Во една од претходните статии зборувавме за здравствените бенефити на цвеклото, особено на ферментираното и за причините зошто треба да е често застапено на трпезите.

"“Online”/

На ваше барање, во продолжение ќе наведеме како можете најлесно да го подготвите цвеклото во домашни услови.

Голем дел од зимницата е ферментирана храна

Подготовката на ферментирана храна е застапена во нашата традиција. Голем дел од она што го сметаме за зимница се базира токму на ферментативните процеси. Како пример ќе ги земеме само туршијата и киселата зелка.

Која е биохемиската причина, на која се базира продолжениот рок на храната, а била интуитивно препознаена од нашите предци?

Ферментациониот процес овозможува храната да трае многу подолго време. Причината се природно присутните бактерии во културите. Овие бактерии под дадени услови можат да креираат млечна киселина од присутните шеќери и да му дадат на крајниот продукт специфичен, пријатен киселкаст вкус. Но, покрај вкусот, киселата средина е неподнослива за патогените или штетни бактерии, кои можат на непосакуван начин да ја променат храната, односно да ја расипат и да бидат опасни по нашето здравје, доколку бидат внесени со неа.

Специфичниот вкус кој го споменавме, не е само киселкаст туку ги буди сите 5 карактеристични вкусови кај човекот, вклучително и умами вкусот.

Fibro Gel

Умами вкус?

Умами вкусот е последниот откриен вкус, покрај веќе познатите 4: сладок, солен, кисел и горчлив. На јапонски зборот умами значи ,,пријатен соленкав вкус”. Тој е причинет од аминокиселината глутамат, која е често присутна во различната храна. Кога оваа аминокиселина ќе се разгради преку ферментацијата, се претвора во L-глутамат и токму оваа ,,варијанта” на аминокиселината го интензивира умами вкусот, но тоа влијае и на општото чувство на вкус на ферментираната храна. Всушност разграденаиот глутаман е една од главните причини за специфичниот, познат вкус на ферментираната храна.

Конечно, да преминеме на рецептот

Со малку кулинарско искуство и внимание, секој може да подготви фементирано цвекло во домашни услови. Во продолжение, неколку кратки совети околу самиот процес на подготовка:

• Најпрво, важно е да изберете помали или парчиња цвекло со средна големина, а исто така многу е важно тие да бидат свежи.

За да се добие специфичниот, пријатен вкус и чувство на топење во устата, потребно е цвеклото да не биде суво, старо или стврднато. Со текот на ферментацијата, содржината станува сè помека, но тешко е да очекуваме дека од претврдо цвекло ќе добиеме производ кој е сосема мек.

• Можете да експериментирате со формите, но гледајте секогаш парчињата да бидат потенки

Ова е важно да се запамети, бидејќи кога парчињата се потенки, повеќе клетки се изложени на солта и процесот полесно може да се одвива

• За сечкање на парчињата можете да користите и рендиња во различни облици

• Никако немојте да го варите цвеклото пред да го оставите да ферментира!

Некои рецепти за подготовка на ферментирано цвекло, подразбираат варење пред да се стави во теглите. Не го правете тоа! Варењето може да уништи голем дел од корисната флора која понатаму е потребна за самата ферментација, па наместо вкусно цвекло, со типична текстура, ќе добиете кашест продукт.

• Многу е важно по поставувањето на цвеклото во теглите, тоа да биде целосно покриено со вода

Во спротивно, може да дојде до потемнување.

• Отворајте ги теглите еднаш дневно, во првите 3 дена

Во текот на ферментацијата се создаваат гасови. На ваков начин ќе овозможите тие да не се натрупуваат во теглата.

• Teмен слој

Кога ќе заврши фементацијата, по отворањето на теглите можно е да забележите кафенкаст слој. Тоа не треба да ве загржи, бидејќи е причинето од оксидираните пигменти на цвеклото. Само внимателно отстранете го овој слој.

• Вискозна течност

Не треба да ве изненадува високзноста или густината, како на сируп на течноста во која ферментира цвеклото. Треба да се има во предвид дека цвеклото е помеѓу зеленчуците со највисока содржина на шеќери.

• Идеална температура за ферментација е 18-21°С. Ова е всушност собна температура.

На повисоки температури, ферментацијата би требала да биде побрза, и обратно, на поладни, поспора.

Рецептот:

• Најпрво убаво измијте ги свежите парчиња цвекло и отстранетe ги листовите и останатите непотребни делови од растението.

• За овој рецепт ќе употребуваме 1kg свежо цвекло (парчиња со средна големина), 1 мала главичка лук, неколку зрна немелен бибер, 1-2 ловорови ливчиња, две тегли и 1l вода.

• Но, покрај ова можете, наместо лук и ловоров лист да се обидете и со додавање на:
– околу 20-30g свежо изрендан ѓумбир во комбинација со малку портокал или кора од лимон
– 1 лажичка, на една тегла рузмарин
– 1 лажичка, на една тегла куркума или кари (може и во комбинација со погоре наведеното)

• Главичката лук внимателно се лупи и дели на парченца, цвеклото внимателно се лупи и се отстрануваат цврстите делови, а покрупните парчиња се сечкаат на половина

• Следно е поставувањето во тегла. Обликот на цвеклото кое ќе го внесете во теглата е по ваш избор. Дали тоа ќе бидат тенки парченца, во облик на стапчиња или пак цели, поголеми парчиња. Сепак, заради најголемата достапност до солта, подобри се тенките парченца. Солта овозможува полесна достапност на клетките за ферментативните бактерии. Потоа, се додаваат и лукот, биберот и ловоровиот лист (или другите опции).

• Се зоврива околу 1l вода, а потоа се остава да се олади. Во неа се додава една голема лажица сол и се меша додека солта убаво не се раствори. Потоа, внимателно водата се поделува во двете тегли. Внимавајте содржината да биде добро покриена со вода. Теглите добро се затвораат.

• Ваквата содржина се остава на собна температура околу една недела, додека не забележите пена, а потоа теглите се сместуваат на темно уште 2-3 дена.

По овие 2-3 дена, ферментираното цвеклото е спремно за консумирање. Уживајте во неговиот вкус и низата корисни својства.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X