fbpx

РЕЦЕПТ за ЧОКОЛАДЕН хумус!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Хумусот е намаз, традиционален за регионот на Блискиот Исток. Во последно време неговата популарност расте во светски рамки, заради специфичниот, богат вкус, мазната текстура, а се смета и за еден од најздравите намази кои можете да ги најдете на пазарот. Секако, можете да го подготвите брзо и лесно и во домашни услови.
Со популарноста, хумусот добива и најразлични свои комбинации во кои се јаде, но и според кои се подготвува.

Во една од претходните статии го дадовме рецептот за стандардниот домашен хумус, но денес ќе ви понудиме една несекојдневна, доста интересна, блага комбинација за хумус.


Корисни дејства на хумусот

 

Имајќи предвид дека овој намаз е направен од намирници кои сами по себе се особено корисни и здрави, сосема за очекување е нивната комбинација, односно хумусот, да биде уште поздрава.

"“Online”/

Главните состојки, без кои хумусот не е хумус се наутот и таанот. За денешниот специфичен тип на хумус, ќе употребиме и темно чоколадо, урми, какао и јаворов сируп/агаве/мед.

Комбинацијата наут-таан, заедно со останатите ,,благи” намирници (темно чоколадо, урмите и било кој од наведените засладувачи) освен што прави екстра вкус и совршена мазна текстура, креира еден навистинлив хранлив оброк: пред сè богат со одлични количества растителни влакна, важни минерали, кои често се во дефицит помеѓу населението, како железо магнезиум, селен, бакар, манган, повеќе витамини, како оние од Б групата итн., итн.

Кога зборуваме за какаото и неговите производи, како темното чоколадо (со над 75% какао маса), неизбежно е да се напомене дека тие претставуваат еден од најбогатите антиоксидативни извори на природата. Имено, истражувањата кај нив откриваат повеќе полифенолни и флавоноидни антиоксиданти, во споредба со повеќето овошки кои важат за исклучително богати извори на антиоксидативни компоненти – како бобестите овошки на пример.

Според ваквиот состав, редовната исхрана богата со споменатите намирници, ни овозможува импресивни здравствени бенефити, помеѓу кои и: превенција од гојаност, срцеви заболувања и повеќето хронични заболувања, контролирање на крвниот шеќер, подобро здравје на мозокот, на тироидната жлезда итн.

 

Рецепт за чоколаден хумус!

 

За овој рецепт, потребни ќе би бидат:

• една конзерва или околу 400g наут кој самите ќе го сварите
• околу 60-70g таан или путер од кикирики
• 60g или нешто повеќе од половина темно чоколадо
• 2 супени лажички какао прав,
• 3 лажици јаворов сируп/мед/агаве
• 1/2 супена лажичка сол. како појачувач на вкусот.

Начин на подготовка:

  1. Најпрво наутот се остава да омекне во текот на ноќта, а доколку сте нестрпливи може да се обидете и со неколку часа.
  2. Откако убаво ќе омекне, наутот потоа се вари што е можно подолг период, до 30-40 минути. Секако, можете употребите и наут кој е веќе сварен и конзервиран.
  3. Следно е поставувањето во блендер. Доколку имате блендер со поголем капацитет, можете сите набројани намирници да ги ставите во него одеднаш, но ако блендерот е со помала моќност, тогаш најпрво додадете ги покрупните работи како наутот, таанот и темното чоколадо, а потоа дозирајте од другите. Половина од содржината во блендерот прекријте ја со вода. На 10-тина секунди запирајте го блендерот и подотстранете ја содржината која се наоѓа на ножевите. Притоа, внимавајте на текстурата! Доколку не е доволно ,,мазна”, постепено додавајте вода, (може и од водата во која се варел наутот), но внимавајте да не претерате.

Во случај да немате блендер, тоа не значи дека нема да можете да добиете хумус со посакуваната мазна текстура. Впрочем, луѓето од Блискиот Исток кои го создале хумусот, секако немале блендери.

Потребен ви е метален толчник и соодветен сад во кој содржината нема да може да ви се заглавува по ќошевите. Секако, чоколадото ќе треба да биде претходно растопено, заедно со засладувачот кој ќе го користите. За помазна текстура, добро е да ги отстраните лушпите од наутот, но ова не е задолжително, особено имајќи предвид дека и во нив се содржат одредени микронутриенти кои можат да ни бидат од корист. Доколку имате микробранова, пред да го ставите наутот во садот за толчење, поставете ги во неа на краток период, со цел дополнително да омекнат.

Со металниот толчник, што е можно посилно толчете ја содржината. Постепено додавајте од таанот, кој постепено ќе создава помазна структура. Потоа, постепено дозирајте и од другите компоненти. Можете да додадете и мало количество на топла вода, но внимателно. По десетина минути толчење, хумусот е подготвен.


Здрави комбинаци

Само неколку здрави комбинации со чоколадниот хумус:

Fibro Gel
  • како десерт сам по себе
  • како прелив за овошни салати
  • како ,,макало” за сезонски овошки
  • едноставно премачкан на интегрален леб или потпечено лепче

На крајот, внимавајте на количините, посебно ако сте во процес на слабеење. Калориите се од здрав извор, но сепак ги има доста во овој тип хумус.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор