fbpx

Рецепт – киноа касерола!

tonus

Во последно време и кај нас во Македонија сè популарно станува едно семе со потекло од Јужна Америка – киноа семето. Популарноста дефинитивно не ја стeкнува залудно.

[Поврзано: Киноа семе – растителен извор на сите 9 есенцијални аминокиселини!]

Оделот за храна и земјоделство при Организацијата на обединетите нации (ООН), ја прогласи 2013 за година на киноа семето, токму заради нејзината хранлива вредност и потенцијалот кој го поседува. Експертите од ООН сметаат дека раширувањето на оваа храна низ светот, значително ќе придонесе за остварување на развојните цели во однос на сузбивањето на малнутрициите (неухранетоста).

"“Online”/

[Поврзано: Медитеранска киноа салата – рецепт!]

Ваквото признание од ООН не е залудно. Хемиските анализи на киноа семето покажуваат дека тоа е можеби единствен растителен, протеински извор кој ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини (градбени блокови за протеините кои телото нема механизам самото да ги продуцира). Дополнително, киноа се вбројува и помеѓу најдобрите протеински, растителни извори и во однос на квантитетот, односно количината на достапните протеини. Одредени видови киноа содржат и над 20% протеини.

[Поврзано: Растителни протеини – Дали се доволни, колку и кои се најдобрите извори?]

Неколку значајни причини зошто почесто треба да јадеме храна киноа семето и рибата?

 

За  овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

  • 1/2 чаша киноа (несварена)
  • 1 конзерва туна, исцедена од маслото во кое се наоѓала
  • ½ чаша растителен бујон
  • Половина чаша пробиотски јогурт (може да користите и кисело млеко или млеко од кокос)
  • 1 црвен кромид со средна големина, ситно исецкан
  • ½ лажичка бибер
  • ¼ лажичка кумин
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка сув лук
  • 1 лажичка сув босилок или оригано
  • Малку ладно цедено маслиново масло
  • Малку брокула или/и карфиол – по желба
  • До 40g нарендана моцарела или било кој вид кашкавал.

 

Начин на подготовка:

 

  1. Во тенџере со малку вода/растителен бујон, сварете ја киноата, според упатството на пакетчето и оставете ја настрана за да се излади, најмалку 5 минути.
  2. Пропржете го кромидот во сосема малку ладно цедено маслиново масло, а потоа пуштете ја рерната да се загрева на 180°С.
  3. Во еден подлабок сад измешајте ги туната, сварената киноа, подготвениот кромид, јогуртот и зачините. Во оваа смеса, можете да додадете и малку брокула или карфиол.
  4. Префрлете ја смесата во тавче за печење и печете во претходно загреаната рерна, околу половина час, односно додека не добиете златеникава боја.
  • Овој рецепт прави 2-3 оброка.

 

Нутритивна вредност:
(на една порција, ако сметаме дека има 3)

Калории: 270 Јаглехидрати: 25g од кои растителни влакна: 3.5g и шеќери: 6g; Протеини: 23g; Масти: 8.5g од кои заситени масти: 1.6g и омега 3 масни киселини: 0,2g; Витамин Б3: 7.5mg; Витамин Б12: 1.3µg; Фолна киселина: 65µg; Витамин E: 1mg;  Железо: 2.5mg; Калиум: 350mg; Maгнезиум: 80mg; Манган: 0.7mg; Фосфор: 330mg; Селен: 45µg; Цинк: 1,5mg;

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор