fbpx

РЕЦЕПТ: неизбежната РУСКА салата во ЗДРАВА верзија!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Новогодишните празници се пред нас, а нераздвоен дел од традиционалната трпеза токму во овој период од годината е познатата руска салата.

За жал, типично за овој период е и прејадувањето, како по правило со особено нездрава храна, како што е споменатата руска салата.

[Поврзано: 13 практични совети како да не се ПРЕЈАДЕТЕ за време на празниците!]

"“Online”/

Сите сме свесни дека руската салата е калориска бомба, составена од големи количества намирници кои се далеку од здрави и хранливи: мајонез, различни салами, кашкавали и така натаму.
Така, свесни сме и дека треба да ја избегнуваме руската салата, особено во поголеми количества или ако имаме некакви здравствени проблеми или проблеми со килограмите.

Заради овие причини, денес ќе ви понудиме еден малку поинаков рецепт за руска салата, кој нема да ви предизвика толкава грижа на совест, а ќе може сосема достојно да го замени ,,оргиналот”.

Станува збор за комбинација на повеќе зеленчуци, ,,потопени” во специјално подготвен здрав сос. Покрај пониската калориска вредност и многу подобрата хранливост (погледнете нутритивна табела под самиот рецепт), оваа салата ќе ви понуди еден сосема поинаков новогодишен вкус.

Fibro Gel

Само дел од предностите од умереното јадење на оваа здрава руска салата:

 

 

 

[Поврано: ЗИМСКИ рецепти за брзи и вкусни крем-чорби од грашок и цвекло!]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

  • 400g сварени компири (варени цели, заедно со лушпата)
  • 150g сварен грашок (најдобро е да биде сварен од свеж, не од смрзнат)
  • 100g крупна туна или 100g претходно печено тофу
  • 200g кисели краставички
  • Околу 100g сварени моркови
  • 2 јајца
  • Околу 30g сецкани каламата маслинки, со претходно извадени семки
  • 2 лажици сенф
  • (2 лажици Dijon сенф)
  • Од 130g до 150g таан
  • Половина лажичка сумак зачин
  • 2 кафени лажички сол и 1 лажичка бибер
  • Малку млака вода и 1 лажичка вински оцет (можете да го користите и малку од сокот на киселите краставички или лимонов сок, со тоа што треба да внимавате премногу да не ја втечните салатата)
  • Гранчиња копар, магдонос и неколку каламата маслинки за декорирање

 

Начин на подготовка:

 

  1. Најпрво добро сварете ги зеленчуците – компирите заедно со лушпата, која подоцна ќе ја излупите, грашокот (ако е од конзерва, секако не мора да го варите) и морковите. Грашокот треба да го извадите кога ќе биде ниту премек, ниту пак претврд.
    Потоа, секој од сварените зеленчуци исецкајте го на што е можно помали коцкички. На ситни коцкички исецкајте ги и тофуто, јајцата и маслинките. Доколку користите туна, само издробете ја со вишлука.
  2. Подгответе го сосот за салатата. За ова ќе ви биде потребен еден подлабок сад со средна големина. Најпрво додадете ги сенфовите, а потоа и таанот. Убаво мешајте додека смесата не се соедини, а потоа додавајте вода додека не добиете густина слична на онаа на мајонезот.
  3. Исецканите намирници ставете ги во длабок сад, па додадете го и сосот (околу 80% од него). Немојте веднаш да го додавате целиот сос, бидејќи можеби сакате салатата да ви биде ,,посува”. Додадете ги зачините, солта и винскиот оцет, па темелно и нежно измешајте ја содржината до потполно хомогенизирање. На крајот, декорирајте со малку копар, магдонос и каламата маслинки.

    – Овој рецепт прави околу 10 порции.

 

Нутритивна вредност:

 

(на една порција, со туна)

 

Калории: 170 Јаглехидрати: 14g од кои растителни влакна: 4g и шеќери: 2g;  Протеини: 8g; Масти: 9,5g од кои само 1,4g заситени масти и 0,2g омега 3 масни киселини;; Витамин A: 2100IU; Витамин Б1: 0,3mg; Витамин Б3: 0,3mg; Витамин Б6: 0,25mg; Витамин Б12: 0,41µg; Витамин К: 15,2µg; Бакар: 0,3mg; Железо: 2,8mg; Maгнезиум: 40mg; Калциум: 10mg; Фосфор: 200mg; Натриум: 800mg; Цинк: 1,3mg; Калиум: 400mg; Селен: 17µg

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X