fbpx

Решението на дебелината не е во диетите

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Во секој момент огромен дел од населението е на некаков вид диета, со примарна цел – губење на телесната тежина. Поголемиот дел од овие луѓе ќе се разочараат, дали заради извесниот неуспех, или пак заради повратената килажа после одреден период по диетата.

Иако строгото придржување кон било која диета, најверојатно ќе ви даде некаков резултат, сепак резултатите се неодржливи поради низа на суштински причини. Самата висока стриктност, често нецелосната нутритивност, ограничениот период на траење и многу други причини, ги прават диетите неприфатлив избор и концепт.

Но, често постојат и примери каде иако придржувањето на диетата е речиси идеално ама тежината не се намалува или се намалува многу малку.

"“Online”/

Не можете да ја изберете вистинската диета, кога ниту една диета не функционира

Според една нова студија, популаризираните диети едноставно не функционираат за огромниот дел од популацијата. Или попрецизно, тие се ефективни во одреден временски период, но година по нивното завршување бенефитите се губат, па дури ситуацијата неретко е и полоша.

Новата мета-студија, објавена во The British Medical Journal, ги анализирала податоците од повеќе студии, односно вкупно 121 истражувања на преку 22 илјади гојазни или лица со покачена телесна тежина. Тие следеле 14 различни типови диети кои ги држеле половина година, а биле групирани во три категории – диети со низок внес на јаглехидрати; диети со низок внес на маснотии; диети со умерен внес на макронутриенти.

Иако во месеците додека биле држени, поголемиот број од диетите, довеле до намалена тежина и подобрени кардиоваскуларните параметри (крвен притисок, холестерол, маснотии итн), сепак резултатите по 12 месеци од завршувањето на диетите биле разочарувачки, односно:

Fibro Gel

◦ Диетите со низок внес на маснотии и јаглехидрати, во просек придонеле за намалување на 5kg од телесната тежина. По една година, поголемиот дел од тежината бил вратен.

◦ Подобрениот крвен притисок и липиден профил во месеците додека се држени диетите, но по една година, повторно се влошени, односно ситуацијата била иста како и пред диетата.

◦ Не се најдени некои значителни разлики помеѓу здравствените бенефити, во текот на држењето на диетите. Значи, сите диети имале слични корисни дејства, кои по завршувањето на диетата исчезнувале.


Што е заклучокот?

 

Резултатите од оваа мета-студија не треба да ве обесхрабрат во намерата да ослабете. Тие зборуваат дека диетата не е начин доколку имате намера трајно да го решите вашиот проблем.

За негово решавање, треба да изберете исхрана која ќе можете да ја оддржите на долг рок со цел и резултатите да бидат конзистентни. Ваквата исхрана не е за секого иста, иако принципите се слични.

Диетите во студијата, кои покажале бенефити, биле ефективни неколку месеци. Што доколку таа ефективност се прошири на година, две, три или на целиот живот? За таа цел треба конзистентност, а таа зависи од прифатливоста на храната, за вас лично.

Постојат и дополнителни фактори кои влијаат на телесната тежина, вклучително редовна физичка активност, добар сон, справување со стресот итн. Значи, одржливоста на телесната тежина е тесно поврзана и со начинот на живот.

 

Медитеранскиот начин на исхрана е добар избор



Во споменатото истражување, но и во поголемиот дел од студиите на тема здрава исхрана и слабеење, се покажал како доста лесен за примена и усвојување и тоа пред сé заради малата рестриктивност и вкусната и разновидна храна.

Покрај тоа, студиите кои се во голем број, покажуваат дека е и убедливо најздравиот начин на исхрана, во споредба со другите постоечки, секако.

Покрај намалената тежина, ваквата исхрана обезбедува и подобро кардиоваскуларно здравје, подобрена состојба при дијабет, подобрен липиден профил во целина итн.

Слабеењето не е воопшто лесен и наивен пат.

Fibro Gel

Потребни се силна желба и мотив, па и поддршка за да се започен овој процес. Неретко е потребна и помош од професионалци-доктори, нутриционисти и луѓе кои се разбираат од т.н. лајфстајл медицина. Само суштинските промени, односно пристапот кој се занимава со коренот на проблемите, може да доведе до резултати кои ќе бидат трајни.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X