fbpx

Рижото – интегрален ориз со печурки

tonus

Навистина вкусен оброк за целото семејство! Ако сте љубители на лесни, брзи и едноставни рецепти, морате да го пробате рецептот за интегрално рижото со печурки и свежо оригано.

Ова рижото содржи состојки кои се особено корисни за нашето здравје, а е погодна храна и за оние со целијакија бидејќи е безглутенска.

Интегралниот ориз освен што има помал гликемиски индекс, повеќе хранливи материи и растителни влакна, тој има и подобри вкусови карактеристики од белиот ориз. Дополнително, вкусот, но и текстурата на денешниот рецепт го збогатуваат шампињоните и ориганото, кои прават фантастична комбинација со интегралниот ориз.

"“Online”/

Интегрално рижото со печурки, свежо оригано и зеленчук

За овој кремаст и неодоливо вкусен рецепт ќе ви бидат потребни:

• 3 кафени лажички маслиново масло
• 1 мала главичка кромид
• 2 мали главички лук, убаво иситнет
• 1 чашка зеленчукова мешавина
• 1,5 чаши интегрален ориз
• околу 300g свежи, исечкани шампињони (може и буковка или вргањ)
• 1 кафена лажичка сол
• бибер
• доколку имате свежо оригано убаво иситнете го и додадете по вкус (но, можете да употребите и сушено оригано)
• соја сос

Начин на подготовка:

1. Најпрво убаво измијте го интегралниот ориз. Потоа ставете 6 чаши вода и 1 лажичка сол во сад и чекајте до вриење, па додадете го оризот и одвреме-навреме промешувајте. Добро е интегралниот ориз да се готви во вишок вода, за да се скрати времето на готвење. За варењето ќе бидат потребни околу 30тина минути.

2. Додека се готви оризот, во еден сад на загреана рингла ставете 1 лажичка маслиново масло и додадете го кромидот и малку сол. Кога ќе се зарумени содржината, додадете ја мешавината од зеленчукот и сецканиот лук и мешајте уште неколку минути.

3. Следно е подготвувањето на печурките. Во еден убаво загреан сад со малку маслиново масло, додадете ги претходно исечканите шампињони и мешајте додека убаво не се испечат печурките. Ова би требало да трае нешто повеќе од 10 минути.

4. Во садот со варениот ориз, додадете ги зеленчукот, свежо сечканото оригано и печурките и убаво промешајте. Послужете го овој оброк со соја сос.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор