Немате идеја што со сардината или конзервираната туна, а веќе ви е здодеано да ги јадете само со парче леб и можеби салата?
Во една од претходните статии, дадовме предлог-рецепти за креативно готвење со конзервираната туна, а денес, ви помагаме на вкусен начин уште поздрав начин да ја внесете хранливата сардина!
Ви нудиме 3 креативни рецепти кои ќе ви покажат колку не сте обрнувале внимание на интересните начини според кои може да се искомбинира оваа риба со специфичен, уникатен вкус!
[Поврзано: Медитеранска туна салата – рецепт!]
Туна салата со сусам и соја сос – РЕЦЕПТ]
6 клучни причини зошто треба да јадете риба 1-2 пати неделно!
- Рибите претставуваат концентриран извор на квалитетни протеини.
- Најдобар извор на омега 3 масни киселини – многу важни нутриенти кои доста често се во дефицит помеѓу населението.
- Одлична храна за очите и мозокот.
- Поседуваат антиоксидативен ефект – антиоксидативни минерали, како селенот.
- Оптимална тироидна функција – исто така заради селенот.
- Поуспешно слабеење – високопротеинска храна со релативно малку калории и маснотии, секако доколку се исцеди од маслото во кое е концервирана.
[Поврзано: Јадењето риба може да го заштити мозокот од загадениот воздух; Лосос – за што е корисна оваа риба?; Туна највкусната и една од најздравите риби, но во кои количини?]
1.Маринирана сардина во ,,Ескабеш сос”
Комбинацијата од ескабеш сос, сардина и внимателно одбраните зачини, дава еден специјалитет со уникатен француски шмек: богат ,,полн”, лутеникав вкус, а во исто време свежа и крцкава текстура.
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
- 1 конзервирана сардина (во масло или вода)
- 3-4 чешниња лук, покрупно исецкани
- 1 портокал со средна големина
- Половина главица црвен кромид, исецкан на прстенчиња
- 2 моркови со средна големина, исецкани на кругчиња
- Неколку ситно сецкани кисели краставички
- Малку целер и магданос
- Зачини: коријандер, цимет, бибер (за подобар вкус, додадете мелен зрнаст бибер со различни обојувања), ловоров лист
- ⅔ чаша оцет (на пример јаболков)
- ⅔ чаша сок од кисели краставички
[Поврзано: Зошто е добар сокот од киселите краставички?]
Начин на подготовка:
- На средна температура ставете еден подлабок сад за готвење и додадете ги оцетот и сокот од краставичките. Исцедете ги портокалите, а искористете ја и нивната кора за појачување на вкусот – изрендајте малку од неа во смесата.
- По неколку минути, додадете ги и сите останати состојки, освен лукот и магдоносот. Гответе ја оваа содржина на средна температура со повремено мешање, најмалку 10-тина минути. Целта е да се добие ,,маринада” со убаво, балансирано искомбинирани вкусови.
- Во меѓувреме, отворете ја конзервата со сардина и наредете ги парчињата во помало садче кое е подлабоко, откако претоходно добро ќе ги исчистите (коските можат и да се јадат). Бидете нежни со цел малите филети од сардина да останат цели. Маслото можете да го користите како подлога или пак целосно да го исцедите и отстраните доколку не сакате дополнителни калории. Врз наредените сардини, гарнирајте со магданосот и исцканите чешниња лук.
- Посипете ги сардините со жешката маринада и чувајте ги во фрижидер барем неколку часа или пак преку ноќта.
- Предлог за комбинирање: поставете ги филетите од маринадата врз потпечено фиброгел лебче кое е премачкано со лук.
2. Јапонски ,,унаги дон” подготвен со сардина
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
- 1 конзерва сардина, исцедена од масло
- Околу 200g претходно сварен ориз
- ½ чаша вода
- ½ чаша балсамико оцет
- ½ чаша меласа
- ½ чаша соја сос
- Неколку супени лажици пушен црвена пипер
- 1 лажица скроб или нишесте, растворено во малку топла вода
- Ситно исецкан млад кромид и сусам и/или ленено семе за гарнирање
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад за готвење, поставен на средно висока температура, истурете ги водата, оцетот, меласата, соја сосот и пушената пиперка. Гответе ја смесата со повремено мешање, околу 10 минути. На крајот, за да добиете повискозна и ,,сјајна” содржина, додадете го скробот (густинот) и промешајте.
- Отворете ја сардината и добро исцедете ја. Извалкајте го секое парченце сардина во подготвениот сос и поставете го врз претходно сварениот ,,ал денте” ориз, како што тоа често се прави во јапонската кујна.
- Зачинете со исецкан млад кромид и потпечен сусам/ ленено семе.
3.Медитеранска паста со анасон и сардина
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
- Околу 200g шпагети (Варете ги ,,ал денте” и зачувајте дел од водата во која се вареле)
- Половина главица црвен кромид, ситно исецкан
- 1 чешне лук, ситно исецкано
- 1 китка магдонос, ситно исецкана
- 1 анасон со средина големина, ситно исецкан
- Половина чашка суво грозје
- Една рака индиски ореви или било кои јатки кои ви се наоѓаат, нешто покрупно исецкани, дел изреднани
- ⅓ чашка доматен сос (може и доматно пире, односно поконцентриран сос, но во половина количество од претходно наведеното)
- Малку маслиново масло
- Малку сок од лимон/лиме.
Начин на подготовка:
- Ставете еден плиток, нелеплив сад за готвење на средна температура. Истурете малку маслиново масло, па додадете го ситно исецканиот лук и кромидот. Потоа, додадете го сувото грозје, кое претходно сте го потопиле неколку минути во врела вода.
- По неколку минути, додадете го доматниот сос и исецканиот анасон (не листовите). Убаво промешајте. Додадете ги индиските ореви (исецканите) и дел од водата која ви останала од варењето на тестенините. Добро затворете го садот и гответе околу 10 минути на ниска температура (крчкање).
- По 10-те минути, во садот со смесата додадете ги претходно подготвените шпагети и нежно промешајте. Отворете ја конзервата со сардините, па додадете ги и нив. Убаво промешајте. Зачинете со листовите од анасон, мелени јатки и сок од лимон/лиме.