fbpx

Сезона на ЦРЕШИ во полн ек! Особено погодна кај артрит!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Мај е месецот на црешите, добро познати овошки за нашиот регион. Охридската цреша е првиот македонски прехранбен производ со заштитена географска ознака, односно стана национален бренд.

"“Online”/

Вкусните црвени цреши се омилено овошје на многумина, но не е само вкусот! Оваа супер-храна содржи низа соединенија со позитивно дејство за нашето здравје. Освен што се богати со антиоксиданти, црешите содржат и значителни количини растителни влакна, витамини, минерали, имаат и мала калориска вредност (само 63kcal на 100g).

Што вели науката за црешите? Зошто, особено периодов, треба постојано да ни се на трпезата?

1) Богат нутритивен, но и антиоксидативен состав

Во црешите, покрај растителните влакна (2,2g на 100g) се содржат и солидни количини од витаминот Ц и минералите калиум, бакар и манган. Ова се нутриенти со особено корисно дејство на организмот. Дополнително, црешите содржат и помали количества на витамини од Б групата, магнезиум, витамин К итн.

Витаминот Ц е есенцијален за имуниот систем и здравјето на кожата, калиумот за регулација на крвниот притисок, нервната и мускулна функција, но и повеќе други важни процеси, манганот за хормонската регулација итн.

Сепак, главните корисни дејства на овие овошки се резултат на нивниот богат и уникатен антиоксидативен состав – полифенолни антиоксиданти, катехини, мелатонин, кверцетин, антоцијанини, но и витаминот Ц.

Fibro Gel

Антиоксидантите се компоненти кои превенираат оштетувања на клетките од молекулите наречени слободни радикали. Според студиите, за одржување на здравјето, телото има потреба од баланс помеѓу количините на слободните радикали и внесените антиоксиданти. Дисбалансот може да води кон оксидативен стрес, а тој кон хронични воспалителни процеси, главен ризик-фактор за повеќето хронични заболувања.

Имајќи предвид дека телото постојано продуцира слободни радикали, внесот на антиоксидантите преку храната треба да биде исто така постојан.

Антоцијанините кои се одговорни за сјајната црвена боја на црешите, студиите пред сé ги поврзуваат со корисни дејства на кардиоваскуларното здравје. Додека, полифенолните антиоксиданти, се поврзуваат со антиканцерогено дејство.


2) Црешите се добри за здравјето на срцето

Јадењето нутритивно-густа храна, како црешите, е вкусен начин за заштитување на срцето. Ова својство, пред сé, се должи на нивниот богат антиоксидативен и минерален состав.

Еден оброк богат со цреши ни обезбедува околу 10% од дневните потреби за калиум. Овој минерал е неопходен за одржување на нормалната работа на срцето и помага при отстранувањето на вишокот натриум од телото, регулирајќи го на тој начин крвниот притисок. Затоа, поголемиот внес на калиум се поврзува со намален ризик од срцеви заболувања и срцев удар.

Антоцијанините и катехините, моќните антиоксиданти на црешите, според низа на студии се покажале како особено ефективни во заштитата од хроничната инфламација, една го главните причинителите за срцевите заболувања.

3) Добра храна при артритис

Заради своите антивоспалителни својства, црешите можат да го намалат интензитетот на симптомите на артритис, најмногу на гихт. Овој тип на артритис е причинет од насобирањето на уричната киселина и води кон екстремни отоци, воспаленија и болки во зглобовите.

Низа студии покажуваат дека црешите помагаат во спречувањето на оксидативниот стрес и намалувањето на воспалението преку супресирање на инфламаторните протеини, што води кон намалување на симптомите поврзани со артритис.

Дополнително на тоа, тие помагаат и во намалувањето на нивоата на урична киселина, што ги прави особено погодни при гихт.

Една студија со 10 волонтерки ни дава информации според кои јадењето 280 грама цреши ги намалува нивоата на воспалителниот маркер Ц-реактивниот протеин и значително ги намалува нивоата на урична киселина, само 5 часа по јадењето.

Друга студија вели дека јадењето оброци богати со цреши, два дена по ред, ги намалува дури за 35% нападите при гихт, а во комбинација со медикаментите за оваа состојба, нападите можат да се намалат дури за 75%.


4) Црешите го подобруваат квалитетот на сонот

Можеби ова ви делува чудно, но да, црешите навистина се покажале како подобрувачи на сонот.

Според истражувачите, ова својство се должи на солидната концентрација на мелатонин во црешите. Мелатонинот е хормон во човековиот организам, регулатор на циклусот будност-спиење.

Една студија со 20 волонтери покажала дека оние кои пиеле сок од цреши секојдневно, во текот на седум дена, имале значително повишени нивоа на мелатонин во однос на контролната група. Тоа им овозможило подолг и поквалитетен сон.

Слични резултати ни дава и една друга студија која за испитаници имала луѓе кои се мачат со несоница. Имено, се покажало дека пиењето на една чаша сок од цреши пред спиењето, делува на продолжување на сонот за дури час и половина.

Сепак, истражувачите не се сигурни дали истиот ефект би го имале и свежите цреши.

5) Добра храна за опоравување на телото по физичката активност

Истражувањата покажуваат дека антивоспалителните и антиоксидативни компоненти на црешите можат да придонесат за значително олеснување на болките, оштетувања и воспалението во мускулите, предизвикани од некаква физичка активност.

Дополнително, сокот од цреши се покажал како корисен и за подобрување на спортскиот перформанс. Имено, една студија на 20 активни жени забележува дека редовното пиење сок од цреши може да помогне во опоравувањето на мускулните оштетувања и чувствителност по завршувањето на тешка и интензивна физичка активност, како што се спринтовите на пример.

Други утврдени бенефити на црешите:

• Подобрена меморија

• Намален ризик од рак да дебело црево

• Намалено ниво на шеќер во крвта – во лабораториските и анимални студии

• Подобрувачко дејство на дигестивното здравје

• Подобрен имунитет

• Храна погодна за слабеење – густо-нутритивна храна, висока нутритивност, ниска калориска вредност. Богат извор на растителни влакна.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X