fbpx

Смеењето како моќно оружје против хроничниот стрес!

tonus

Поимот здравје од Светската здравствена организација е дефиниран како состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на некакви телесни недостатоци.

Луѓето доста често ги потценуваат психичката и социјалната благосостојба за сметка на физичкото здравје. Ова особено доаѓа до израз во заедниците во развој, како што е нашата, главно заради менталитетот според кој менталните нарушувања се одлика на луѓето со слаб карактер. Така, доста често менталните нарушувања од заедницата се сметаат како некаков знак на слабост, а слабост е и барањето помош во оваа насока.

Значи, од самата дефиниција на СЗО јасно може да се заклучи дека е подеднакво важно да се грижиме за нашата психичка и социјална благосостојба, како што е важно да се грижиме за физичкото здравје. Дополнително, сите 3 фактори од кои зависи здравјето нужно се поврзани и меѓусебно си влијаат.

"“Online”/

 

Во претходните статии во повеќе наврати сме зборувале за различни аспекти од грижата за менталното здравје. Денес нешто повеќе околу тоа каква улога има смеењето во секојдневнието во ,,борбата” со ризик-факторите за нарушено ментално здравје.

[Поврано: Дали ОПТИМИСТИТЕ се поздрави?]

Кога смеењето е лек

Хроничниот стрес дефинитивно е една од главните одлики на модерното живеење. Тој се јавува низ сите возрасни групи и професии. Заради овие причини, многу е значајно да се најде начин за негово трајно контролирање.

[Поврзано: Како да ја надминеме склоноста кон негативното размислување?]

Многу пати сме слушнале дека смеењето е најдобриот лек и тоа не е далеку од вистината. Во денешно време постојат доста научно базирани податоци кои укажуваат на низа различни корисни ефекти од смеењето: го подобрува расположението, ги зацврстува социјалните врски. односно нè поврзува со другите луѓе, го зајакнува имуниот систем, ја помага борбата со хроничниот стрес, па дури помага и за полесно надминување на болките.

Во продолжение, да видиме поконкретно кои сè бенефити може да ни ги понуди почестото смеење во секојдневието.

Хуморот има важна социјална улога

 Сигурно сте забележале дека многу повеќе сакате да се дружите со луѓе кои имаат добра смисла за хумор и низ разговорите допринесуваат за создавање пријатна атмосфера во која сите уживаат. Често знаеме да кажеме дека хуморот е заразен и тоа е вистина! Зошто е тоа така?

Смеењето ги зајакнува врските помеѓу луѓето заради тоа што поттикнува позитивни чувства кои креираат еден вид на позитивна врска и овозможуваат нејзино полесно развивање:

  • Стануваме поспонтани и поприродни
  • Имаме повеќе самодоверба
  • Не сме толку дефанзивни
  • Полесно се изразуваме

Од друга страна, луѓето избегнуваат да се дружат со оние што постојано се негативни и намуртени.

Ова значи дека освен себеси, преку смеењето им помагате и на другите.

Значи, јасно е дека смеењето поседува силна моќ да ги поврзува луѓето. Но, преку хуморот и смеењето се превенираат и полесно се решаваат и неминовните конфликтни ситуации од секојдневнието, кои пак нужно се поврзани со стресот, а веројатно се и неговиот главен извор.

Смеењето е силно оружје против хроничниот стрес

 

Како смеењето помага во справувањето со стресот?

  • Поттикнува лачење на хормони кои го намалуваат стресот и ни помагаат да се чувствуваме подобро, како ендрофините, а од друга страна го намалува нивото на т.н. стресни хормони, како кортизол и адреналин.

    [Поврзано: Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ]
  • Смеењето е добра дистракција или оттргнување од негативните мисли, како лутина, страв, паника, вина итн.

    [Поврзано: Кога чувството на СТРАВ станува проблем и што може да се направи?]

  • ,,Навиката” за смеење во секојдневнието го прави полесен за остварување оптимистичкиот поглед кон животот, што е многу важен елемент во трајното справување со стресот.

  • Го подобрува расположението.

  • Овозможува полесна релаксација.

 

Кои се бенефитите од смеењето за физичкото здравје?

Освен за психичкото, смеењето има низа на корисни ефекти и врз физичкото здравје, како:

 

  • Поздраво срце – смеењето овозможува намалување на високиот крвен притсок, односно опуштање на крвните садови и подобра циркулација.

  • Релаксирање на различни мускулни групи
  • Посилен имунитет – негативните мисли се манифестираат и со биохемиски реакции во организмот, што поттикнува стрес и намалување на имунитетот. Смеењето е најдоброто оружје против негативностите што помага за ослободување на имуностимулирачки компоненти невропептиди.
  • Намалување на болките – поради споменатите ендрофини кои се природни аналгетици или супресирачи на болката.
  • Помага во процесот на слабеење – покрај тоа што преку смеењето се ,,тренираат”мускули како дијафрагмата и на тој начин се трошат калории, поважно е тоа што навиката за смеење е одлично оружје против хроничниот стрес – еден од главните ризик-фактори за гојазност.

    [Поврзано: Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што да направите за да го спречите тоа?]

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор