fbpx

Смути од банана и ѓумбир – за потенка половина

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Ако сте во потрага по хранливо, вкусно, но и здраво освежување, смути напитокот од банана и ѓумбир е вистинскиот избор за вас. Ќе го направите многу лесно и брзо, а ќе ви бидат потребни само компоненти што лесно се наоѓаат и немаат висока цена на чинење, како што се свеж ѓумбир, банана, спанаќ и некаков вид на смрзнато бобесто овошје.

Потребни состојки

2 лажички мелено ленено семе
◦ околу 100g смрзнато бобесто овошје – може да користите малини, јагоди, капини, боровинки, по желба
1 банана со средина големина
1 голема лажица свежо изрендан ѓумбир
околу 100g спанаќ
лед – по желба


Начин на приготвување и употреба

◦ Ставете ги состојките во блендер и блендирајте додека не добиете конзистенција според ваш вкус. Додадете вода ако сакате пијалакот да биде поредок.

"“Online”/

◦ Консумирајте го како смути напиток, а можете да го комбинирате и со овесна каша или друг вид житарки за доручек. На тој начин ќе имате уште понутритивен оброк.

◦ Можете да го употребувате до неколку дена, секако со соодветно чување во фрижидер.

Нутритивна вредност

околу 200 калории
◦ низок процент, но здрави маснотии од лененото семе, вклучително омега 3 масни киселини
висок процент на растителни влакна
◦ витамини од Б групата
◦ витамин К, Ц, А
итн.
богата минерална содржина: калиум, магнезиум, железо, манган, цинк и многу други во помали количества.
◦ низа фитохемикалии и антиоксидативни компоненти

Fibro Gel

На кои сé начини ќе делува оваа комбинација од намирници во однос на вашето здравје?

Секоја од состојките на овој смути напиток поседува импресивни својства, па лесно е да се претпостави дека нивната комбинација ќе има уште посилни позитивни ефекти, како:


• Помош при слабеење и погодна храна при дијабет


Овој смути напиток ќе ви помогне во процесот на слабеење. На кој начин?

Секоја од состојките е нутритивно сконцентрирана храна, односно храна богата со хранливи материи, а со помала калориска вредност. Дополнително, речиси секоја од компоненти има солидни количества растителни влакна. Бананата на пример, содржи висока концентрација на недигестибилен скроб. Ваквата храна има низок гликемиски индекс, што е од голема важност за дијабетичарите.

Знаеме дека растителните влакна се од голема помош при слабеењето, го намалуваат гликемискиот индекс на внесената храна (помали шеќерни пикови), го врзуваат холестеролот и водата од дигестијата, на тој начин потикнувајќи продолжено чувство на ситост.

• Импресивен микронутритивен состав

Најпозитивната страна на смути напитоците е тоа што речиси сите се сконцентриран извор на микронутриенти. Ова значи дека преку ваквите пијалаци можеме многу поедноставно и полесно (често и повкусно) да ги внесеме потребните количества  микронутриентите.

Микронутриентите се компоненти кои се есенцијални, односно мораме да ги внесуваме во помали количества за правилно функционирање на организмот – најчесто тука се мисли на витамините, минералите.

Секоја од компонентите содржи навистина пребогата листа на витамини, минерали и останати фитонутриенти. Како пример, бобестите овошки се најбогатиот извор на витамин Ц, спанаќот на витамин К, витамин А, железо, фолна киселина, бананите на витамин Б6, калиум, манган, ѓумбиротмагнезиум, цинк, Б витамини итн. Со клик на секој од зборовите, дознајте повеќе за конкретниот микронутриент.

• Антиоксидативно смути

Свежиот ѓумбир сам по себе ги содржи можеби најмоќните антиоксиданти воопшто најдени во храната – пред сé потентниот гингерол, но и низа други терпени, полифенолни антиоксиданти, флавоноиди итн итн.

Дополнително, сите други компоненти се одличен антиоксидативен извор – ленено семе (лигнани), банана (допамин), спанаќ (лутеин и зеаксантин), бобести овошки (антоцијанини). Лененото семе е богато и со омега 3 масни киселини, кои меѓудругото, исто така имаат моќно антиоксидативно дејство. Повеќе за ова семе прочитајте тука.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки, ткива и на крајот органи. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребните антиоксиданти, но тие треба да се внесуваат и преку исхраната, како што е овој смути напиток, на пример.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Fibro Gel


• Дополнителни позитивни ефекти

◦ помош при гадење, повраќање и дигестивни проблеми
◦ помош при
киселински рефлукс
намалување на маснотиите во крвта
подобар имунитет
подобра инсулинска сензитивност
подобро здравје на очите
◦ подобро кардиоваскуларно здравје

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X