fbpx

Сочувство – има влијание и врз нашето здравје

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Способноста за сочувство кон другите луѓе, но и кон себеси е една од поважните елементи во формирањето на човековата цивилизација и еден од поважните елементи за среќен и исполнет живот. Замислете само колку херојски и беспоштедни чинови низ историјата не би се случиле во отсуство на сочувството. Замислете го светот без Мајка Тереза, Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела и илјадници други индивидуалци што ги ризикувале своите животи за да спасат други луѓе за време на големите војни, на пример.

Концептот на сочувство во психологијата

Но, што точно се подразбира под поимот сочувство? Постојат најразлични дефиниции предложувани од различни истражувачи и философи. На пример, професорот Касел од Оксфорд во своето обемно истражување од 2009 година, вели дека за ,,појавувањето” на сочувството  треба да бидат исполнети 3 предуслови:

  1. ,,Проблемите што ги будат чувствата се сериозни”.
  2. ,,Проблемите не се создадени од оној што страда – резултат се на неправедна судбина”.
  3. ,,Мора да постои способност да се замислиме себеси на местото на оној што страда”.

Како такво, сочувството не е рефлексен одговор на маката на другиот човек, туку се случува само кога ситуацијата се опсервира како сериозна, неправедна и не толку туѓа за нас.

"“Online”/

Сочувство кон себеси

Психолозите се заинтересирани и за сочувството ,,насочено” кон себеси. Кога луѓето гледаат на сопствените однесувања и грешки без сочувство, ги доживуваат своите недостатоци на начин што ја уништува нивната самодоверба и среќа.

Поради важноста на себеприфаќањето и простувањето за сопствените грешки и недостатоци, концептот за сочувство кон себеси сè почесто може да се сретне низ психолошката литература. Продлабочувањето на знаењата од оваа област е од особено значање за намалување на проблемите со анксиознота и депресијата, инаку многу чести психолошки проблеми во модерното време.

 

[Поврзано: Депреијата не е обична тага]

 

Важно е да бидеме ,,понежни” кон себеси и да не се осудуваме без рационално да ги опсервираме околностите. Многу е значајно да ја согледаме неможноста за перфектност и да не се гледаме постојано преку осудувачка призма.

Зошто сочувството е неопходно?

 

Социјалните конекции се всушност клучниот фактор во формирањето на било кои човекови навики.

Имајќи предвид дека сме социјални битија, негувањето на односите со луѓето што ни значат е од суштинска важноста за здраво прилагодување и ,,позиционирање” во средината.

Воспоставувањето здрави односи со околината подразбира поседување на способност за изразување на грижа и сочувство или идентификација со луѓето.

Сочувството и емпатијата се фундаментални аспекти на она што значи квалитетни меѓучовечки односи.

 

20 докажани корисни ефекти од сочувството

 

Иако темата сочувството кон себеси и другите луѓе е плодно поле за истражувања, оние научни студии што веќе постојат, недвосмислено ни покажуваат многу интересни факти. Еве само 10-тина од бенефитите:

 

  • Сочувството промовира социјална конекција помеѓу возрасните, но и помеѓу децата. Социјалната поврзаност е многу важен елемент за адаптација и функционирање на човекот во својата средина. Така, таа поттикнува подобра самодоверба, емпатија, општа добросостојба и повисока интерперсонална ориентација.

 

  • Сочувството се поврзува со зголемено ниво на среќа.

  • Сочувството од средината се поврзува со повисоки стапки на преживување на болните пациенти и зависниците.

  • Искуствата на пациентите во болниците велат дека емпатијата и сочувството од персоналот се силно поврзани со зголемено ниво на задоволство и помало ниво на стрес.

  • Силно изразеното сочувство од страна на докторите се поврзува со значително намалување на анксиозноста кај пациетите.

  • Психолошките терапии базирани на сочувство се покажале како особено ветувачки за лицата со одредени зависности.

  • Сочувството поттикнува подобро родителство, преку подобрувањето на врската родител-дете.

  • Сочувството во училиштата се поврзува со подобра соработка помеѓу учениците и поуспешен процес на учење.

  • Сочувството од колегите за наставниците и професорите има силна поврзаност со подобро задоволство од работното место и подобри резултати.

  • Сочувството кон себеси поседува бројни позитивни психолошки ефекти, како намалени симптоми на PTSD.

  • Сочувството кон себеси се поврзува со поздраво стареење и поуспешно справување со депресијата.

  • Сочувството кон себеси за време на процесот на откажување од цигарите се поврзува со поголема стапка на откажување, вклучително и кај лицата со ниско ниво на самодоверба и кај оние што имаат мала надеж дека ќе успеат во тоа.

  • Сочувството кон себеси го неутрализира ефектот на стресот.

Што може да направиме за да биде посочувствителни?

Fibro Gel

  • Бидете поалтруистични. Можеме да бидеме посочувствителни ако им помагаме на другите луѓе, напуштајќи ја својата ,,комфортна зона”. Алтруистичните навики, односно грижата за другите луѓе исто така ја подобрува самодовербата и општата добросостојба.
  • Избегнувајте осудување. Невозможно е да ги имаме предвид сите фактори што довеле одредена личност да постапи на одреден начин или пак да претпоставиме како точно би постапиле ние на нејзино место (иако од прва ни изгледа сосема јасно). Барањето на сличности со другите луѓе, ќе ни помогне да поттикнеме кај себе чувство на емпатија и сочувствителност.
  • Бидете благодарни за нештата што ги имате.

  • Бидете понежни кон себе и пољубезни кон другите луѓе

  • Ако сте родител: немојте да ги ,,означувате” децата како ,,паметното”, ,,спортистот”, ,,немирното” и слично, постојано одржувајте здрава комуникација со децата, поддршувајте ја нивната независност и бидете чувствителни за нивните проблеми.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X