fbpx

СПАНАЌ – благослов од градината!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна спанаќот е застапен во различни рецепти и салати.

Уште од деца го слушаме тоа, па кај некои луѓе дури е создадена одбивност спрема спанаќот. Но, дали навистина е толку здрав и содржи толку хранливи компоненти?

Во овој текст ќе се обидеме да дадеме одговор на ова прашање. Ќе видиме колку е важно да го имаме како дел од исхраната, особено сега, кога му е сезоната, па го имаме свеж и ефтин.

"“Online”/

1) Висока хранлива вредност

Спанаќот е многу богат со низа на микронутриенти, витамини, минерали, па и растителни влакна. Од друга страна има доста ниска калориска вредност. Ова го прави спанаќот храна со висока нутритивна густина.

Во само 30g спанаќ се содржат:

– 7kcal
– 1,1g јаглехидрати
– 0,9g протеини
– 0,1g масти
– 0,7g растителни влакна
– 145mcg витамин К или 181% од Дневно Препорачаниот Внес
– 2813IU витамин А или 56% од ДПВ
– 58,2mg витамин В9
– 8,4mg витамин С
– 0,3mg манган
– 23,7mg магнезиум
– 0,8mg железо

Дополнително, спанаќот содржи помали количества и на калциум, цинк, селен, бакар, фосфор,витамин В6 и витамин Е. Термички подготвениот спанаќ содржи неколку компоненти во поголема концентрација отколку свежиот. Содржи повеќе протеини, растителни влакна и повеќе витамин К и А.

Сепак, присуството на оксална киселина делува инхибирачки на апсорпцијата на калциум и железото, па спанаќот спаѓа во храната која е помалку биоактивна во однос на нив. Оксалната киселина тоа го прави преку врзувањето на дел од присутните железо и калциум.

2) Moже да делува на намалување на растот на малигните клетки

Иако се потребни повеќе студии на оваа тематика, оние кои постојат укажуваат дека некои компоненти кои се присутни кај спанаќот можат да придонесат во борбата со клетките на канцерот.

Во една студија, правена на лабораториски глувци со тумор на дебелото црево, консумирањето на сок од спанаќ во текот на две недели, предизвикало намалување на волуменот на канцерогеното ткиво за 56%.

Друга пак студија, правена на луѓе, индицира дека јадењето на зелени лиснести зеленчуци може да го намали ризикот од рак на бели дробови, простата, дојка и колоректални канцери.

За ваквото дејство се смета дека се одговорни антиоксидативните својства на компонентите на спанаќот. Антиоксидантите како неоксантин и виолаксантин може да го намалат оксидативниот стрес и оштетувањето на ДНК и на тој начин да ги заштитат клетките од мутации. Антиканцерогено дејство можно е да имаат и хлоропластите кои се застапени кај спанаќот.

3) Спанаќот може да помогне во превенцијата од кардиоваскуларни заболувања

Благодарение на антиоксидативниот состав, спанаќот може да го ограничи хроничното воспаление во телото, што е еден од главните ризик фактори за развој на коронарни срцеви заболувања.

Студиите покажуваат дека спанаќот може да го заштити здравјето на срцето преку потткинување на создавањето азотна киселина, која ја подобрува циркулацијата, го намалува крвниот притисок и го подобрува здравјето на крвните садови. Ова го попречува натрупувањето на холестеролот и на тој начин превенира од појава на артеросклероза.

Спанаќот е богат и со специфични каротеноиди кои исто така се поврзуваат со намалувањето на хроничнато воспаление и хроничните болести кои следат потоа.

4) Може да помогне и во одржувањето на силен имун систем

Ваквото дејство на спанаќот се должи пред сè на високата содржина на витамин А и витамин С. Овие два антиоксидативни витамина се сметаат за особено значајни за силен имунитет. Силен имунитет значи подобар имун одговор на различните инфекции предизвикани од бактерии, вируси, токсини и други надворешни, па и внатрешни фактори. Витаминот С учествува во метаболизмот на синтеза не некои имуни клетки.

Преку намалувањето на воспалителните процеси, односно преку намалувањето на оштетувањата на клетките и промовирањето на добро дигестивно здравје, спанаќот исто така го помагат имуниот систем. Првото го прави преку штедењето на ресурсите на имунитетот, а второто преку подобра апсорпција на неопходните компоненти за правилна функција на имунитетот.

5) Спанаќот може да придонесе за стабилизирање на шеќерот во крвта

Спанаќот содржи компоненти наречени фитоекдистероиди. Во научните студии, стероидите покажуваат стимулирачко дејство на катаболизмот на глукозата, со што го одржуваат стабилно нејзиното ниво во крвта. Ова е многу значајно за луѓето со предијабет, дијабет и други форми на метаболитички синдром.

Високата содржина на растителни влакна исто така придонесува за стабилизирање на шеќерот. Тоа се постигнува преку постепената апсорпција на глукозата во крвните садови. Најдени се и уште неколку компоненти со вакво дејство кај спанаќот.

6) Помага во одржувањето на здравјето на очите

Ваквото својство се должи, пред сè на високата концентрација на витаминот А. Овој витамин е особено значаен за зачувавање на здравјето на ретината, мрежницата и рожницата.

Другите две каротеноидни компоненти кои се исто така значајни за видот, а ги содржи спанаќот се зеаксантинот и лутеинот. Овие антиоксиданти особено се значајни во превенцијата од очни заболувања поврзани со возраста. Таква е на пример макуларната дегенерација.

7) Спанаќот помага за поздрави коски

Спанаќот е еден од најбогатите извори на витамин К. Овој витамин е есенцијален за метаболизмот на коските. Витаминот К е потребен за здравјето на скелетната структура и може да помогне во превенцијата од остеопорозата која е доста честа кај повозрасните луѓе.

8) Добар извор на магнезиум

Спанаќот е исто така еден од најбогатите природни извори на магнезиум. Магнезиумот е многу значајна компонента за повеќе функции на организмот (повеќе од 300). Голем дел од населението во светот има недостаток од овој минерал. На пример, во САД дури 60% од населението има ваков недостаток.

Магнезиумот е значаен во метаболизмите на калциум, калиум, натриум. Сите тие, заедно со магнезиумот, играат значајна улога во контролата на невромускулните сигнали и контракцијата на мускулите. Затоа, недостатокот од магнезиум може да води кон мускулна болка и грчеви. Но, исто така може да предизвика несоница, нарушувања во расположението, главоболки, висок крвен притисок, зголемен ризик од дијабет итн.

Fibro Gel

Некои истражувања велат дека спанаќот може да помогне и во превензијата на некои когнитивни нарушувања кои се поврзани со староста. Но, потребни се повеќе истражувања на тематиката.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X