fbpx

Сте слушнале ли за сите придобивки од кардамонот?

tonus

Ако немате навика да користите различни зачини во исхраната, време е да го промените тоа!

 

Зошто е важно да користиме повеќе зачини во секојдневната исхрана?

 

За среќа, во денешно време повеќето зачини се широко достапни и повторно се враќаат на голема врата во нашите кујни. Постои тренд на користење на нови, нетипични зачини за нашите краишта, како куркума, кари, кумин, сумак, коријандер, цимет и многу други. Ваквите навики се искучително корисни, прво заради тоа што зачините имаат одличен хранлив состав и бројни корисни ефекти по здравјето кои произлегуваат од него. Второ, заради тоа што различните зачини ја прават здравата храна попривлечна и трето, не помалку важно, ја намалуваат и потребата за посолување на оброците!

[Поврзано: Намалувањето на солта во исхраната – наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

"“Online”/

Денес ќе зборуваме за извонредните карактериситики на зачинот кој е малку познат кај нас: кардамонот.


Што е кардамон?


Називот кардамон се однесува на семињата од билките на родот Elettaria (зелен кардамон) и Amomum (црн), кои заедно се дел од поголемото семејство на ѓумбиротZingiberaceae.

Растенијата од кои се добива зачинот потекнуваат од влажните, монсунски шумски предели на Индија, но и Гватемала, а во денешно време тие се култвираат и во други земји со погодна, слична клима. Различните типови кардамон највеќе се користат во азиските, кујните на Блискиот исток и Африка, но во последниве децении овој зачин е сè позастапен и во западниот свет. Освен како зачин, кардамонот во минатото се користел и во традиционалната медицина за најразлични проблеми, како оние со варењето, со бубрезите, потоа за ,,прочистување” на црниот дроб, намалување на болки од различен тип, а веројатно највеќе за третирање на оралните инфекции, болното грло и непријатниот здив.

Вкусот на кардамонот всушност е ,,сокриен” во семињата што се наоѓаат внатре во мешунките кои споро зреат: се работи за уникатен, комплексен вкус, во исто време благ, пикантен, цитрусен и ,,полн”. Многумина ги потсетува и на нането. Црниот тип кардамон има нешто посилен ,,димен” вкус, но потешко може да се најде низ нашите пазари (не се користи за слатките јадења, туку само за солени).

,,Мешунките” кардамон се берат кога не се целосно зрели, а потоа се мијат и подлежат на процес на сушење. Обично, во самите рецепти во кои се користи овој зачин стои на кој начин треба да се употреби, а постојат неколку – да се користи во неговата цела форма, да се користат само семчињата или мешунките/семчињата да се сомелат.

Сомелениот кардамон (само семките или целата мешунка) можете да го направите и во домашни услови, користејќи блендер, а потоа и цедалка со ситни дупчиња за да добиете фин прав. (претходно можете и кратко да ги потпечете мешунките, додека не почнат да ,,распукуваат”).

Во блендерот можете да додадете и малку кафен шеќер. Важно е да се каже дека мелениот кардамон доста брзо ја губи својата специфична арома, затоа немојте да правите поголеми количества, чувајте го во ќесички без воздух и преферирајте да го купувате како цел..

Во кои рецепти и комбинации најдобро оди кардамонот?

Комплексниот вкус на кардамонот му овозможува да биде користен и во солени и во слатки јадења, но и пијалаци. Ќе наведеме неколку примери:

  • Како додаток на топло какао, кафе, па дури и за подготовка и ,,зачинување” на чаевите
  • Додаток во јадења во кои се користи кари
  • Во комбинација со јатки, како бадемите
  • Во комбинација со овесна каша
  • Во рецепти со печено месо, особено јагнешко и пилешко
  • Во различни рецепти за рижото, но и сутлијаш
  • Во различни супи и чорби, особено од мешунки (грашок, леќа)
  • Во разни кондиторски, слатки јадења – пудинзи, палачинки, слатки колачи (,,милиброд”) итн.
  • Секаде каде што се користи и циметот

 

Многумина го џвакаат кардамонот и заради сузбивање на непријатниот здив.

Овој зачин може одлично да се искомбинира со вкусовите на ванила, цимет, ѓумбир, коријандер, потоа на каранфилчето, биберот, кимот, анасонот и слично.

[Поврзано: 6 причини зошто циметот не е само обичен зачин!]

На пазарот, кардамонот може да се сретне во најразлични форми:

  • Како ,,цел”, мешунките заедно со семето
  • Само како семе
  • Мелен цел кардамон
  • Мелено семе од кардамон
  • Како есенцијално масло
  • Хербален суплемент, во форма на капсула

 

Одлична хранлива вредност или нутритивен состав

 

Во само една лажица мелен кардамон или околу 6g, се содржат:

 

Покрај ова, кардамонот содржи и одредени количества од други нутриенти, како витамини од Б групата, витамин Ц, калциум, бакар и други фитохемикалии.

 

Иако се потребни уште доста истражувања, некои веќе постоечки укажуваат на потенцијални, бројни здравстени бенефити од почестата употреба на кардамон. Во продолжение накратко за секој од нив.

Моќно антиоксидативно средство – помош при повеќето хронични заболувања и во нивната превенција

 

Веројатно многупати сте чуле за антиоксидантите, но дали знаете зошто овие материи се толку важни за нашето здравје?

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки и ткива на организмот. Во спречувањето на овие процеси, клучна улога играат антиоксидантите компоненти. Телото може самото да продуцира компоненти со антиоксидативни својства, но во голема мера зависи и од оние внесените преку исхраната.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите огромниот дел од најчестите хронични заболувања како: ревматоиден артритис, синдром на нервозни цреваж, различни невродегенеративни заболувања, како Алцхајмер,  кардиоваскуларни проблеми, малигни заболувања, дијабет итн.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!]

 

Истражувањата што се занимавале со антиоксидативната содржина на кардамонот заклучуваат дека тој поседува потентна антиоксидативна активност (85-90%). Станува збор главно за фенолни и флавоноидни антиоксиданти. Главната антиоксидативна содржина на кардамонот отпаѓа на евкалиптол или цинеол (над 50%), потоа во помали количества следуваат: лимонен, терпени, борнеол, алфа пинен, камфор итн.

Генерално, како и кај повеќето други зачини, така и кај кардамонот, најголем дел од корисните ефекти се должат токму на неговите антиоксидативни фитохемикалии.

Помош при покачен крвен притисок и други кардиоваскуларни проблеми

 

Според одредени истражувања, кардамонот може да биде доста корисен за луѓето со покачен крвен притисок.

Така, во една студија, на 20 возрасни испитаници што имале проблем со покачен притисок, им биле давани по 3g кардамон во текот на 3 месеци. По поминатиот период, забележано било сериозно намалување на крвниот притисок до она што се смета за нормални граници.

Истражувачите сметаат дека ваквиот ефект на зачинот се должи на неговото силно антиоксидативно и диуретично дејство. Овие тврдења имаат базираност и во одредени претходни анимални студии.

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок]

Бројни истражувања на лабораториски глувчиња, покажуваат и дека кардамонот може да помогне во превенцијата од срцев удар, да ги намали мастите во крвта, холестеролот и да ја подобри општата функција на срцето. Ваквите ефекти повторно се ,,препишуваат” на антиоксидативната содржина. Веројатно свој удел има и содржината на минерални важни за срцето, како магнезиум и калиум на пример.

Подобра дигестија, па дури и помош при чиреви

 

Традиционалната медицина со векови го користела кардамонот за подобра дигестија.

 

Искуствата покажуваат дека мешањето на овој зачин со други слични, може да придонесе за сериозно олеснување на дискомфортот во цревата, гадењето и повраќањето.

 

Едно интересно истражување покажува дека дозирањето од 12,5mg екстракт од кардамон на 1 kg телесна тежина, може да покаже подобра ефективност, отколку медикаментозните терапии за чир на желудник.

 

Постојат и студии што велат дека кардамонот може да помогне во превенцијата од Helicobacter pylori, бактерија која најчесто се поврзува со стомачните чиреви.

 

[Поврзано: ХЕЛИКОБАКТЕР – непоканетиот гостин во желудникот]

 

Сепак, треба да се спомене дека се потреби повеќе клинички студии на луѓе, за да се потврдат ваквите извонредни ефекти на оваа билка.

Сериозна помош при непријатен здив и за одржување на здравјето на усната празнина

 

Уште од далечните времиња, луѓето го употребувале кардамонот за непријатниот здив, џвакајќи цели ,,зрна” кардамон по оброците. Веројатно не е залудно што одредени произведувачи на мастики го користат кардамонот во своите продукти.

Причината заради која овој зачин може да води кон свеж здив се должи на неговите силни антимикробни својства, односно способноста да се бори против честите ,,лоши” бактерии од усната празнина. Ваквите тврдења имаат и одредена научна основа.

Така, според едно истражување екстрактот од кардамон бил ефективен против бактериите кои предизвикуваат кариес. Кариесот освен проблемите со забите, води и кон лош здив. Едно друго истражување пак, вели дека кардамонот ги намалува бактериите во саливата (плунката) дури до 54%. Сепак, се работи за лабораториски студии, па јасно е дека се потребни повеќе клинички истражувања на оваа тема.

 

[Поврзано: Природни решенија за непријатниот здив!]

 

Други потенцијални корисни ефекти од честата употреба на кардамон:

 

  • Намалување на глукозните нивоа во крвта
  • Силно антимикробно дејство – против доста чести патогени, како кандида, ешерихија или салмонела.
  • Помош при слабеење
  • Потенцијален антиканцероген ефект
  • Помош во превенција од оштетувања на црниот дроб – бројни анимални истражувања покажуваат дека кардамонот може да го намали нивото на некои покачени ензими на црниот дроб, потоа да ги намали мастите и холестеролот во овој орган и да спречи негово зголемување/замастување.
  • Подобро расположение
  • Подобра искористеност на кислородот

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор