fbpx

СТРЕСОТ и покачениот притисок – кратки практични совети

tonus

Крвниот притисок претставува притисокот со кој крвта дејствува на ѕидовите од крвните садови (артериите). Ова е наједноставната дефиниција.

Кога го мериме притисокот, добиваме две вредности (плус онаа за пулсот). ,,Горниот” или систоличкиот и ,,долниот” или диастоличкиот. На пример, 120/80.

Горниот број го претставува количеството притисок во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул.

"“Online”/

Долниот број го претставува крвниот притисок за време на паузата помеѓу контракциите на срцето.

Хипертензијата пак, се дефинира како повишен крвен притисок или притисок над нормалата, во еден подолг период. Според Европското кардиолошко друштво, тој притисок е над границата од 140/90 mmHg.

За разлика од повеќето раширени митови на темата, фактите се јасни: покачениот притисок (во било кој дел од животот) во никој случај не е нешто нормално и нешто што треба да биде игнорирано!

[Поврзано: Утринските прошетки го намалуваат притисокот слично како и некои лекови!]

 

Во претходните статии зборувавме од различни перспективи за овој проблем, а денес ќе се задржиме на стресот како ризик-фактор за нарушен крвен притисок.

 

[Поврзано: Основни, а пресудни информации за крвниот притисок!]

 

Животните навики се во силна корелација со притисокот

 

Покрај исхраната (внесот на маснотии, солта итн.), на крвниот притисок делуваат и пушењето, алкохолот, физичката неактивност (која заедно со лошата исхрана е главниот фактор за повишена телесна тежина), неконтролираниот стрес итн.

 

[Поврзано: Наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот – рационалната употреба на солта!]

Која е поврзаноста помеѓу стресот и високиот крвен притисок?

 

Сите знаеме дека стресните ситуации можат да предизвикаат времени скокови во притисокот, но дали самиот стрес може да предизвика или да води кон хипертензија? Дали честите споменати ,,скокови” во притисокот, на долг рок можат да ,,станат” хипертензија? Истражувањата сè уште не се сигурни.

Значи, сè уште немаме доволно докази за да кажеме дека стресот и хипертензијата се директно поврзани, но едно е дефинитивно јасно:

Успешното справување или контролирањето на стресот, претставува доста значаен елемент во превенирањето на проблемот и подобрувањето на здравјето (намалување на притисокот помеѓу останатото) при покачен крвен притисок.

 

Начинот на кој се справуваме со стресот, има значително влијание на крвниот притсок!

 

Како одговор на стресните ситуации, нашето тело продуцира хормони. Овие хормони привремено го покачуваат крвниот притисок, забрзувајќи го срцевиот ритам и стеснувајќи ги крвните садови.

 

[Поврзано: Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ?]

 

Како што веќе споменавме, не постојат доволни докази дека стресот води кон долгорочно покачен притисок (хипертензија), но самите реакции на него, можат да бидат особено проблематични.

На пример, посегнувањето по цигари, претерувањето со нездрава храна со високи вкусови карактеристики која ќе нè здебели, претерувањето со алкохолните пијалаци итн. Сите овие се нездрави животни навики кои можат и те како да бидат поттикнати од стресот, а се ризик-фактор за покачен крвен притисок на долг рок (хипертензија).

[Поврзано: Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што да направите за да го спречите тоа?]

Покрај ова, дологорочно неконтролираниот стрес може да ги оштети крвните садови, но и да води кон одредени ментални нарушувања што негативно се одразуваат на кардиоваскуларното здравје, како анксиозност, депресија и социјална изолираност.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Значајно е да се каже дека при стресните ситуации, поттикнатиот висок краткотраен притисок може значително да се покачи, па да направи сериозни оштетувања на крвните садови, срцето и бубрезите, слично како и хипертензијата.

[Поврзано: Како СТРЕСОТ го намалува имунитетот?]

 

Контролирањето на стресот, може да ви помогне во намалувањето на притисокот!

 

Иако сè уште немаме доволно докази дека успешното контролирање на стресот на директен начин ќе помогне при хипертензија, нема сомневање дека користењето различни стратегии за справување со хроничниот стрес, ќе придонесе за менување на одредени навики што се на директен начин поврзани со покачениот притисок.

Постојат навистина бројни начини за контролирање на стресот, бидејќи тоа е во голема мера индивидуална работа. Ќе наведеме неколку генерални совети за менаџирање со стресот:

  • Организирајте го времето – гледајте распоредот во денот да одговора не само на вашите желби, туку повеќе на реалните потреби. Забележете кои активности ви се непријатни и не толку важни и исклучете ги од распоредот.
  • Правете работи што ви делуваат релаксирачки – дали ќе биде тоа некакво хоби, обични техники за длабоко дишење, јога или слично, зависи од вас.

    [Поврзано: Ритуали за релаксација!]
  • Имајте редовна физичка активност – физичката активност е најдобриот природен противник на стресот! Ако имате одредена дијагноза, задолжително консултирајте се со лекарот што ве следи пред да го интензивирате движењето!

    [Поврзано: Придобивки од физичката активност]

  • Спијте доволно – нарушената ,,хигиена на сон” може навистина да ја влоши и поттикне ситуацијата со хроничниот стрес.

    [Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

  • Одржете го контактот со луѓето со кои сте го имале и претходно – тоа што сте дома, не значи дека треба да се наруши комуникацијата со блиските луѓе. Барем денес тоа е лесно. Поседуваме компјутери, телефони, паметни телефони…
  • Засилете ја комуникацијата со домашните и луѓето на кои им верувате! – Ова е особено важно заради тоа што повеќето луѓе, поради брзиот начин на живот, немаат доволно комуникација со блиските. Тоа е важно не само поради надминувањето на стресот создаден од корона вирусот, туку и заради семејството.
  • Слушајте музика, читајте книги, гледајте филмови, а за децата, тука се и забавните игри – секако и за возрасните игрите не се забранети.
  • Ограничете го примањето на вестите и информациите – нема ништо многу значајно да пропуштите доколку во денот само еднаш или двапати ги проверите новостите. Постојаното дозирање со негативни, често и лажни вести, може многу да одмогне.
  • Информирајте се од кредибилни извори – лажните вести можат да ви создадат паника и да ви ја засилат анксиозноста.
  • Нека ве интересираат и убавите вести.

 

Поврзани теми:
Како да препознаете прекумерен стрес на работното место?

Зависно од вашата возраст – што треба да правите за здраво СРЦЕ!?

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор