fbpx

Сува кожа во зима? 10+ совети како да си помогнете!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сувата кожа дефинитивно е еден од најчестите проблеми поврзани со овој, инаку најголем орган во човековото тело.

Проблемот настанува поради несоодветно количество влага во кожата, што најчесто е предизвикано од фактори, како: процесот на стареење, генетиката, предолгата изложеност на сонце, одредени здравствени проблеми, неправилната исхрана, честото и долго туширање, употребата на несоодветни средства за хигиена и слично.

[Поврзано: Како честото ТУШИРАЊЕ влијае на здравјето?]

"“Online”/

Тие што го имаат проблемот со сува кожа, добро знаат дека тој може да се интензивира при поладни временски услови – да ја јави ксероза (чест назив за проблемот со сува кожа во зима). Зошто е ова случај?

Кога температурите паѓаат, паѓа и влажноста во воздухот, и во надворешната средина, но и во внатрешните простории. Ова неминовно негативно се одразува на влажноста на кожата.

 

За среќа, постојат повеќе начини според кои можеме да си помогнеме при сува и иритирана кожа во зимскиот период. Во продолжение, повеќе детали токму на оваа тематика.

Малку околу анатомијата на кожата

 

Клетките на епидермисот, односно последниот или надворешниот слој на кожата, се доста густо ,,пакувани”. Како врзивен елемент помеѓу нив, односно материјал кој ја одржува правилната, мазна и рамна форма на епидермалните клетки, се појавува специјална материја со липидна (масна) основа.

Претходно споменатите фактори кои поттикнуваат сушење на кожата, помеѓу кои и поладно зимско време, делуваат токму на овој ,,лепак” олабавувајќи ја неговата структура. На тој начин, се олеснува губењето на влагата од кожата. Тоа резултира не само со сува кожа, туку и со потреба за чешање, црвенило, распукана кожа, а некогаш и со чувство на горење во сувите предели.

Под епидермалниот дел, кој е првиот слој на кожата што има постојан допир со надворешноста, има уште 2 слоеви, со свои специфични функции:

  • Дермисот, кој ги содржи крвните садови, нервите, потните и масните жлезди, како и фоликулите на косата и
  • Поткожното масно ткиво, последниот слој богат со маснотии, што служат за изолирање, апсорпција на шокови и како енергетска резерва.

 

Токму во епидермалниот дел од кожата се случува сушењето. Овој слој се состои од клетки кои се во постојано движење. Всушност, епидермалниот слој се состои од густо пакувани клетки што излегуваат од подолните слоеви како помлади и по одредено време, односно кога ќе стасаат до ,,површината” изумираат и отпаѓаат. Ваквиот циклус овозможува целосно заменување или нова кожа во период од околу само еден месец.

 

Кои се симптомите на ксерозата?

 

Најчестите симптоми се:

 

  • Видливо сува кожа
  • Кожа што се рони и отпаѓа
  • Црвенило
  • Група површина на кожата
  • Потреба за чешање
  • Иритирана кожа
  • Распукана кожа
  • Чувство на пецкање и/или горење на местата со сува кожа

 

 

Повозрасните лица се во поголем ризик

 

Со текот на годините, кожата губи од својот квалитет, па така статистиките велат дека најмалку 75% од лицата на 64 години, имаат проблем со сувата кожа. Причините се јасни: акумулираните штети од самата изложеност на кожата (на сонцето и другите надворешни фактори) со текот на годините, резултира со истенчена кожа која многу потешко може да ја задржи влагата. Дополнително, со текот на времето опаѓа и способноста на телото да продуцира од природните масла неопходни за кожата, како и способноста на дермисот да ја задржува водата..

За жал, ова е особено интензивирано кај женскиот дел од популацијата, веројатно поради хормонските промени (се намалуваат и хормоните што ги стимулираат масните и потни жлезди на кожата) што следат по менопаузата.

 

[Поврзано: Нехормонско третирање на ,,жешките бранови” во менопаузата]

Сувата кожа вообичаено не е сериозен здравствен проблем, но во одредени случаи таа може да води и кон компликации, како хронична егзема, непријатни крварење од пукнатините на кожата што можат да ,,стигнат” дури до делот кадешто се крвните садови на дермисот или секундарни бактериски инфекции.

[Поврзано: Што е егзема (атописки дерматитис) и како да си помогнете при нејзините непријатни симптоми?]

За потешките случаи на сува кожа, постојат и соодветни медикаментозни терапии кои исклучиво се земаат по препорака на дерматолог. Дополнително, треба да се знае дека самата сува кожа може да биде и симптом што укажува на посериозен здравствен проблем, како на пример:

 

 

Така, дерматологот може да се посомнева на некоја од овие состојби и да препорача соодветно тестирање, особено ако имате и некои други симптоми во таа насока.

10+ корисни совети како да си помогнете при сува кожа (во зима):

 

  1. Немојте да се туширате премногу често.

  2. Кога се туширате, гледајте водата да не биде прежешка и самото туширање да трае 5-10 минути.

  3. Немојте да нанесувате било какви средства за капење повеќе од 2 пати.

  4. Веднаш по туширањето, нанесете соодветно средство или лосион за навлажнување на кожата можете да користите и природни навлажнувачи, како маслиново масло, масло од бадеми и слични масла на природна база. Гледајте да користите средства за кои можете да обезбедите информација дека не делуваат на затворање на кожните пори.

 

       5. Немојте да претерувате со миењето на рацете и носете ракавици при миењето садови.

      6. Облечете се добро кога излегувате на ладно време.

     7. Користете навлажнувачи на воздухот во домашните простории.

     8. Никогаш немојте да бидете груби (различни четки, сунѓери за туширање) со вашата кожа и често да се чешате.

 

     9. Ако имате осетлива кожа, користете крема за сончање без разлика дали надвор е зима.

     10. Избегнувајте да носите волнена облека или било кој друг материјал што ви ја иритира кожата.

     11. При бричењето, секогаш користете пена за бричење или сапуница.

     12.  Ако често правите ексофилијација, бидете внимателни, бидејќи претерувањето со овој процес, може да ја оштети кожата и да ја направи ранлива на сушење.

Fibro Gel

     13. Хидрирајте се и ,,одвнатре” и хранете се здраво. Пиењето доволно вода и внесувањето на сите хранливи материи потребни за здрава кожа (како на пример здрави маснотии, цинк, витамин Е итн.) е од особена важност. Во иднина, ќе посветиме посебна статија за тоа колку е значајна исхраната и во однос на нашата кожа!

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X