fbpx

Тајната на ЈО-ЈО ефектот и како тој го уништува здравјето!

tonus

Јо-јо ефектот е познат термин за оние кои често се обидувале да ослабат преку примена на било каква диета, или можеби не е сосема познат, но со огромна веројатност го имаат искусено она што всушност го означува овој поим.

Јо-јо ефектот означува драматично (во смисла, во краток период) губење на килограмите и потоа неуспешни обиди за постигнување баланс во целта да се одржи таквата посакувана тежина, односно повторно враќање на претходно изгубените килограми, па во некои ситуации дури и полошо, нивно надминување. Со повторната примена на рестриктивната диета доаѓа повторно до нагло слабеење, па се формира еден безизлезен циклус – слабеење-враќање на килограмите-слабеење-враќање на килограмите-слабеење….

Ова се случува, бидејќи диетите имаат ,,вродена маана”, односно немаат решение што по завршувањето на рестрикциите. Така, тие најчесто даваат резултат по одредено време, но по нивното завршувањето, луѓето се враќаат на страната исхрана и начин на живеење, што всушност била и суштината на проблемот со телесната тежина.

"“Online”/

Повеќе околу тоа зошто сите диети се погрешни, прочитајте тука.

Јо-јо ефектот прави поразителен импакт од психолошки аспект


Голем дел од луѓето кои често применуваат диети како начин за контрола на телесната тежина, постојано го искусуваат овој јо-јо ефект и тој им влијае фрустрирачки, им ја намалува самодовербата, па ако сакате и буџетот за облека. Доведени во ваква ситуација, луѓето многу често заклучуваат дека не е можно да имаат нормална и трајна телесна тежина. Ваквиот ,,мајндсет” поразителен ефект.

Јо-јо ефектот, освен психолошки, може да има и низа физички негативни импликации на нашиот организам.

Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања


Според Американската агенција за здравје на срцето, постојаните нагли варијации во телесната тежина или јо-јо ефектот на диетите, има негативно влијание на речиси сите главни ризик-фактори за нарушено кардиоваскуларно здравје – гојазност, пушење, шеќер, високи масти и холестерол, крвен притисок и физичка неактивност.

Некои истражувања укажуваат дека дури и варијациите (јо-јо циклусите) од само 4 килограми, можат значително да влијаат на зголемување на ризикот од срцеви заболувања.

Експертите сметаат дека ваквиот ефект главно се должи на тоа што при секое ,,ново” покачување на телесната тежина, параметрите за кардиоваскуларното здравје се нарушуваат – крвниот притисок, липидниот профил (холестеролот и триглицеридите), глукозата во крвта итн.

Една од клучните причини за овие нарушени параметри е тоа што во делот од циклусот каде што се губи телесна тежина, се намалува масното ткиво, но во одреден дел и  мускулното, а делот од циклусот кога тежината се покажува – тоа речиси исклучиво се должи на маснотиите. Дополнително, овие масни наслаги најчесто се во пределот на стомакот, што исто така се поврзува со зголемен ризик од срцеви заболувања, но и дијабет.


Бавен метаболизам

Јо-јо ефектот, предизвикувајќи ги претходно споменатите циклуси, со текот на времето може да доведе до нарушувања на метаболизмот. Добра вест е тоа што ваквите нарушувања не мораат да бидат трајни.

Постојат повеќе начини метаболизмот да се врати во нормала, а тоа се здравиот начин на исхрана и живеење, односно постепеното и трајно губење на телесната тежина. Вежбите со тежина исто така можат да помогнат, бидејќи количеството и густината на мускулната маса има значителен ефект на функцијата на метаболизмот.

Повеќе за метаболизмот, прочитајте во една од нашите претходни статии: Сè што треба да знаете за вашиот МЕТАБОЛИЗАМ!

Хормонски промени

Наглите и постојани промени во телесната тежина, можат да предизвикаат и постојани промени во хормонските нивоа, со навистина лоши последици.

Иако факторите како возраст и пол играат голема улога, јо-јо ефектот без разлика на возраста и полот, може да го наруши регулирањето на хормоните, како кортизол и мелатонин,на пример. Овие два хормони (хормони на стресот и сонот) се од особено значење за контролирањето на телесната тежина, имајќи предвид дека стресот и квалитетниот сон влијаат на килограмите. Повеќе на овие теми прочитајте со кликнување на линковите поставени погоре.

Колку повеќе циклуси слабеење-повишување на килограми се одвиваат, толку поголема е  штетата. Експертите сметаат дека токму заради овие промени, луѓето со секој нов циклус, враќаат или покачуваат сè повеќе килограми.

Други негативности предизвикани од јо-јо ефектот:

• Зголемен ризик од замастен црн дроб.

• Зголемен ризик од метаболен синдром.

• Со секој нов циклус, се губи сè повеќе мускулна маса, а се добива се повеќе масно ткиво.

Хормонскиот дисбаланс води и кон зголемен апетит.


Краток заклучок

Можеби брзото губење на килограмите е одлично за на инстаграм, но не и за нашето тело. Колку и лошо да звучи, за здраво слабеење се смета само она со брзина до околу 1 килограм неделно. Сè што е над ова, може да нѝ создаде повеќе проблеми, отколку корист.

Од сето горенаведено, може да се заклучи дека одржувањето, не само на нормална, туку на ПОСТОЈАНА нормална телесна тежина е клучно за добро кардиоваскуларно и општо здравје. Затоа, диетите со нивниот јо-јо ефект секогаш ќе останат погрешен избор.

За среќа, постигнувањето на постојана нормална телесна тежина е возможно. За таа цел е потребна целосна промена на лошите животни навики и усвојување на одржлив и здрав начин на исхрана, но и редовна физичка активност, конролиран стрес и квалитетен сон.

За важните принципи околу процесот на слабеење и како правилно да започнете со овој процес, прочитајте на следнито линк: Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не да правите?.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор