fbpx

Телесната тежина со изненадувачки ефекти и на мозокот!

tonus

Сите сме свесни дека гојазноста е фактор кој го зголемува ризикот од низа најразлични заболувања. Од кардиоваскуларни, па се до поголем ризик од компликации при инфективни заболувања, како онаа со новиот коронавирус, на пример.

Дополнително, гојазноста има и социјални импликации, односно претставува проблем за здравствениот систем, но за жал и за самата личност која живее во заедницата. Ја намалува мобилноста, самодовербата и можноста за добра социјализација, особено во периодот на детството. Сето ова води и кон најразлични психолошки нарушувања – депресија, анксиозност итн.

Затоа, на ова хронично заболување треба да му се пристапи сериозно и да се најде мотив за менување на навиките кои довеле до проблемот.

"“Online”/

Една нова студија утврдува дополнителни проблеми од обезноста

Според новата студија објавена во Journal of Alzheimer’s Disease, како што телесната тежина на една личност оди нагоре, така активноста и циркулацијата во сите региони на мозокот оди надолу. Намалената церебрална (мозочна) циркулација се поврзува со зголемен ризик од Алцхајмеровото заболување, но и низа на други психијатриски нарушувања.


Нешто повеќе околу студијата

Постојат повеќе истражувања кои наоѓаат одредени негативни релации помеѓу здравјето на мозокот и обезноста, но оваа студија е можеби најобемното такво истражување.

Таа анализира над 35 илјади слики од специјализирана компјутерска томографија (SPECT), од над 17 илјади волонтери. Целта била мерење на протокот на крвта или циркулацијата во мозокот и неговата активност. Како што веќе споменавме, намалената церебрална (мозочна) циркулација, претставува ризик-фактор број еден за развој на Алцхајмер, но се поврзува и со депресија, биполарно растројство, АДХД синдром, шизофренија, зависност, самоубиства и други состојби.

Впечатливи обрасци на прогресивно намалување на протокот на крвта биле пронајдени во речиси сите региони на мозокот на одредени личности, низ сите категории на луѓе: оние со помал BMI од нормалниот, оние со нормален ВМI, зголемена телесна тежина, обезност и екстремна обезност. Обрасците биле забележани додека волонтерите мирувале, но и додека правеле одредени вежби за концентрација. Сепак, ова намалување на протокот значително се зголемувало со зголемувањето на BMI, што значи дека било најзастапено кај оние со екстремна обезност.

Повеќето од споменатите региони се токму регионите кои се значајни кога станува збор за Алцхајмеровото заболување – хипокампусот, темпоралниот, париеталниот лобус итн.


Резултатите од оваа студија се загрижувачи и испраќаат силно предупредување


Имајќи предвид дека гојазноста одамна има заземено пандемиски размери, ова се лоши вести и за менталното и когнитивното здравје на луѓето ширум светот.

Експертите од областа, велат дека е многу важно и дека сега е веќе време Алцхајмерот да се прифати како заболување кое е поврзано со животниот стил или начинот на живеење. Помалку треба да се поврзува со процесот на стареење, бидејќи таквите заболувања се малку поинакви, односно претставуваат еден вид ,,сума” или збир од ,,оштетувањата” од целиот живот.

Претходната студија дава резултати токму во оваа насока – обезноста значително го намалува дотокот на оксидираната крв во мозокот, што пак поттикнува или води кон Алцхајмер. Според експертите ова се значајни резултати и напредок, заради тоа што тие директно покажуваат како мозокот ,,реагира” или ,,одговара” на она што се случува со нашето тело.

Која е пораката?

Споменатата студија дава дополнителна причина обезноста да се сфати многу посериозно и ја потенцира потребата правилното и здраво слабеење да се користи и како средство за превенција од нарушувања на функцијата на мозокот.

Ова вклучува превенција на Алцхајмер, но и оптимизирање на когнитивната функција кај помладите луѓе.

Во една од претходните статии заклучивме дека здравиот начин на живот може значително да го намали ризикот од деменција (и до 40%). Повеќе на оваа тема прочитајте на следниот линк: Водењето здрав живот – клучен фактор и во превенцијата од деменција.

Значи, здравиот начин на живот, покрај другите придобивки за физичкото здравје е клучен дел од сложувалката и за оптималното ментално здравје. Под здраво живеење не се подразбира само здрава исхрана, туку и редовна физичка, но и ментална активност (читањето, љубопитноста и постојаното учење нови работи), добра хигиена на сон, менаџирање со секојдневниот стрес, непушење, избегнување на алкохол и одржување на нормална телесна тежина.


Извор
:

Neuroscience news.com,
https://content.iospress.com/articles/journal-of-alzheimers-disease/jad200655

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор