fbpx

Туширање со ладна вода – Кои се можните корисни ефекти?

tonus

Поголемиот дел од луѓето преферираат туширање со жешка или топла вода. Но дали некогаш сте се обидете да се истуширате со ладна вода? Некои истражувања покажуваат дека туширањето со студена вода може да има повеќе корисни ефекти во однос на физичкото, но и на менталното здравје.

Во продолжение, нешто повеќе околу податоците кои ги даваат овие истражувања и совети околу тоа како правилно да започнете и потоа постојано да го применувате ладното туширање.

[Поврзано: Како честото ТУШИРАЊЕ влијае на здравјето?]

"“Online”/

Зголемена будност


Многумина имаат проблем со раното будење, најчесто поради тешкото расонување. Ладниот туш може да биде одлична замена или дополнување на утринското кафе. Тој може сосема да ве расони поради ефектот кој го има врз телото.

[Поврзано: Добри вести за љубителите на КАФЕТО!]

Според една мета-анализа на повеќе студии, ладната вода може да има повеќе физиолошки ефекти врз нашето тело и тоа:

да го забрза ритамот на срцето, односно да ја подобри циркулацијата на крвта
да го зголеми крвниот притисок
да го забрза ритамот на дишење
да го забрза метаболизмот

Телото мора брзо да реагира за да ја одржи својата оптимална телесна температура, па на тој начин ладниот туш нѝ го забрзува метаболизмот (предизвикува негова поинтензивна активност). Сепак, тоа забрзување трае додека трае и туширањето – 5 до 10 минути. Затоа не се точни некои тврдењата кои велат дека ладниот туш ќе води кон губење килограми.

Како и да е, тие неколку минути се доволни да предизвикаат поголема будност, па можеме многу полесно да се расониме, а нѝ се зголемува и желбата за физичка активност.

Повеќе основни инфромации околу метаболизмот, прочитајте тука.

Ладниот туш го подобрува расположението

Некои експерти велат дека ладниот туш може да го подобри и расположението. Според некои теории, оваа навика може да го активира симпатичкиот нервен систем и да ја зголеми достапноста на невротрансмитерите, како што се ендрофините и норадреналинот. На тој начин, можно е по туширањето со студена вода, луѓето да се чувствуваат порелаксирано и порасположено, а позитивен ефект е можен и во однос на депресијата.

Го зајакнува имунитетот?

Една студија утврдува дека луѓето кои редовно се тушираат со ладна вода, имаат значително помал ризик (29% помал) од отсуствуво на работа или на училиште, поради некаква болест.

Истражувањето било спроведено на над 3000 волонтери кои претходно имале навика за туширање со топла вода, а за време на студијата ја смениле навиката и почнале да се тушираат (и) со студена (30-90 секунди во зависност од барањата поставени од истражувачите). Секако, одреден дел од нив продолжиле со старата навика за туширање, па служеле како контролна група.

Според резултатите, иако помеѓу двете групи не се покажала разлика во деновите со симптоми од некаква настинка, сепак луѓето од групата која се туширала со ладна вода имале многу помалку отсуства од работа или училиште. Заклучокот на истражувачите бил дека ова е случај поради тоа што ладниот туш им овозможува на луѓето мнгоу полесно да се справат со непријатните симптоми на настинката, односно да се чувствуаат доста подобро и поспособно за извршување на сите обврски кои ги очекуваат во текот на денот.

Го намалува чувството на замор по физичката активност


Според едно пообемна анализа на податоци, ладниот туш и/или комбинацијата од топол и ладен туш, може да го намали чувството на замореност после напорниот тренинг од било каков вид.

Заради овие причини, студенит туш често се препорачува за спортистите и поактивните рекреативци.

Дополнително, тој може да допринесе и за ослободување од непријатната топлина по вежбањето, но и да ги намали воспаленијата.

Може да ги намали болките


Според North American Journal of Medical Sciences, ладната вода (слично како и облогите од мраз), може да има локално анестетско дејство, односно да влијае на намалување на болките.

Изложеноста на ладната вода предизвикува крвните садови да се стеснат, што може да помогне во намалувањето на различните отоци кои ја предизвикуваат болката.

Дополнително, ладното осетно ја успорува брзината со која нервните сигнали (во случајов за болка) патуваат до мозокот. На тој начин, перцепцијата е дека болката е значително намалена.

Кратки совети околу туширањето со ладна вода и како да започнете:

Корисните ефекти се можни и без долготрајно туширање со ладна вода (доволни се од половина до 2 минути)

Корисните ефекти се исти и со комбинираното туширање, односно прво туширање со топла вода, а потоа менување кон поладна (секако, туширањето со прежешка вода и потоа менување во доста ладна, не е паметна идеја)

Водата не мора да биде премногу ладна – околу 20-тина степени е идеално

Ако сте почетник, најпрво започнете со 30 секунди туширање со не толку ладна вода, по вообичаеното туширање. Потоа, постепено зголемувајте го времето и намалувајте ја температурата на водата.

Ако имате одредени срцеви проблеми, задолжително консултирајте со вашиот лекар пред да почнете редовно да се туширате со ладна вода.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор