fbpx

УРМИ – може ли да се најде поздраво, повкусно и поблаго овошје?

tonus

Урмите се веројатно најслаткиот плод на природата. Нивната висока концентрација на шеќери често пати е причина за загриженост кај луѓето, односно честа е дилемата: Дали урмите се здрав избор?

Накратко ќе кажеме: урмите се веројатно најприродниот и најздрав начин да се ,,заблажите”. Во продолжение, ќе наведеме низа причини зошто е тоа така.

Веројатно најслатките овошки на природата!


Урмите се свежите плодови на специфичните палмини дрвја, нарекувани и датули (Phoenix dactylifera), од семејството растенија Arecaceae. Овие растенија се сметаат за едни од најстарите култивирани култури, а за нивно место на потекло се смета просторот помеѓу Египет и земјите од  Блискиот Исток. Денес овие палми се одгледуваат ширум светот, во регионите со тропска и суптропска клима.

"“Online”/

Нивните плодови се со специфичен долгнавест, овално-цилиндричен облик и имаат од светло црвено, до светло жолто обојување, во зависност од сортата и концентрацијата на шеќер во самиот плод.

Сепак, во западниот свет, па и кај нас во Македонија, урмите секогаш се во својата сушена форма, па во овој текст ќе зборуваме за оваа нивна форма. На овој начин, хранлива вредност на урмите е уште посконцентрирана (губат од водата)!

Помеѓу најпопуларните видови се т.н. Medjоol урми и Deglet урми. Првите се потемни, нешто поголеми и послатки, но сите типови урми имаат сосема слична нутритивна вредност.

Овие суви овошки се нераздвоен дел од традиционалната кујна на Блискиот Исток, но доста често се користат и во медитеранскиот начин на исхрана, што се смета и за најдобар. Најчесто се консумираат како десерт или засладувач (како замена за шеќерот и другите нездрави засладувачи). Други начини за користење: во најразлични ,,смути” напитоци, за подготовка на енергетски бомбици и гранола барови, за правење сируп или паста од урми итн.

 

[Поврзано: Енергетски бомбици во 3 исклучително вкусни варијанти!]

 

Урмите се веројатно најнутритивната или најхранливата енергетска бомба на природата

Урмите имаат навистина импресивна хранлива вредност. Калориската вредност им е слична со сушените смокви и сувото грозје.

Најголемиот дел од калориите на урмата доаѓаат од нејзиниот јаглехидратен состав, а сосема мал дел од протеините. Количеството на мастите е сосема занемарливо.

Во една порција, или во околу 30g (3 суви урми), се содржат:

  • Близу 80 калории
  • 23g јаглехидрати, од кои 18g шеќери и 2,5g растителни влакна
  • Околу 1g протеини
  • 0,1g масти
  • 5% од ДП за витамините Б5 и Б6
  • 3% од ДП за витаминот Б3
  • 6% од Дневните Потреби за калиум
  • 5% од ДП за магнезиум
  • 7% од ДП за бакар
  • 5% од ДП за манган
  • 4% од ДП за железо
  • 3% од ДП за фосфор
  • 1% од ДП за селен

 

Покрај ова, урмите содржат и одредено количество на цинк, калциум, витамин А и некои други витамини од Б групата, како фолната киселина на пример.

[Поврзано: Путер од кикирики – ЕНЕРГЕТСКА, но и ХРАНЛИВА бомба!]

 

Идеален избор кога имате ,,кризи за слатко”!

Иако речиси целата енергија на урмите потекнува од шеќерите (главно од слатката фруктоза), сепак тие имаат низок гликемиски индекс, односно тој се движи од 46 до 55.

Тоа значи дека овие суви овошки не создаваат шеќерни пикови или нивниот шеќер не преминува толку лесно преку дигестијата, во крвниот систем. Зошто е ова случај?

Одговорот е едноставен, урмите се богати и со растителни влакна (дури до 10% вкупната содржина!). Всушност, фиберот значително ја успорува работата на дигестивните ензими. Ова значи дека урмите освен што се безбедни за лицата со дијабет, можат лесно да придонесат за заситувањето, што ги прави погодни и во процесот на слабеење.

 

[Поврзано: Што треба да знаете за ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС?]

 

Во една студија се заклучува дека јадењето околу 40g урми, во период од 3 недели, ја подобрува цревната перистатика, односно движењето на храната во цревниот систем, што е особено значајно за лицата кои често се измачуваат со констипацијата (запек). Друго истражување пак, покажува дека зголемувањето на внесот на фибер во организмот, може да придонесе дури и за опаѓање на шансите за развој на колоректален канцер!

 

Покрај ова, истражувањата на тема растителни влакна, утврдуваат и бројни други корисни ефекти од овие компоненти, како:

  • Подобро дигестивно здравје
  • Пребиотско дејство
  • Намалување на холестеролот
  • Значаен антивоспалителен ефект итн.

 

Извонредно здрав, природен засладувач!

 

Од сето наведено, лесно може да се заклучи дека урмите можат да се користат како здрава замена за грануларниот, бел шеќер! Ако сакаме да ги користиме како засладувач, најдобро е урмите да се додаваат во различните оброци во форма на сируп или паста. Овие производи се прават доста едноставно и во домашни услови, сè што ви треба е блендер, урми и вода.

 

[Поврзано: Дали КАФЕАВИОТ шеќер е само обичен бел, но ОБОЕН шеќер?]

 

Секако, фактот што урмите се безбедни и здрави, не значи дека можете да претерувате со нивното количествата, без никакви негативни последици. Користете ги урмите умерено, максимум до 10 парчиња дневно, бидејќи се доста богати со енергија. Ако не сте многу активни, треба особено да внимавате со количествата.

Антиоксидативен и антивоспалителен ефект

 

Покрај горенаведените нутриенти, урмите се одличен извор и на антиоксидативни фитохемикалии, како:

 

  • Флавоноиди
  • Каротеноиди
  • Фенолична киселина

 

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања, како ревматоиден артритис, канцер, синдром на нервозни црева, различни невродегенеративни заболувања, кардиоваскуларни проблеми итн.

 

Урми за поздраво срце!

 

Имајќи го предвид претходно наведениот состав и карактеристики, лесно може да се заклучи дека урмите се добри за кардиоваскуларното здравје.

Главно, тоа се должи на 3 причини.

 

  1. Поради нивниот потентен антивоспалителен ефект.

Антиоксидантите од урмите дејствуваат:

Според едно истражување, објавено во Journal of Agricultural and Food Chemistry, ако редовно се консумираат, Мedjool урмите можат да делуваат на намалување на крвните триглицериди за дури 8%.

1 Поради минералот калиум!

 

Калиумот, најзастапениот минерал со кој се богати урмите, делува на намалување на високиот крвен притисок, го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта крвните садов и ја подобрува циркулацијата.

[Поврзано: Без КАЛИУМ нема здраво срце! Како секојдневно да го внесуваме во доволни количества?]

2 Поради богатата содржина на растителни влакна

 

Веќе претходно споменавме дека растителните влакна можат да превенираат и да помогнат при гојазност, но и да го регулираат липидниот статус, што е од особена важност за здраво срце. Под регулирање на липидниот статус се поздразбира намалување на ,,лошиот” LDL холестерол и намалување на триглицеридите (мастите) во крвта.

 

3 Подобро здравје на мозокот!

Бројните различни фитохемикалии на урмите, помеѓу другите позитивни ефекти, низ истражувањата се покажале и како особено корисни за здравјето на мозокот. Пред се, тука се мисли на флавоноидните антиоксидативни компоненти.

 

Така на пример, во една студија, објавена во спасанието Neural Regeneration Research, се вели дека урмите имаат ветувачки терапевтски потенцијал за Алцхајмеровото заболувања! Во испитувањето се заклучува дека тоа се должи на антиоксидативниот и антивоспалителен ефект на фитохемикалиите од урмите, што може да допринесе за борба против инфламацијата и оксидативниот стрес во мозочното ткиво.

 

[Поврзано: Најдобрата храна за МОЗОКОТ!]

 

Други позитивни ефекти од почестото јадење урми:

 

  • Подобар спортски перформанс – зголемување на енергетското ниво за брзо време и соодветно заситувачко дејство. Значи тие се одлична ужина пред и по тренингот.
  • Поздрави коски! – поради сосема солидната содржина на минерали кои се од исклучителна важност за здравјето на коските, како манган, калиум, магнезиум, фосфор, калциум итн.
  • Подобро здравје на очите – поради антиоксидативниот состав, пред сè каротеноидите.
  • Потенцијален антиканцероген ефект – поради исклучителната антиоксидативна содржина.
  • Позитивен ефект во однос на тегобите во бременоста – одредени истражувања утврдуваат бенефити на урмите во однос на олеснување на природниот процес на пораѓање.
  • Поуспешно менаџирање со дијабетот – поради нискиот гликемиски индекс, фиберот и антиоксидативниот состав. Ова го потврдуваат и одредени истражувања на темата.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор