fbpx

Уште една докажна придобивка од медитеранската исхрана!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Новите неодамнешни истражувања водат до податоци кои уште еднаш го потврдуваат позитивното дејство врз здравјето на медитеранскиот начин на исхрана, овој пат од малку поразлична перспектива од порано.

"“Online”/

Имено, во една студија објавена во понеделникот, во едно од најреномираните медицински списанија British Medical Journal утврдено е дека јадењето според медитеранскиот начин на исхрана во период од само една година, може да ја подобри цревната микрофлора (заедницата од бактерии со позитивно дејство по здравејто на човекот- бактерии кои ни помагаат во разградувањето на храната) кај повозрасните луѓе на начин што позитивно влијае на функцијата на мозокот и води кон долговечност.

Студијата утврдува дека ваквиот начин на исхрана може да ја инхибира, односно да ја спречи продукција на низа од воспалителни соединенија што можат да предизвикаат загуби на когнитивните функции и развој на најчестите хронични болести на денешницата како што се дијабет, малигни заболувања и артериосклероза.

,,Нашите наоди го поддржуваат тврдењето дека промената на животните навики (преминувањето на медитеранската исхрана) може да ја модулира, односно да ја измени цревната микрофлора во насока што ќе обезбеди поздраво стареење.” -вели авторот на оваа студија.

Улогата на микрофлората

Според науката, околу 60 тони храна минува низ дигестивниот тракт на човекот во текот на просечен животен век. Овој факт значи дека во текот на животот телото е изложено на милиони различни бактерии, плус бактериите со кои сме родени. Многу од овие микроскопски организми играат значајни улоги (добри или лоши) во однос на тоа колку добро ќе се апсорбираат хранливите материи во дигестивниот систем; во однос на функционирањето на имуниот систем; и во однос на нивото на нашата енергија, односно на метаболитичките патишта.

Исто така научно утврдено е и дека со текот на стареењето губиме дел од природно присутната, ,,наша” микрофлора. Лошата исхрана, односно исхраната која ги нема сите неопходни макро и микронутриенти е доста честа кај возрасните лица кои се хоспитализирани, се наоѓаат во старечки домови или живеат сами. Некои здравствени состојби, како и честите проблеми со забите се чести кај оваа категорија на популација, па исто така можат да ја нарушат нормалната, добро балансирана исхрана.

Fibro Gel

Како што се намалува корисната микрофлора, така расте создавањето на воспалителни соединенија што придонесуваат за инфламаторни процеси кои се типични за возрасните луѓе. Овие воспалителни процеси можат да водат до сериозни здравствени нарушувања како што се канцер, невролошки заболувања и многу други.

Забележителна промена во 12-те месеци

Во оваа студија биле анализирани цревните флори на 612 возрасни лица (65-79 години) од Франција, Италија, Холандија, Полска и Велика Британија, по што 323 од нив биле ставени на режим на исхрана со траење од 12 месеци.  Тој режим подразбирал јадење на многу овошје, зеленчук, јатки, легуминози (грав, грашок, леќа, боранија), маслиново масло, риба и во многу мали количини процесиран шеќер, црвено месо и храна богата со заситени масти, општо. Всушност, медитеранска диета.

Останатите 289 испитувани лица продолжиле со начинот на исхрана кој го практикувале и до тогаш.

По една година, кај оние кои што ја следеле медитеранската исхрана било утврдено успорување во губењето на корисната микрофлора и ниска продукција на воспалителни соединенија, па тие биле сведоци на бенефитите од промените во микрофлората на нивниот дигестивен систем. Во исто време очигледни биле растот и ефектите на корисните бактерии кои се поврзуваат со подобрување во меморијата и функционирањето на мозокот. Ваквата исхрана покажала и потикнувачко дејство во однос на ,,keystone” бактериите, односно бактериите кои влијаат значително на составот на вкупната микрофлора.

*(keystone организми, организми кои што имаат клучна позиција во екосистемите и од нив зависи развојот и присуството на останатите организми).

Еден од позитивните ефектите исто така се и намалените знаци на слабост при движењето на рацете и нозете, што било од особена значајност кај постарите лица.

Студијата е дел од еден поголем проект на испитувања на случајни 1200 возрасни испитаници, наречен ,,Европски проект за исхраната кај возрасните луѓе” кој е започнат уште во 2012 година. Претходните публикации во рамките на овој проект утврдија дека следачите на оваа исхрана ја подобруваат својата eпизодна меморија и општо своите когнитивни способности, а подолготрајното следење на овој начин на исхрана, исто така, води кон подобрување на здравјето на коските, регулирање на крвниот притисок и намалувањето на масните наслаги во крвните садови.

Бенефитите од медитеранската исхрана

Откритието дека следењето на оваа исхрана делува позитивно на цревната микрофлора не е особено изненадување; диетата веќе доби доста научни признанија за своето повеќекратно позитивно дејство. Намалување на ризикот од дијабетес, од висок холестерол, деменција, губење на меморија, депресија и рак на дојка се само дел од палетата позитивни дејства кои се потврдени. Оброците од сончевиот Медитерански регион се поврзуваат и со силни коски, поздраво срце и долговечност, но да не го заборавиме тука и губењето на вишокот килограми!

Диетата вклучува едноставно готвење базирано на растителна храна, со поголемиот дел на оброци базирани на овошки и зеленчук, интегрална зрнеста храна, легуминози и семиња, со по неколку јатки и поголема употреба на ладно цедено маслиново масло. Рафинираните шеќери и белите брашна се консумираат само во ретки прилики. Масна храна, особено масната храна со заситени масни киселини (од животинско потекло) се консумира екстремно ретко. Meсото исто така ретко се употребува, а особено ретко како главно јадење слично како и млечните продукти, јајцата итн. Рибата од друга страна се употребува доста често.

Значајно за овој начин на исхрана е тоа што тој подразбира јадење со пријателите и семејството, што ја става храната во втор план, а социјализирањето во прв. На тој начин се избегнуваат прејадувањата и се јаде во поумерени количини. Треба да се напомене и дека самиот начин на живот на луѓето кои живеат во Медитеранскиот регион подразбира честа физичка активност и постојана подвижност.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X