fbpx

ФИБРОГЕЛ чиа пудинг – РЕЦЕПТ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Модерниот начин на живот стимулира исхрана богата со калории, а сиромашна со нутриенти. Значи, препроцесирана храна со празни калории, пред нутритивно сконцентрираната храна.

Заради овие причини, кај огромниот дел од населението се јавуваат дефицити (недостатоци) од најразлични хранливи материи, а главно тоа е од растителни влакна, витамини, минерали, здрави маснотии, есенцијални аминокиселини, антиоксиданти и омега 3 масни киселини.

Затоа, денес ќе ви предложиме еден рецепт кој перфектно се вклопува во здравиот начин на исхрана, а ги содржи речиси сите претходно наведени елементи кои често нѝ недостастуваат – Фиброгел чиа пудинг.

Тој е лесен, здрав и вкусен доручек, сосема едноставен за подготовка, а погоден е и за било кој дел од денот, како ужина или десерт.

"“Online”/

Чиа пудингот има уникатна конзистенција, односно специфична кремаста структура и претставува богат извор на протеини, растителни влакна и омега 3 масни киселини.  Додавањето на Фиброгелот само ја надополнува нутритивната вредност, но и конзистенцијата на пудингот.

Тој нема некој специфичен вкус, но затоа е погоден за збогатување со други здрави намирници по ваш вкус. Ако сакате пудингот да има сладок вкус, додадете слатки зачини како цимет, кардамом, ванила екстракт или некои здрав засладувач по вкус (мед, стевиа, јаворов сируп итн).

Засладувачите можете да ги додадете како прелив, но како предлив можете да користите и различни семиња и јаткасти плодови, како цели или мелени, но и разни овошки, топено темно чоколадо итн.

Fibro Gel

Многу повеќе за бенефитите од супер храната чиа, фиброгел растителните влакна и растителните млека, прочитајте на следните линкови:

ЧИА – семето што го освои светот

ФИБРОГЕЛ – природни растителни влакна

Глобалниот тренд наречен РАСТИТЕЛНИ млека – кои им се предностите, а кои недостатоците?


За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 4 полни кафени лажички ФИБРОГЕЛ
  • 10 супени лажици чиа семе
  • 2 чаши растително млеко по избор (на пр. бадемово, кокосово, соино…)

Додатоци:

  • 1 голема банана, исечена на кругчиња (може да користите и некое друго овошје)
  • 2 супени лажици мед или јаворов сируп (по желба) *

Начин на подготовка:

 

  • Истурете го млекото во сад и додадете ги чиа семето и фиброгелот.
  • Убаво и темелно промешајте сè додека смесата соодветно не се згусне.
  • Истурете ја смесата во 2 длабоки садчиња, шољи или тегли, покријте ги и ставете ги во фрижидер. По 10 минути повторно темелно промешајте за семето и растителните влакна добро да се распоредат низ садот и да се избегне нивно згрутчување и таложење. Потоа, покријте ги чашите и вратете во фрижидер најмалу 1-2 часа, а можете да ги оставите и преку ноќта.
  • За сервирање, одозгора додадете исечена банана или некое друго овошје по вкус, изрендајте темно чоколадо, а можете да користите и мед или јаворов сируп како засладувачи (ако растителното млеко е веќе засладено, немојте да додавате други засладувачи).

 

  • Овој рецепт прави 2 порции. Дуплирајте ги дозите доколку готвите за повеќе лица.


Нутритивна вредност:


(на 1 порција, БЕЗ додатоци и сметано со бадемово млеко)

Калории:
120 Јаглехидрати: 10g од кои растителни влакна: 13g и шеќери: 2g;  Протеини: 4g; Масти: 7.5g од кои заситени масти: 0.7g и Омега-3: 3g; Витамин К: 120µg; Бакар: 0,2mg; Железо: 3,5mg; Maгнезиум: 0.6mg; Калциум: 520mg; Калиум: 230mg;

Подготвениот пудинг може да стои во фрижидер од 5 до 7 дена. Така, можете првиот дел  веднаш да го јадете, а другиот да го оставите за наредните денови и/или да го користите како основа за различни други брзи рецепти, односно ужини.



За они на кои им се брза – чиа барови

Ако сте нестрпливи и не можете да чекате 2 часа, тогаш можете по 10-тина минути да ја искористите смесата од растително млеко, чиа и фиброгел во комбинација со путер од кикирики, кокосови трошки, суво овошје, парченца темна чоколада и одреден вид мусли (слични комбинации можете да правите и по ваш вкус).

Во поголем сад ја правите смесата, потоа ги обликувате баровите по ваша желба и ги оставате во фрижидер околу 15-тина минути.

Пробајте го и рецептот за нашиот ФИБРОГЕЛ ЛЕБ!

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X