fbpx

Хомоцистеин – Што треба да знаете за оваа аминокиселина?

tonus

Хомоцистеинот е специфичен тип аминокиселина кој се формира во организмот како бипродукт на метилацијата, нормален физиолошки процес на синтетизирање метионин (една од неопходните аминокиселини).

Кај здравите луѓе, овој метаболитички бипродукт преминува во друго безопасно соединение, па на тој начин се контролира неговото ниво. Но, кога хомоцистеинот не се метаболизира соодветно поради недостатокот на соодветни ензими, тој на еден начин се наталожува во организмот (состојба наречена хомоцистинурија). Вака зголемените нивоа на хомоцистеин, имаат слично делување како токсините. Тие преминуваат од клетките, во крвотокот и предизвикуваат процеси на хронична инфламација, што води кон создавање и раст и на нивото на повеќе други штетни метаболити, кои значително го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни, невролошки и ендокрини проблеми.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление!]

"“Online”/

 

Покачените нивоа на хомоцистеин се доста честа причина за воспаленија во артериите, па затоа високиот хомоцистеин се сретнува како еден од најзначајните ризик-фактор за развој на различни срцеви болести. Кардиоваскуларните болести се причина број еден за смртност во нашата земја, а според некои истражувања, дури 15% од сите срцеви и мозочни удари се директно поврзани токму со покачените нивоа на хомоциестин.



Причини и ризик-фактори за покачени нивоа на хомоцистеин


Причината за високите нивоа на хомоцистеин во крвта, како што веќе споменавме е неговото несоодветно метаболизирање, односно недостатокот од ензимите кои имаат улога да ја конвертираат оваа аминокиселина во неопасен метаболит. Најчесто, недостатокот од овие ензими е генетски предодреден, односно нивото ниво е намалено заради различни мутации во определените гени задолжени за нивна синтезаз. Сепак, генетиката не е и единствената причина.

Една од генетските причини се мутациите на генот наречен MTHFR. Мутациите на овој ген можат да бидат различни, па така кај некои луѓе тие водат дури и до 90% помала продукција на корисните ензими за разградување на хомоцистеинот, а кај други, намалената продукција е само 10% .

 

Покрај генетиката, причина за покачените нивоа на хомоцистеин може да биде недостатокот на определени нутриенти, како витамините од Б групата. Овде станува збор особено за витаминот Б6, витаминот Б9 и витаминот Б12.

[Поврзано: Сè што треба да знаете за витаминот Б12!]

 

Одредени истражувања покажуваат дека доволниот внес на овие микронутриенти, може значително да помогне во намалувањето на ризикот од инфламаторни срцеви заболувања, когнитивни нарушувања, депресија, преку намалувањето на хомоцистеинското ниво во крвта.

Значи, луѓето кои се во ризични групи за недостаток од споменатите витамини, имаат и зголемен ризик од високи хомоцистеински нивоа. Кои се тие ризични групи?

• Бремени жени или доилки
• Луѓе кои прекумерно користат алкохол или опијати
• Луѓето со бубрежни и заболувања на
црниот дроб
• Луѓето со дијабет, тироидни нарушувања, дигестивни заболувања, ревматоиден артритис и
хормонски дисбаланс

  • Луѓето што доста често користат диуретици, лаксативи или некакви специфични медикаменти (лекови за дијабет, антибиотици, статини, контрацептивни лекови, антидепресиви итн.)
  • Нивоата на хомоцистеинот имаат тенденција да растат со текот на годините (особено кај мажите), но и кај пушачите.

    Можни симптоми и компликации

Застапеноста и интензитетот на симптомите на покачен хомоцистеин варираат во зависност од степенот на недостаток на претоходно споменатите неопходни ензими и хранливи материи.

Од хомоциестеинурија можат да страдаат поединците од било која возраст, па дури и децата. Најраните симптоми на покачен хомоциестин кај децата можат да бидат замаглен вид (поради поместувањето на леќата) и проблеми со коските и поставеноста на телото.

Но, за жал често симптомите не се ниту видливи, посебно кај повозрасните, кои и кога ќе се појава, знаат да ги игнорираат. Хомоцистеинот сериозно го зголемува ризикот од низа чести и тешки хронични заболувања, па затоа е добро да направиме сè што е во наша моќ за да превенираме покачено ниво, да го знаеме нашиот ризик и да не ги игнорираме евенуталните симотоми.

Можни симптоми и компликации од покачен хомоциестин:

•  Силни главоболки и мигрена.

• Бледа кожа

Хроничен замор и општа слабост.

• Пецкање во екстремитетите

• Депресија, анксиозност, биполарно растројство и други ментални проблеми.

• Проблеми со поставеноста на рбетот кај децата.

• Кај оние што имаат покачен хомоцистеин заради недостаток од нутриенти – анемија, забавен раст итн.

  • Зголемен ризик од срцеви заболувања, како коронарна артериска болест, срцев и мозочен удар, висок крвен притисок, нарушен липиден статус итн. Сето ова е директно поврзано со зголемената хронична инфламација.

    • Зголемен ризик од различни облици на деменција.

 

  • Зголемен ризик од тромбоемболија (запушување на вените).

 

Тестирање

Најчестите индикации за тестирање на хомоцистеинот е дефицитот од Б витамините, особено силниот дефицит на витамини Б6, Б9 и Б12. Дополнително, тестирањето на хомоцистеинското ниво лекарите го препорачуваат и доколку пациентот има зголемен ризик од некакви кардиоваскуларни заболувања или веќе има доживеано срцев удар.

[Поврзано: Како треба да живеете ПОСЛЕ преживеан срцев удар?]

Пред крвната анализа која треба да го утврди нивото на хомоцистеин, не треба да се внесува храна и да се пијат било какви лекови најмалку 10-12 часови.

За нормално ниво на хомоцистеин во крвта се смета нивото под 13mmol/L, за умерено покачено се смета од 13 до 60mmol/L, додека екстремно покачено е нивото од 60 до 100mmol/L.

Како можете самите да си помогнете?

Видовме колку е значајно нивоата на хомоцистеин да бидат во нормални граници, но дали можеме самите да превземеме нешто што ќе превенира негово покачување?

Преку усвојувањето на она што значи правилна и здрава исхрана, можеме значително да си помогнеме во контролирањето на хомоцистеинското ниво. Тоа би значело помалку препроцесирана, повеќе свежа храна, храна богата со фибер и здрави маснотии, антиоксиданти, цинк и Б витамини, пробиотска храна, ограничување на внесот на алкохол и кофеин.

Добри извори на фолна киселина (витамин Б9): житарки, различни збогатени производи со Б9, леќа, грав и други мешунки, аспарагус итн.

Добри извори на витамин Б6: компири, банани, наут итн.

Добри извори на витамин Б12: риба, различни збогатени производи, млечни производи итн.

Преку здравата и резновидна исхрана би требало да обезбедите доволно количество од сите витамини, значајни кофактори за ензимите кои го разградуваат хомоцистеинот. Сепак, во одредени ситуации можно е да биде потребна и суплементација. Пред употребата на било какви суплементи, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

 

[Поврзано: Не постои витамин Б17. Што треба да знаете за вистинските Б витамини?]

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор