fbpx

Хронично воспаление – eдна од главните причини за заморот

tonus

Во некои од претходните статии зборувавме повеќе околу тоа што значи хронично воспаление, но и за хроничниот замор. Денес, која е улогата на хроничната инфламација во однос на заморот.

За почетокот, накратко да се потсетиме околу инфламацијата

Секој од нас некогаш во животот имал искуство со воспаление: повреда на кожата од некакво парченце метал или дрво и создавање на црвенило околу местото, исчашување на зглоб кој потоа отекува и различни модринки пропратени со затемнување на кожата на повредените области.

Овие симптоми или реакции на организмот се наречени и акутни воспаленија. Тие претставуваат начин со кој телото се заштитува себеси, преку создавање и праќање на бели крвни клетки на повреденото место, односно реакција на имуниот (заштитниот систем), за да поттикне заздравување и справување со инфекцијата на даденото место.

"“Online”/

Tипични знаци или симптоми кои укажуваат на акутно воспаление се: црвенило, топлина, oтекување и болка. Со текот на заздравувањето, тие исчезнуваат.

Но, постои друг тип на воспаление, за кое повеќето луѓе немаат ниту слушнато, а тоа е хроничното воспаление. Иако повремените (акутните) воспалителни процеси се клучни за преживување на физичките повреди и инфекциите, другиот тип на воспаление, оној хроничниот, не е процес на лекување, напротив, тој е деструктивен или уништувачки процес и претставува абнормална состојба на постојано ,,вклучен аларм”. Аларм кој укажува дека нешто не е во ред со нормалното функционирање на организмот. Ваквата абнормална состојба, според истражувањата на темата кои во последно време сè повеќе се спроведуваат, може сериозно да влијае на физичкото и менталното здравје на индивидуата.

Хроничните воспаленија се поттикнати од постојаните оксидативни оштетувања кои пак се предизвикани од молекулите наречени слободни радикали (метаболитичкиот отпад). Овие воспаленија се помеѓу главните причини за заболувањата со најголема стапка на смртност во денешницата – хроничните заболувања (дијабет, кардиоваскуларни заболувања, канцер, деменција итн.)

Повеќе на оваа тема, прочитајте тука, а околу хроничниот замор, на следниот линк: 5 причини зошто постојано се чувствувате ЗАМОРЕНО.

Инфламацијата може да предизвика замор?

Можеби звучи помалку изненадувачки, но процесите на хроничното воспаление може да се одвиваат и подолг период, а човекот воопшто да не е свесен за нивното постоење. Можеби уште поизненадувачки е тоа што овие воспаленија се еден од најчестите предизвикувачи на заморот.

Типот на воспаление кој води кон заморот најчесто се опишува како ,,тивко”, ,,хронично” или ,,системско”, заради тоа што е релативно умерено и подолг период распространето низ целото тело.
Споменавме дека за разлика од хроничното, акутното веднаш го забележуваме и нѝ е од голема корист за побрзо заздравување.

Постојат цврсти индикации дека хроничната инфламација може да води до хроничен замор


Како што претходно веќе наведовме, истражувањата ги поврзуваат процесите на хронично воспаление со повеќе сериозни болести, а податоците од поновите студии ги поврзуваат овие процеси и со хроничниот замор, депресијата и генерално со заморот. Всушност, за овие тврдења постојат навистина обемни податоци и докази, односно утврдени механизми според кои инфламацијата може да влијае на телото, мозокот, па дури и на расположението, водејќи до хронично чувство на замореност.

[Поврзано: Дерепсијата не е обична тага]

Бројни студии покажуваат дека поединците кои страдаат од хронично чувство на замор, имаат значително повишени крвни маркери за инфламалација (параметри според кои се утврдува нивото на инфламација). Воспалителни параметри, како на пример Ц-реактивниот протеин (CRP) или про-инфламаторните компоненти наречени цитокини.

[Поврзано: Што означува CRP тестот и зошто е важен за здравјето на крвните садови?]

Дополнително, кога споменатите инфламаторни параметри се нарушени, кај пациентите се можни и други непријатни симптоми, како исцрпеност, влошен физички перформанс, а често кај нив се утврдува и општо влошено здравје.

Во едно истражување утврдено било дека волонтерките (жени над 70 години) кои страдаат од хроничен замор имаат за 40% повисоки нивоа на CRP, отколку тие кои не рекле дека се чувствуваат постојано заморени.

Низа на други состојби кои се поврзани со хроничен замор, како депресија, дијабет тип 2, малигни заболувања, нарушени навики за сон, се поврзани и со повишените нивоа на CRP.


Мозочниот центар за награда и хроничниот замор


Една студија дава доста интересни резултати. Имено, истражувачите покажале еден начин на кој хроничната инфламација влијае на мозокот и нервниот систем, предизвикувајќи хроничен замор. Според нив, токму инфламацијата може да биде причинител за намалената активност во т.н. ,,центар за награда” на мозокот, познат и како базална ганглија.

Ваквите резултати биле добиени по анализите на мозокот на пациентите кои страдале од хроничен замор. Утврдено било: колку што е помала активноста на центарот за награда во мозочното ткиво, толку е поголемо нивото на замор кај пациентите.

Базалната ганглија помага во контролата на движењата и мотивазијата, а е доста чувствителна на про-инфламаторниот ефект од цитокините.

Хроничната инфламацијата, покрај тоа што води кон хроничен замор преку делувањето на мозокот и нервниот систем, таа може предизвика непријатното чувство на замореност и преку други биолошки механзими, кои го вклучуваат имунитетот, митохондриите, оксидативниот стрес, но и HPA оската (оска на стрес).

Краток заклучок

Одговорот на прашањето ,,Дали хроничната инфламација предизивкува хроничен стрес?” дефинитивно е ,,Дa”. Дури може да се каже дека ваквата инфламација е една од главните причини за хроничен замор.

Сепак, постојат добри вести.

Утврдувањето дали имате проблем со воспаление од ваков тип е доста лесно и едноставно (CRP тест).

Решението на овој проблем зависи од нас самите, односно од начинот на кој го водиме животот – животниот стил (исхрана, физичка активност, квалитетен сон, непушење и непиење, менаџирање со стресот итн).

Значи, справувањето со хроничниот замор е уште една од стотиците причини да водиме здрав начин на живот!

Многу повеќе околу тоа како да се справувате, но и да го превенирате хроничниот стрес, прочитајте на следниот линк: 4 начини како да го намалите ХРОНИЧНОТО воспаление!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор