fbpx

ЦЕЛО зрно за ЗДРАВО срце – житарките и бетаините

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Речиси секој од нас е свесен дека полнозрнестата храна е доста значаен дел од она што значи здрава исхрана. Но, сфаќањето на механизмите зошто оваа храна е толку здрава е предизвик за научниците.

Како и да е, во последно време сè поголем број студии подетално ни го објаснуваат позитивниот ефект на полнозрнестата храна врз нашето здравје. Во продолжение, ќе зборуваме токму за едно такво истражување.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна!]

"“Online”/


Редовната употреба на полнозрнеста храна е една од најдобрите работи кои можеме да ги направиме за нашето тело

 

Едно поново истражување од Универзитетот на Источна Финска, од градот Куопио, ни открива значаен дел од биохемискиот, молекуларен механизам кој стои зад здравствените корисни ефекти од полнозрнестите житарки и нивните произоводи.

Истражувачите од студијата велат дека претходните истражувања на тема полнозрнести житарки, ни даваа извонредни податоци, според кои можеме слободно да заклучиме дека редовното консумирање полнозрнеста храна е една од најдобрите работи кои можеме да ги направиме за нашето тело. На пример, редовното исхрана со овие производи, значително го намалува ризикот од два типа на исклучително чести здравствени нарушувања, како дијабетот тип 2 и различните срцеви заболувања.

Сепак, ваквите истражувања не ни го даваа биохемискиот механизам кој стои зад бенефитите. Токму тоа го прави студијата од Финска.

Нешто повеќе околу истражувањето

За потребите на студијата, волонтерите имале исхрана посебно богата со полнозрнести продукти во текот на 12 недели (околу 3 месеци). Потоа биле спроведени т.н. метаболомички анализи, односно анализирани биле одредени метаболити, поврзани со консумирањето на поголемите количества од споменатата храна. Метаболитите претставуваат производите формирани при различните метаболитички процеси на организмот.

Подоцна биле спроведени и други лабораториски анализи, поврзани со миокардните или срцеви клетки.

[Поврзано: Сè што треба да знаете за вашиот МЕТАБОЛИЗАМ]

Одлична храна за лицата со дијабет, но и за превенција од ова заболување

Истражувачите посебно биле заинтересирани околу една група на соединенија или метаболити, наречени бетаини. Токму тие биле првите ,,осомничени” за позитивниот ефект од полнозрнестите житарки. Редовното јадење полнозрнеста храна е доста важно за нивото на бетаини во организмот.

Иако не сите бетаински компоненти имале иста улога, утврдена била силна корелација помеѓу покачените нивоа на бетаини и подобрениот глукозен метаболизам.

На пример, за една конкретна бетаинска компонента, наречена пипехолична киселина, утврдено било дека значително ги намалува нивоата на глукоза веднаш по оброците. Овие факти се од извонредно значаење за лицата со дијабет и оние кои имаат повеќе различни ризик-фактори за развивање на ова доста често заболување на модерното време.

 

Полнозрнеста храна за здраво срце!

 

Во вториот дел од истражувањето, тимот истражувачи на тест поставил и други бетаински компоненти. Испитуван бил ефектот на овие компоненти на клеточни култури, во лабораториски услови.

Поконкретно, испитувана била бетаинската компонента наречена 5-AVAB, која има својство да се акумулира во поактивните ткива, како срцевото. Утврдено било дека 5-AVAB делува на намалување на употребата на масните киселини како извор на енергија од страна на срцевите клетки. Тоа го прави преку инхибирање, односно попрачување на работата на одредени протеини во мембраните на миокардните клетки.

Ова е доста интересно откритие, бидејќи некои медикаменти за срце имаат сличен механизам на делување.

Краток заклучок

Од тимот истражувачи велат дека овие откритија се лабораториски и се само почеток. Потребни се понатамошни подетални анализи и испитнувања, но добиените податоци даваат сосема солидна насока или правец во кој треба да се истражува. Особено е значајно да се разгледа и механизмот на самото формирање на бетаинските компоненти од страна на корисната цревна микрофлора.

Утврдувањето на точните метаболитичките патишта и нивните меѓусебни интеракции е посебно предизвикувачки за научниците, па затоа ќе треба и повеќе време додека да се добие јасната слика за самото формирање на бетаинските компонетни, но и нивниот импакт на различните ткива и органи.

До тогаш, јасно е што треба да правиме: Заменување на рафинираните производи со полнозрнеста житарки и што е можно повеќе разновидна полнозрнеста храна.

 

Извор:

Fibro Gel

,,Diets rich in whole grains increase betainized compounds associated with glucose metabolism”, The American Journal of Clinical Nutrition, November 2018

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X