fbpx

Црниот дроб има над 500 витални функции – како да му помогнеме?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Во последно време во јавноста сè поактуелни се термините детоксификација на организмот, особено детоксификација на црниот дроб. Што значат тие и дали имаат некаква научна поткрепа?

Црниот дроб има повеќе од 500 витални функции, а помеѓу најзначаните е филтрационата

Нашиот црн дроб претставува наш филтрационен систем. Тоа е всушност систем кој ги претвора потенцијално внесените токсини во помалку опасен, отпаден материјал, прочистувајќи ја крвта и метаболизирајќи ги хранливите материи и внесените лекови. Исто така го обезбедува телото со повеќето многу важни протеини. Како еден од најзначајните делови од регулаторниот систем на телото, приоритет е црниот дроб да се одржи здрав.

Магични производи за детоксификација

Во последниве години пазарот го преплавија продукти кои ветуваат детоксификација и чистење на вашиот црн дроб. Ваквите продукти ветуваат чистење на црниот дроб од викенд полн со алкохол и масна храна, помош во одржување на неговите витални функции, па се до обновување на неговите оштетени ткива.

"“Online”/

Дали е сето ова можно или е само мит? Во продолжение ќе ги видиме најчестите 5 митови кои се поврзани со црниот дроб

Мит број 1: Т.н. прочистувачи на црниот дроб се важни за одржување на секојдневните функции на црниот дроб и се особено корисни после денови кога претеруваме со алкохолот и храната

Ваквите продукти се најчесто на ,,природна база” и не мораат да бидат регулирани од здравствените власти, што значи дека нивното дејство не мора да биде соодветно докажано.

Иако одредени компоненти кои се наоѓаат во овие производи, имаат некакви утврдени позитивни ефекти на здравјето на црниот дроб(на пример трново млеко ја намалува инфламацијата на црниот дроб, екстрактот од куркума штити од оштетувања инт), сепак не постојат адекватни клинички испитувања кои би препознале соодветни корисни дејства и би препорачале секојдневна употреба на овие продукти за превенција, а уште помалку за лекување на некакви заболувања.

Fibro Gel

Не постои научна поткрепа во тврдењето дека овие производи помагаат во подобрување на работата во деновите после претераната консумација на алкохол и храна. Најдобрата превенција од овие проблеми е да не се прејадуваме и претеруваме со алкохолот.

Мит број 2: Прочистувачите на црниот дроб се безбедни и здрави за губење на вишокот телесна тежина

Повеќе т.н. прочистувачи на црниот дроб се рекламираат и продаваат и како средства за намалување на телесната тежина. Зад ваквите ефекти не стои науката. Дури напротив, некои компоненти кои можат да се сретнат кај овие прочистувачи можат да водат кон одредени оштетувања на црниот дроб, затоа треба да се биде посебно внимателен што се внесува, особено на секојдневна база.

Мит број 3: Прочистувачите на црниот дроб можат да ги поправат веќе предизвиканите оштетувања на црниот дроб

Експертите хепатолози велат дека е многу важно да се запамети дека т.н. прочистувачи на црниот дроб немаат докажано дејство, особено не за лекување на веќе постоечки заболувања на дробот. Наспроти тоа, медицината базирана на докази пронашла начини за спречување и третман на одредени заболувања како на пример:

• Хепатитис А и Б: Вакцината може да биде решение доколку имате нарушен имунитет или имате друго нарушување на црниот дроб. Доста ефективни орални медикаменти се исто така достапни за пациентите со хронична хепатит Б инфекција.

• Заболувања на црниот дроб поврзани со алкохолизмот: Во ваква состојба секоја количина на алкохол може да биде многу штетна и затоа треба целосно да се исфрли алкохолот. Самиот црн дроб има неверојатна способност самиот да се регенерира и да ги излекува одредени свои оштетени ткива.

• Хепатитис Ц: Ефективни орални медикаменти постојат и за ова заболување.

• Замастен црн дроб, неповрзано со алкохлот: Најдобриот третман за ова заболување е менувањето на животните навики и губењето на телесна тежина. На тој начин маснотиите од црниот дроб би се намалиле, а со тоа и инфламацијата која тие му ја предизвикуваат.

Мит број 4: Гојазноста не го зголемува ризикот од развивање на заболувања на црниот дроб

Гојазноста значително го зголемува ризикот од развој на замастен црн дроб. Ваквата состојба предизвикува хронично воспаление на ткивата на овој орган, што во крајна линија може да води кон развој на фиброза или цироза. Хепатолозите се загрижени поради пандемскиот тренд на гојазноста, па велат дека со ова темпо на развој на настаните, замастениот црн дроб кој не е поврзан со алкохолизмот, за брзо време ќе ја надмине во бројност заболеноста од широко распространетиот хепатит Ц. Тоа би ја зголемило потребата од трансплантација на црн дроб во наредните 30 години.

За среќа, постои начин за оваа состојба да не ескалира. Тоа е промената во начинот на живот и создавање на навики за здрав, правилен начин на исхрана. Исто така, за заболувањата на црниот дроб се важни физичката активност и особено, избегнувањето на алкохолот. За промените кои сакате да ги направите, а веќе имате одредена дијагностицирана состојба на црниот дроб, најдобро е прво да се консултирате со лекар.

Мит број 5: Немоќни сме да се заштитиме од заболувања на црниот дроб

Наспроти митовите, постојат повеќе едноставни ,,превентивни мерки” кои можете да ги превземете, во целта да го заштитите црниот дроб од повеќе заболувања. Хепатолозите препорачуваат:

• Не пијте прекумерни количини алкохол – не повеќе од 3 пијалоци на ден, кај жените 2. Ова би можело да биде сосема солидна превенција од развивање на заболувања на црниот дроб поврзани со алкохолот

• Внимавајте на телесната тежина – одржувајте го вашиот БМИ во нормален опсег(18-25) со примена на здрава исхрана и редовно вежбање. Тоа е одличен начин за намалување на ризикот од развој на замастен црн дроб.

• Бидете свесни за постапките кои носат ризик – за избегнување на виралните инфекции на хепарот, немајте незаштитен секс со повеќе партнери

• Бидете свесни за вашиот ризик фактор – ако имате некаков ризик фактор за развој на заболување на црниот дроб (прекумерна телесна тежина, прекумерна употреба на алкохол, правете чести прегледи.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X