fbpx

ЧАМПОРАДО – чоколаден ориз! РЕЦЕПТ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сакате едноставен, брз, лесен, а во исто време и здрав рецепт за десерт? Екстра вкусното мексиканско Чампорадо е вистинскиот избор за вас. Особено децата го обожуваат!

Иако рецептот доста наликува на нашиот познат ,,сутлијаш”, сепак се работи за уникатен рецепт типичен за Средна Америка.

Базата за овој рецепт се особено здравите намирници: интегрален ориз, какао и темно чоколадо!

"“Online”/

Нивната комбинација прави екстра вкусен, но и особено хранлив оброк, кој пред сè е богат со одлични количества растителни влакна, важни минерали, кои често се во дефицит помеѓу населението, како железо магнезиум, селен, бакар, манган, повеќе витамини, како оние од Б групата итн.

Кога зборуваме за какаото и неговите производи, како темното чоколадо (со над 70% какао маса), неизбежно е да се напомене дека тие претставуваат еден од најбогатите антиоксидативни извори на природата. Имено, истражувањата откриваат повеќе полифенолни и флавоноидни антиоксиданти во споредба со повеќето овошки кои важат за исклучително богати извори на антиоксидативни компоненти – како бобестите овошки на пример.

Според ваквиот состав, редовната исхрана богата со споменатите намирници, ни овозможува импресивни здравствени бенефити, помеѓу кои и: превенција од гојаност, срцеви заболувања и повеќето хронични заболувања, контролирање на крвниот шеќер, подобро здравје на мозокот итн.

Fibro Gel

Кој вели дека здравата храна не е и вкусна?

[Поврзано: Важни разлики помеѓу белиот и интегралниот ОРИЗ!
8 причини да уживате во КАКАОТО!
Кога чоколадото е ЗДРАВА храна]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

• 150g претходно измиен и исчистен интегрален ориз
• 2 лажички какао прав
• едно темно чоколадо (100g), со 70-85% какао маса
• 2 лажици мед/агаве сируп/јаворов сируп
• 250ml растително млеко (најдобро од соја ванила)
• малку мускатно оревче и цимет
• околу 3 шолји вода
• бел соја сос за декорација (по желба)

Начин на подготовка:

1. Ставете малку подлабок сад за готвење на загреана рингла и додадете ја водата. Загревајте до вриење, па додадете го оризот. Од време на време добро промешаувајте за да не се залепи и да не загори оризот!

2. Кога содржината добро ќе се згусне, односно оризот добро ќе впие од водата, додадете ги 2-те лажички какао прав, морското оревче и циметот, па добро промешајте.

3. Потоа, додадете половина од млекото и некој од предложените засладувачи. Добро промешајте.

4. Следно за додавање е чоколадото. Додадете го на поголеми скршени парченца, па добро мешајте додека целосно не се стопи и не се создаде убава масна текстура. Потоа, додадете ја втората половина од растителното млеко. (Додадете малку екстракт од ванила, по желба) Мешајте додека оризот не се свари по ваша желба и содржината не се згусне соодветно.

5. Сервирајте со рендано темно чоколадо, некакви вкусни јатки, цимет и малку бел соја сос/хопла.

– Овој рецепт прави 3-4 порции
– Интегралниот ориз може да земе малку повеќе време за готвење од белиот.
– Чампорадото можете да го јадете топло или пак да го чувате во фрижидер до неколку денови.

Нутритивен состав:
(на 1 порција)

Fibro Gel

Калории: 285 Јаглехидрати: 38g од кои растителни влакна: 4,5g и шеќери: 12,5g;  Протеини: 6g; Масти: 12g oд кои заситени масти: 6,5g; Витамин B3: 2,2mg; Витамин Б5: 0,5mg; Фолна киселина: 11µg; Холин: 11mg; Железо: 3,6mg; Манган: 1,25mg; Калиум: 260mg; Селен: 7µg; Бакар: 0,55mg; Магнезиум: 90mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X