fbpx

Чај за здраво срце!

tonus

,,Јадете јаболко секој ден и доктор нема да ви биде потребен!” е добро позната поговорка, но дали истата може да се примени и за чајот?

Според едно истражување објавено на почетокот на годинава, поговорката е применлива и за пиењето чај!

Студијата е објавена во јануари месец годинава, во списанието European Journal of Preventive Cardiology и вели дека пиењето чај 3 или повеќе пати во неделаа, може да го подобри кардиоваскуларното здравје и да го продолжи животниот век.

"“Online”/

Нешто повеќе околу студијата

Истражувањето било спроведено во Кина (земја со особено развиена традиција за пиење чај), a учество земале над 100 илјади испитаници кои претходно немале искуства со потешки кардиоваскуларни проблеми.

Испитаниците биле поделени на 2 групи – оние кои пијат чај 3 или повеќе пати неделно и оние кои не пиеле чај (или пиеле помалку од 3 пати неделно).

По повеќе од 7 години анализирање, донесен бил заклучок дека тие што често пиеле чај, имале поголема веројатност да останат здрави во подолг временски период. Исто така, кај оние со навика за пиење чај бил утврден 20% помал ризик од развивање на срцеви заболувања, вклучително и мозочен удар, 22% помал ризик од смртен исход од срцеви заболувања и мозочен удар и 15% помала општа смртност.

Спроведено било и дополнително истражувања на истата тема со над 14 илјади испитаници, а резултатите биле слични. Утврден бил дури до 60% помал ризик од  смртен исход од кардиоваскуларно заболувања кај оние кои имале навика за пиење чај.

Сепак, важно е да се спомене дека оваа студија не нуди силна причинско-последична врска за добиените резултати, туку покажува одредена позитивна релација (поврзаност) помеѓу редовното пиење чај и намалениот ризик од срцеви заболувања и нивниот позитивен исход.

Кои се можните причини за ваквата позитивна релација?

Експертите сметаат дека ваквите резултати е можно да се должат, пред сè, на богатиот антиоксидативен состав на најчесто пиените чаеви во Кина – зелениот и црниот.

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Кај споменатите чаеви се работи за моќните антиоксиданти, наречени полифеноли.

Полифенолите се растителни органски компоненти, особено застапени кај цветните растенија. Од фенолниот дел на полифенолите, доаѓаат вкусовите и аромите на конкретната билка.

Повеќе научни трудови ги поврзуваат антиоксидантите, а особено полифенолните со подобреното кардиоваскуларно здравје. Бенефитите на овие компоненти вклучуваат подобрена функција на крвните садови, подобра дилатација (ширење на крвните садови) и помало згрчување или стегање.

Дополнително, овие компоненти можат да помогнат во зголемувањето на нивото на добриот HDL холестерол, да го оптимизираат згрутчувањето на крвта, но значително да ја намалат и инфламацијата во организмот.

Сето ова допринесува овие хемикалии да имаат исклучително корисен ефект за кардиоваскуларното здравје.

[Поврзано: Зависно од вашата возраст – што треба да правите за здраво срце?]

За жал, полифенолните компоненти не можат долго да се задржат во организмот, па тоа е и логичната причина зошто нивниот бенефит е значително подобар кај оние кои редовно ги внесуваат преку пиењето чај (секако, тие можат да бидат внесени и преку јадењето на различни свежи овошки и зеленчуци).

Зелениот чај веројатно има подобар ефект

Подобриот ефект се должи на тоа што црниот чај се добива со негова ферментација, што го намалува полифенолното количество. Дополнително, црниот чај се служи често со кравјо млеко.

Исто така, заклучоците од студијата главно се однесуваат на зелениот чај, бидејќи под 10% од оние кои имале навика за пиење чај (во истражувањето), пиеле црн чај.

Причини плус да редовно да пиете чај (било кој тип):

◦ Антивоспалително дејство – борба со слободните радикални, но некои студии велат дека чаевите можат да не зашитат и токсините на загадениот воздух.

◦ Олеснувачко дејство при повеќе дигестивни нарушувања


◦ Помала содржина на кофеин од кафето – значи добра замена за кафе кај оние што имаат проблем со кофеинот.


◦ Намален ризик од кардиоваскуларни заболувања


◦ Можат да помогнат при намалувањето на телесната тежина – близу до 0 калории, а стимулираат ситост (полн стомак)


◦ Заштитно дејство во однос на коските – витамин К


◦ Имуностимулирачко дејство и антиканцерогено дејство

Прочитајте и:

7 причини зошто да пиете чај и во лето!

Ритуали за релаксација! – чајот е еден таков ритуал


Извор
:

https://journals.sagepub.com/doi/full/10.1177/2047487319894685

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор