fbpx

Чипсот не е, но КОМПИРОТ е ЗДРАВА храна!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Koмпирот е една од најчесто употребуваните намирници во нашата традиционална кујна. Во секој дом, најмалку неколку пати неделно има оброци кои вклучуваат компир, дали е тоа печен, варен, компир-манџа, супа или пак пире од компири. Кај помладите пак, почеста е навиката за консумирање на компирот во пржена варијанта, а уште позастапени се чипсовите како грицки. Овие продукти кои можат да бидат штетни по нашето здравје.

Компирот е всушност јадливиот корен на билката Solanum tuberosum која потекнува од Јужна Америка, поточно планините Анди. По откривањето на континентот, тој би пренесен и во Европа. Денес се одгледува во повеќе од 160 земји во светот и постои во скоро 2000 различни варијанти, бои, големини и нутритивен состав. Сепак, во однос на нутритивната вредност, различните типови компир не се разликуваат премногу.

Нутритивниот состав на овој зеленчук е особено корисен и здрав и затоа компирот треба често да се консумира. Но, како што рековме, постојат и варијанти кои треба максимално да ги избегнуваме.

"“Online”/

Во продолжение, кои се корисните дејства и зошто чипсот и помфритот се штетни.

Богат нутритивен состав

Еден компир со просечна големина, односно 170g, вклучително со лушпата содржи:

• 168kcal
• 5g протеини
• 37 jaглехидрати
• 4g растителни влакна
• 24mg натриум
• 37% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин С
• 31% од ДПВ за витамин В6
27% од ДПВ за калиум
• 20% од ДПВ за манган
• 12% од ДПВ за магнезиум
• 12% од ДПВ за ниацин
• 12% од ДПВ за витамин В9

Fibro Gel

Составот не варира значително во однос на различните видови, но на пример црвениот компир има помалку јаглехидрати и растителни влакна од обичниот, но има многу повеќе ниацин и витамин К, од друга страна.

Начинот на приготвување, исто така влијае на нутритивниот состав на компирите. Имајќи предвид дека поголемиот дел од растителните влакна и минерали се наоѓаат во лушпата, лупењето на компирите го намалува процентот на овие нутриенти. Пржењето на компирите значително ја зголемува калориската вредност поради впиеното масло од компирите, но се создаваат и компоненти кои можат да бидат штетни за здравјето.

Бенефитите од сите овие микронутриенти се бројни. Дополнително, компирите се природно безглутенска храна, што е значајно за луѓето со целијакија.

Компирите содржат антиоксиданти

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога играат антиоксидантите.

Спречувањето на оксидативниот стрес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите хронични заболувања како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер итн.

Компирите се добар извор на антиоксиданти, вклучително и некои специфични типови како што се флавоноидите, каротеноидите и феноличната киселина. Студиите покажуваат дека обоените компири имаат уште подобар антиоксидативен ефект од обичните.

Растителни влакна, недигестибилен скроб и регулирање на шеќерот во крвта

Недигестибилниот скроб е тип на скроб кој не може да биде дигестиран во тенкото црево. Наместо ова, тој само минува низ него во дебелото црево каде што ја храни корисната цревна микрофлора.

Цревната микрофлора потоа ваквиот скроб го претвора во кратко-верижни масни киселини, најчесто битрат. Научните студии покажуваат дека ваквиот скроб може да го намали хроничното воспаление во дебелото црево и да го намали ризикот од канцер на дебело црево.

Компирот содржи поголем процент на ваков скроб, а варениот, па потоа изладен компир, содржи поголеми количини од него. Недигестибилниот скроб според повеќе студии покажува својства на регулирање на шеќерот во крвта, зголемување на инсулинската сензивиност, а промовира и чувство на ситост.

Правилната подготовка на компирите, односно термичкиот третман, овозможува неутрализирање на антинутриентите и уништување на потенцијално присутните бактерии. Антинутриентите може да предизвикаат попречување на правилната апсорпција на некои хранливи компоненти на компирот, но и на остатата консумирана храна.

Создава ситост

Компирите промовираат чувство на ситост и во комбинација со растителните влакна и недигестибилниот скроб, можат да придонесат во регулирањето на телесната тежина

Компирите се познати по тоа што се една од храните која овозможува најдобро чувство на ситост по консумирањето.

Една студија која се занимавала со оваа тематика, дава интересни податоци. Имено, истражувачите по испитувањето на повеќе прехранбени продукти, заклучиле дека варениот компир има најдобар резултат во заситувањето, за 7 пати поголем од оној на кроасанот, кој имал најслаб резултат.

Растителните влакна и недигестибилниот скроб исто така, значајно придонесуваат за ова својство на компирите.

Можни ли се негативни последици од консумирањето на компири?

Испитувањето на составот на компирите покажува дека тие содржат компоненти наречени гликоалкалоиди кои можат да бидат токсични, ако се внесат во поголеми количества. Сепак, чувањето на компирите на пониски температури и подалеку од светлина, може да го одржи нивото на нивните гликоалкалоиди многу ниско. Значи јадењето на компирите во умерени количини е особено здраво за организмот.

Кога компирите не се воопшто здрави?

Доколку ги приготвуваме со пржењето, настануваат три главни проблеми:

Првиот е значителното количество на маснотија која ја впива компирот и со тоа ја зголемува значително калориската вредност. Треба да се има предвид дека калориската вредност се зголемува од маснотии. Исто важно да се напомене е дека во зависност од медиумот за пржење, односно маслото кое се употребува, штетноста може да варира, но секако е присутна. Потоа, многу често во ланците за брза храна, компирите се пржат во масло кое е многу пати веќе употребувано и е значително оштетено. Ваквото масло може да биде навистина штетно за организмот.

Второ, при процесот на пржење, во компирите се формираат повеќе т.н. Милардови продукти, односно хемиски кажано аминокиселини кои се спојуваат со шеќерот и градат соединенија кои можат да бидат особено штетни. Еден од најистражуваните, а воедно и најштетните е акриламидот. Постојат низа на научни студии кои ја поврзуваат оваа компонента со зголемениот ризик од развој на некои типови на канцер.

Трето, помфритот скоро по правило оди со екстремно високи количества на сол и преливи на база на мајонез и кечап кои се многу штетни.

Имајќи предвид дека и чипсот е во основа пржен компир и кај него важат истите проблеми. Дополнително, чипсот има уште помала нутритивна вредност, а уште поголема концентрација на масностии. Некои студии укажуваат дека тој создава зависност, не само поради големата содржина на сол и маснотии, туку и поради неговата крцкавост која делува стимулирачки за мозокот.

Значи, накратко пржените компири и чипсот содржат штетни компоненти и голем процент на сол. Дополнително, високата содржина на маснотии може да предизвика на подолг рок гојазност. Ова е особено значајно кај децата, мора да се изнајде начин да им се прекине ваквата навика.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X