fbpx

Чудесната билка од Медитеранот – ЛАВАНДА и нејзините лековити својства

tonus

Лавандата е род на цветни растенија кој опфаќа околу 50 видови, а спаѓа во семејството Lamiaceae.

Типична медитеранска билка, но се одгледува и на повеќе места во Северна Америка, Азија и источна Африка.

Лавандата е уникатно растение со прекрасна и интензивна виолетова боја, интензивен пријатен мирис, а има и одлични вкусови и некои лековити карактеристики.

"“Online”/

Така, различните видови се користат како украсно цвеќе, во фармаколошката индустрија (најчесто за разни креми, ароматизирачки производи, парфеми), се користат и како чаеви, во форма на зачини, а од цветовите на лавандата, преку посебни процеси на дестилација се извлекува и есенцијално масло(не се користи за исхрана!).

Импресивен состав

Маслото содржи богат и комплексен микс на моќни антивоспалителни и антиоксидативни агенси, највеќе линалолот и линаил ацетатот. Но, присутни се и гераниол, еукалиптол, цинеол, борнеол, камфор, терпинеол, кумарин итн. Бенефитите од лавандата се должат на овие компоненти.

Француското масло од лаванда се смета за најквалитетно. Вреди да се спомене и дека цветовите на лавандата се особено богати со нектар, па пчелите со нивна помош прават висококвлитетен мед, кој важи за премиум производ.

Научните истражувања на оваа популарна билка ни даваат податоци кои покажуваат одредени импресивни дејства врз организмот. Во продолжение, нешто повеќе околу нив и најчестите начини на употреби на лаванда.

1) Поздрава кожа и коса

Можеби најчестата примена на лавандата е во однос на здравјето на кожата. Нанесувањето масло од лаванда на кожата, може да помогне во третирањето на заболувањето наречено алопеција аерата, што предизвикува кружно опаѓање на косата кај пациентите.

Една студија покажува дека нанесувањето на маслото од лаванда (во комбинација со масла од уште неколку билки, помеѓу кои рузмарин и мајчина душица) на местата каде е опадната косата, доведува до значително згустување на косата, за околу половина година. Сепак, сé уште не е целосно утврдено кое масло имало најголема улога во ова дејство.

Маслото од лаванда се покажало како успешно и во справувањето со некои други кожни заболувања и состојби, како што се акните, изгорениците од сонце, иритациите од пелените кај бебињата, но и дерматитис. Најдобро дејство покажала кремата која е комбинација од лаванда и камилица.

Ваквиот ефекет на есенцијалното масло од лаванда се должи на високата содржина на силни антивоспалителни и антибактериски компоненти во него.

Дополнително, поради антивоспалителните и антибактериски својства, маслото од лаванда е од особена помош и за побрзо заздравување на раните на кожата, намалување на болките и различните иритации од нив.

Особена корист на маслото од лаванда е утврдено и при различните кожни инфекции (габични и бактериски).


2) Подобар сон

Во минатото, лавандата се препорачувала за луѓето кои страдаат од несоница и проблеми со спиењето. Денес, повеќе истражувања го докажуваат смирувачкиот ефект на лавандата кој придонесува за подобар сон.

Правените истражувања покажуваат ваков ефект од инхалирањето на пријатниот мирис на лаванда, но можно е и чајот да има слични својства. Комбинирањето на масло од лаванда со магнезиумово и масло од камилица, е добар избор за подобар сон.


3) Корисна билка за подобрување на нарушувањата во расположението


Лавандата низ историјата често се употребувала и за ароматерапија.

Студиите покажуваат дека некои од компонентите на оваа билка имаат моќно стимулирачко дејство на одредени делови од мозокот и влијаат на пренесувањето на мозочните импулси, на начин кој предизвикува смирувачки ефект. Освен при спиењето, ваквиот ефект е корисен и за луѓето со депресија, анксиозност и хроничен замор.

Една студија од Тајван покажала дека волонтерите кои пиеле една чаша чај од лаванда и уживале во мирисот, во текот на 2 недели, имале намалување на заморот, а оние со депресија, намалување на симптомите.

4) Менструални болки

Болките во долниот дел на стомакот во менструалниот период се многу чест проблем за голем дел од женската популација.

Одредени студии покажуваат ефективност на лавандата во намалувањето на овие болки.

Студија правена на 200 помлади жени во Иран, вели дека мирисот од есенцијалното масло на лавандата, 30 минути дневно, може да помогне за намалување на менструалните болки.


5) Намалување на главоболките

Есенцијалното масло од лаванда е едно од најдобрите кога станува збор за главоболки. Според повеќе студии, кај луѓето кои страдаат од мигрена, маслото од лаванда делува значително на намалувањето на болките, односно маслото поседува одредено седативно дејство.

За уште подобро дејство, се препорачува комбинацијата од масло од нане и лаванда.


Состојби и заболувања за кои алтернативната медицина ја употребува лавандата, а не постојат докази дека може да биде од помош:

• запек
• гадење и повраќање
• висок крвен притисок
• деменција
• болки предизивкани од малигни заболувања
• инфекции на ушите
• вошки

Доколку имате намера константно да користите лаванда, како суплемент или масло, консултирајте се со вашиот лекар, особено ако имате некаква здравствена состојба, или користите одредени медикаменти.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор