fbpx

Чудото на природата наречено „допир”!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Родителската прегратка и контактот со кожата помеѓу родителот и бебето значително го ублажува ,,одговорот” на бебешкиот мозок при болните медицински третмани, како примањето инjекции на пример.

Ова се вели во едно ново истражување објавено во European Journal of Pain, спроведено од истражувачите на UCL и Јорк Универзитетот од Канада.

Долгогодишното искуство на клиниките и родителите исто така укажува на важноста на родителската прегратка, но сега за овие тврдења веќе имаме и силна научна или неврофизиолошка основа, што е доста возбудливо откритие.

"“Online”/

Контактот кожа со кожа е од исклучителна важност

Истражувачите од споменатата студија заклучуваат дека мозокот на новороденчињата покажува значително поголема активност предизвикана од болки кога родителот ги држи во прегратка, но со облека. Кога облеката е редуцирана и овозможен е подобар контакт кожа со кожа, забележана е намалена активност на мозокот при болки.

При ваквиот контакт, утврдено е дека процесирањето на болката од страна на мозокот е на некој начин нарушено. Дополнително, мозокот на бебињата ја ,,искусува” болката  според сосема различен механизам.

Др. Лоренцо Фабрици од UCL, вели дека иако не биле во можност да утврдат со сигурност дали навистина бебето чувствува помал интензитет на болки, нивните резултати дефинитивно ја потврдуваат важноста на родителскиот допир за бебињата.

Други студии утврдуваат дека контактот кожа со кожа значително влијае и на тоа како се однесуваат бебињата општо и при болки ситуации, но тие не го испитувале одговорот на мозокот при болки.


Нешто повеќе околу истражувањето


Студијата следела 27 бебиња, со возраст помеѓу 1-100 денови, помеѓу кои и неколку бебиња родени предвремено. Истражувачите го мереле одговорот на новороденчињата на болките предизвикани од рутинските клинички тестови (земање крв). Активноста на мозокот била следена со помош на EEG (електроенцефалографија).

При споменатите тестирања, бебињата биле во прегратката на мајката која овозможувала контакт кожа со кожа (првата група) или пак со облека (втората група).

Утврдено било дека на почетокот одговорот на мозокот на болката бил ист, но понатамошните мозочни бранови (активноста на мозокот) зависеле од тоа дали бебето има контакт кожа со кожа со мајката или е облечено.

Според истражувачите ова е потврда дека допирот од родителот значително влијае на тоа како мозокот ја процесира болката. Болката е можеби иста, но како мозокот ја процесира и реагира на неа, зависи од контактот со родителот.

Според професор Ребека Ридел од Јорк Универзитетот, нивното откритие уште еднаш ја нотира важноста на допирот за понатамошниот развој на бебињата.

Однесувањата на бебињата од двете групи (оние кои имале контакт кожа со кожа и оние кои биле облечени) при превземањето на третманите не се разликувале значително, иако првата група имала нешто постабилен пулс и помалку експресии на лицето.

Развојот на бебињата е силно зависен од контактот со мајката

Како што веќе претходно споменавме, покрај тоа што активноста на мозокот при болки била намалена, при допир кожа со кожа таа ,,следи сосема друг невронски пат во однос на вообичаено.

Мозокот на новороденчињата, особено на оние кои се предвремено родени има висок степен на пластичност (подложност на промени) и неговиот развој е силно зависен од интеракциите со мајката. Заклучоците од оваа студија можат да придонесат во откривањето на тоа како бебињата ги процесираат заканите од околината и каква улога во овој процес игра родителот.

Извор:

Fibro Gel

https://neurosciencenews.com/
“The impact of parental contact upon cortical noxious‐related activity in human neonates” by Laura Jones, Maria Pureza Laudiano‐Dray, Kimberley Whitehead, Judith Meek, Maria Fitzgerald, Lorenzo Fabrizi, Rebecca Pillai Riddell. European Journal of Pain.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X